петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: превенција | 76 резултати

Полицискиот час нема да се укине, по шопинг и во кладилница со маска и во ограничен број

12 мај 2020

Комисијата за заразни болести ќе испрати предлог до Владата за олабавување на мерките и да се овозможи ставање во функција најпрво на центрите за едукација, испитните центри, спортските обложувалници и затворените трговски центри, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овие дејности би функционирале во часовите во кои е дозволено движење на населението. Засега […]

Спасовски: Очекував верските заедници повеќе да се грижат за животот и здравјето на граѓаните

8 мај 2020

Со верските заедници имавме добра комуникација и сите заедно разговаравме колкава е важноста на здравјето и животот на граѓаните и дека тоа нема поголем приоритет. Од тоа нема поединечен интерес, на одредена група, на верска заедница, политичка партија. Со овие зборови техничкиот премиерот Оливер Спасовски денеска го коментираше вчерашното собирање на стружани на литијата по […]

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

8 мај 2020

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. […]

Прилеп доби 200 скафандери од кинескиот збратимен град Дејанг

28 април 2020

Околу 200 заштитни униформи денеска доби Општина Прилеп, од збратимениот град Дејанг од провинцијата Си Чуан, Народна Република Кина. Оваа донација ќе биде реална помош за општината во справување со пандемијата од Ковид-19. – Во писмото кое градоначалникот на Дејанг, Хе Ли, го испрати до својот колега, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, се истакнува поддршката […]

Од мај ќе летаме со авион по нови правила поради корона вирусот

24 април 2020

Европската комисија во мај ќе го претстави пакетот на нови правила за летање откако ќе бидат укинати вонредните мерки. Европската комесарка за транспорт Адина Валеан соопшти дека мерките ќе вклучуваат социјално дистанцирање меѓу патниците на аеродромите и во самите авиони. Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од […]

По 30 април, 20 евра казна за неносење маска на јавни места од затворен тип (инфографик)

23 април 2020

Сите граѓани и компании што нема да ја почитуваат владината уредба за задолжително носење лична заштита на јавни места од 30 април ризикуваат да добијат парични казни. Оние кои нема да ги почитуваат мерките за покривање на носот и устата ќе бидат казнети со парична казна во износ од 20 евра. Оние компании кои нема […]

Во Прилеп од денеска строги мерки и седум новозаболени од корона вирусот

22 април 2020

Нови седум заболени од корона вирусот во Прилеп. Евидентирани се и првите два случаја на новозаболени во двете соседни рурални општини, и тоа во Долнени (с. Заполжани) и Кривогаштани (с. Боротино). Во Прилеп досега вкупно 124 лица заболеле од Ковид-19. На инфективното одделение во градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 19 граѓани, од нив двајца […]

Одржувањето на имунизацијата кај граѓаните е од витално значење за време на пандемијата

21 април 2020

Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ во заедничко соопштение потенцираат дека националните програми за рутинска имунизација на населението се посуштински од кога било досега. Токму итната потреба од вакцина против Ковид-19 ја потенцира клучната улога на имунизацијата на граѓаните во заштитата на животот и економијата. Од СЗО и УНИЦЕФ ги потсетуваат владите низ целиот регион […]

Папучи како инсталација поставени на плоштад „Македонија“ (галерија)

15 април 2020

Инсталација на папучи изработени во рамки на уметничката акција „Седете дома” е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Неколку автори работеа етапно и одвоено на инсталацијата, која е поставена за да им порачаат на граѓаните дека периодов треба да останат дома. – Уметничката акција „Седете дома“ е наменета да им помогне на граѓаните да истраат […]

Уред за зрачна дезинфекција промовираа двајца иноватори од Свети Николе

14 април 2020

Економист и систем инженер, двајца млади светиниколчани, чие хоби се иновациите, денеска го презентираа својот изум – уред за дезинфекција на воздухот, кој работи на принципот на силни УВЦ зраци во елиминација на вирусите и бактериите. Доволно е овој апарат да биде вклучен 20-30 минути во просторијата и за тоа време ги уништува сите микроорганизми. […]

Со „тунели за дезинфекција“ компанија од Гостивар придонесува во борбата против корона вирусот

14 април 2020

Преку „тунели за дезинфекција“, компанијата „Универзал“ од Гостивар сака да помогне во намалувањето на брзото пренесување на корона вирусот. Првично, ваков тунел беше поставен на влезот на Општина Гостивар, но сега барањата стануваат сé поголеми, а доаѓаат дури и од други земји, јавува „Порталб.мк“. Ваквиот хигиенски коридор се поставува првенствено на влезот на објекти во […]

За викендов забрана за движење и групирање по викенд населби, паркови и излетнички места

14 април 2020

Владата на вчерашната седница донесе одлука да усвои забрана за движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и во викенд населбите, во периодот од четврток 16 април во 16 часот до 5 часот во вторник 21 април, информираат од владината прес-служба. Забраната е донесена на […]

Втора жртва од корона вирусот во Прилеп, војниците воведуваат ред пред маркетите и банките

13 април 2020

Денеска почина маж на 69-годишна возраст, втора жртва на корона вирусот во Прилеп, а тројца се новозаразени. Како силна поддршка на мерките на локално и централно ниво, од денеска е вклучена и армијата. Во центарот на градот од изутрината има војници. Пред маркетите и банките има ставено налепници, со порака „Стој овде“, на пропишаното растојание […]

„Комунална хигиена“ ќе го собира отпадот од куќите во Скопје еднаш неделно

9 април 2020

Отпадот од индивидуалните домаќинства во Скопје ќе се собира еднаш неделно, информираат од ЈП „Комунална хигиена“. Додека траат посебните мерки за движење, од претпријатието се приморани да ја редуцираат динамиката на собирање и транспортирање на комуналниот отпад од над 84.000 канти од куќите, па претпријатието побара  разбирање од граѓаните. Комуналните работници работат само во периодот […]

По повикот од Кризниот штаб, жители на Кочани јавно кажуваат дека имаат Ковид-19

9 април 2020

Откако пред неколку дена лекарите од Кризниот штаб во Кочани – двајца специјалисти и тројца матични лекари, ги повикаа граѓаните да излезат и јавно да кажат дека се позитивни на корона вирусот, веќе имаше неколку случаи во кои заразени со вирусот јавно го обелоденија тоа. „На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, […]

Досега 533 граѓани добиле кривични пријави за непочитување на самоизолацијата и полицискиот час

8 април 2020

Движењето надвор за време на полицискиот час и непочитувањето на мерките за самоизолација и карантин доведе до тоа 533 граѓани да добијат кривични пријави со вкупна вредност од неколку стотици илјади евра. Основното јавно обвинителство ги објави збирните информации за предмети во сите јавни обвинителства низ градовите во државата по членовите 205 или 206 од […]

Банките апелираат граѓаните да го користат електронското и мобилно банкарство и да не прават гужви

8 април 2020

Од Македонската банкарска асоцијација апелираат до граѓаните да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките само доколку тоа е неопходно, а во сите други случаи да се настојува да се користат услугите на електронското и на мобилното банкарство, коешто е бесплатно и деноноќно достапно. „Преку овие услуги може да се вршат трансакции и за плаќање […]

Градоначалникот Јованоски бара владата да преземе поригорозни мерки за Прилеп

6 април 2020

Поригорозни мерки за Прилеп, слични на оние што ги изрече Владата за општина Куманово, побара прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, откако вчера се евидентирани нови 9 случаи на заразени од корона вирусот, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 достига 33. – До овој момент, нема нови случаи денеска. Но, имајќи предвид дека за два […]

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот

6 април 2020

Институциите немаат право да објавуваат лични податоци и се должни да ги чуваат како приватни податоците од медицинската документација. Тоа е причината поради која институциите не смеат да ги соопштат имињата на заразените граѓани. Затоа пак, заболените можат сами тоа да го направат, со што ќе пројават висока свест во борбата против корона вирусот. Ова […]

Ќе се бира меѓу 158 дигитални алатки на повикот КРЕАТОН за справување со Ковид-19

1 април 2020

Вкупно 158, од 546 пристигнати иницијативи, одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата […]

Страна 2 од 4