fbpx

Кризниот штаб од Куманово повеќе од една недела бара воведување на карантин

-

Со денешните 23 нови случаи, Куманово ја достигна идентичната бројка на заразени лица со корона вирусот како и Дебар – вкупно 47 лица. Општинските власти од Куманово секојдневно заседаваат, при што на состаноците на општинскиот штаб за заштита и спасување редовно се даваат препораки, заклучоци и мерки за граѓаните, но и за државните власти.

Од овој општински штаб повеќе од една недела наназад преку соопштенија до медиумите бараат од владата да донесе одлука за воведување на карантин на целата територија на општина Куманово, по примерот на Дебар. Локалните власти сметаат дека е потребно да се постават пунктови од МВР на секој влез и излез од градот, на кои ќе се врши контрола и ќе се дезинфицираат сите возила и патници.

„Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово“ се наведува и во денешното соопштение што пристигна од кумановските општински власти.

Покрај ова, општината ги задолжи станбените домари да вршат дезинфекција на станбените згради секојдневно. Јавното претпријатие „Пазаришта“ од Куманово е должно под посебен режим на работа во вторник, четврток и недела да ги отвори пазарите во периодот од 8 до 14 часот. Покрај задолжителна редарска служба, купувачите и продавачите ќе треба да носат заштитни маски и ракавици.

Општинскиот кризен штаб ја задолжи Општина Куманово да отвори шест пунктови за дезинфекција на возила и во најкус можен рок и дополнителни по потреба за целосно покривање на територија на Општина Куманово, додека од МВР се бара да обезбеди асистенција на самите пунктови. Воедно, тие бараат од полицијата редовно да ги контролира банките, поштата и сите места каде се врши исплата на плати и пензии, со цел да се почитува препораката за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...