fbpx

Дизајнерката Крешнике Иљази произведе и дистрибуираше 1.400 заштитни маски

-

Во моментот кога вестите дека има недостиг од заштитни средства во македонските аптеки ги преплавија медиумите, модната дизајнерка од Тетово, Крешнике Иљази заедно со нејзиното семејство одлучија да направат нешто за да помогнат во однос на новонастанатата ситуација. Тие направија и дистрибуираа над 1.400 заштитни маски и не планираат да престанат тука, пишува „Порталб.мк“.

Дизајнерката Иљази вели дека не се двоумела за оваа хуманитарна акција. Уште од првиот момент кога разбрала дека има недостаток од заштитни мерки, тие ги засукале ракавите и почнале да произведуваат.

– Идејата дојде спонтано, гледајќи вести дознавме дека има недостиг од заштитни средства од корона вирусот, а во оние аптеки во кои имаше заштитни средства, цените постојано растеа и помисливме со членовите од семејството што би можеле ние да направиме за да помогнеме во оваа ситуација, особено на оние кои имаат најмногу потреба. Без двоумење, сите заедно отидовме во работилница и почнавме да произведуваме маски, бидејќи ова беше најмалку што можевме да направиме – посочи Иљази.

Таа ни раскажа дека тргнале да произведуваат само 200 маски, меѓутоа позитивните пораки како и задоволството на лицата на луѓето на кои им помогнале ги мотивирало тие да работат неуморно и по 15 часа дневно.

– Првиот ден кога почнавме со дистрибуција на маските, имавме предвидено да поделиме 200 маски меѓутоа заради големиот интерес произведовме уште 200 други, значи вкупно дониравме 400 заштитни маски. Повеќе заинтересирани беа семејствата кои финансиски не стојат добро како и постарите лица, во моментот кога ги снабдувавме со маски јас чувствував задоволство што не може да се опише со зборови, токму тоа задоволство и позитивност што ја добивме од граѓаните мене и нашите семејства не мотивираа да работиме дури и по 15 часа дневно за произведување – вели Иљази.

Ниту Крешнике, ниту нејзиното семејство, не очекувале дека оваа акција ќе порасне толку многу. Таа вели дека ако биде помогната од граѓаните со финансиски средства,  производството на маски во оваа акција ќе трае исто колку и пандемијата на корона вирусот.

– Штом оваа акција се зголеми повеќе одошто ние очекувавме, во еден момент веќе немавме ниту кадровски ниту пак финансиски можности да продолжиме со работа додека барањата постојано растеа и во овој момент ни излегоа во пресрет одредени поединци од Косово и Македонија. Затоа, апелирам до сите кои имаат волја да ни помогнат со финансиски средства, да го направат тоа бидејќи само на тој начин ќе можеме да успееме да помогнеме на што повеќе луѓе – истакна Крешнике Иљази.

Доколку заштитните маски на крајот од денот се перат и вријат на висока температура, тие може повторно да се употребат, поради памучниот материјал од кој семејството Иљази ги произведува овие маски. Дистрибуцијата на околу 1.400 заштитни маски тие успеаја да ја направат во само четири дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...