четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: правосудство | 65 резултати

Само 38 отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството (инфографик)

јули 22, 2019

Само 38 отсто од граѓаните во земјава веруваат во правосудниот систем, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува „Порталб“. Прашани колку доверба имаат во судството, само четири отсто од испитаниците во Северна Македонија и девет отсто од испитаниците во ЕУ рекле дека имаат целосна доверба, додека со „донекаде имам доверба“ одговориле 34 отсто од […]

Социетас Цивилис: Кредибилитетот на ЕУ пред граѓаните ќе биде ставен под прашање

јуни 19, 2019

Центарот за европски интеграции (ЦЕИ) при Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска изрази загриженост за заклучокот на Европскиот Совет да не одреди датум за пристапните преговори со Северна Македонија, порачувајќи дека таквата одлука реално ги влошува состојбите и го нарушува кредибилитетот на ЕУ. „ЦЕИ на ИДСЦС смета дека со одложување на почетокот […]

Извештајот од ЕК генерално позитивен, но со суштински забелешки

мај 29, 2019

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија за 2019 година, е најпозитивниот досега, со големи пофалби на реформите, но сепак има и бројни посочување на областите на коишто треба уште да се работи. Посочувајќи дека Северна Македонија продолжила со сигурно темпо да ги спроведува ЕУ реформите и да ги зајакнува демократијата и владеењето […]

Блупринт групата достави решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

мај 21, 2019

Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, денеска до министерката за правда достави документ со предлог измени на членовите 32, 34 и 105 од Предлог-Законот за Јавното обвинителство. Како што информираат од групата, на состанок со министерката Рената Дескоска минатата седмица било договорено нивните предлози и коментари за законот, […]

Прибе очекува промена во однесувањето на судските институции

декември 7, 2018

Рајнхард Прибе и групата високи експерти по владеење на правото кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година од 5 до 7 декември биле во посета на Скопје за да направат увид во спроведувањето на препораките кои ги даде групата во однос на судските реформи, информираат од Делегацијата на ЕУ […]

Tрошоците во постапките пред нотарите и извршителите се намалуваат

септември 25, 2018

Владата на 90. седница ги прифати предлог – законите за изменување и дополнување на законот за извршување и на законот за нотаријат. Од таму информираат дека главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити. […]

Пратениците денеска ќе гласаат за реформските закони

април 10, 2018

Дел од реформските закони за правосудството денеска ќе се најдат пред пратениците. Во Собранието се закажани четири пленарни седници и повеќе комисии. Според агендата, на 22 седница има една заостаната точка – измени и дополнувања на законот за заштита на сведоци, по скратена постапка. Веднаш потоа следува 34-тата седница со една точка на дневен ред […]

Ќе се формира совет за следење на стратегијата во правосудството со кој ќе управува Заев

јануари 9, 2018

Владата на 48. Седница донела одлука да го усвои предлогот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите и го доставила до Собранието на понатамошно усвојување, информираше денеска владината прес-служба. Со измените, законот ќе се усогласи со меѓународните стандарди пропишани во оваа област и ќе се обезбеди поголема заштита на укажувачите. Помеѓу другите точки, […]

Арнаудовска го обвини Советот за реформи во правосудството дека работи нетранспарентно

декември 13, 2017

Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно, изјави денеска за медиумите директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска пред почетокот на дводневната Меѓународна работилница за стандардите на Европската Унија за обука на судии и јавни обвинители што се одржува во Скопје. Таа изјави дека во Нацрт-стратегијата за реформи во судството Академијата […]

Владата ги усвои стратегијата за реформи во правосудството и нацрт-законот за амнестија

ноември 28, 2017

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за подготовка на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) со акциски план. „Со оваа предлог-стратегија се даваат насоки, правци за подобрување на целокупниот правосуден сектор преку надминување на постојните недостатоци, како од нормативен така и од институционален карактер. Стратегијата е проследена со акциски план кој содржи активности, […]

Заев: МРТВ ќе добие независни управни органи и независна уредувачка политика

ноември 24, 2017

Работиме на законско решение за реформа во медиумите кое треба да доведе до комплетна независност на медиумите од извршната власт или други центри што можат да направат дисторзија, рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на прашање од пратеникот Јован Митрески. – Медиумите ќе ја вршат улогата на седмата сила и ќе бидат коректив на […]

Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со почеток на преговори со ЕУ

ноември 20, 2017

Целта на планот „3-6-9“ не е по неговата имплементација, тој да продолжи во нов дел „12“, туку со одлука за почнување преговори, порачал вицепремиерот Бујар Османи на заедничката средба со министрите Оливер Спасовски, Биљен Салији и Дамјан Манчевски со еврокомесарот Јоханес Хан. Како што соопштија од кабинетот на Османи, вицепремиерот го запознал Хан со деловите […]

Демократскиот сојуз бара забрзување на реформите во правосудството

ноември 10, 2017

Реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат како битен предуслов за воспоставување на нов систем на вредности и владеење на правото, порача денеска Демократскиот сојуз. Од партијата предлагаат редефинирање на улогата на Републичкиот судски совет за да се зголеми неговата самостојност, но и да се конкретизира одговорноста на Советот во целина и на членовите […]

Што сè нè чека по изборите: Закон за јазиците, нови амбасадори, уставни судии…

октомври 31, 2017

Собранието, Владата, шефот на државата и правосудните институции по завршувањето на локалните избори треба да продолжат со решавање на жешките прашања што беа ставени на стенд бај поради изборите. Станува збор за кадровски решенија во најзначајните државни инситуции, чувствителни законски решенија, екипирање на институции и за најавената разврска на горливите надворешно-политички прашања, важни за евроатлантската интерграција на Македонија. […]

Спасовски: Трулото судство овозможи да избегаат Грујовски и Бошковски

јули 28, 2017

Бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека одговорноста за бегањето на поранешниот директор на петтата управа и на неговиот соработник треба да се бара кај судииите. – За ова треба да се поднесе одговорност […]

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

јули 24, 2017

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и […]

Заев и Жбогар разговарале за реформите во правосудството и во медиумите

јули 21, 2017

Македонскиот премиер Зоран Заев и амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, денеска имале средба на која се разговарало за претстојните реформи во правосудниот систем, медиумите и за воспоставувањето професионални државни институции, извести Владата. „На состанокот е реафиримирана поддршката на Брисел за реформската Влада во Македонија, која изрази подготвеност за суштински промени во државата за подигнување […]

Донесувањето закони не е доволно, треба да се спроведат во практика, порача Хан за Албанија

јануари 25, 2017

Еврокомесарот Јоханес Хан изјавил дека во Албанија не е доволно само да се донесуваат закони, туку преку конкретни дела да се покаже дека се спроведуваат реформите во правосудството, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. Хан, исто така, посочил дека политичарите и функционерите треба да бидат казнети ако се вмешани во корупција. Еврокомесарот истакнал дека потребно е да се провери […]

ЛДП: Осомничените во „Еразмус“ не смеат да работат, а Талески може да потпишува од притвор

септември 13, 2016

Македонското правосудство продолжува со апсурдните и двојни аршини, обвини денеска Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата реагираат на барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд да им биде изречена забрана за работа на професорите и на асистентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, осомничени во случајот „Еразмус“. „Обвинителството за […]

Бејли: Апсурдни се обвинувањата дека САД ја дестабилизираат Македонија

јули 7, 2016

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска остро ги отфрли обвинувањата дека САД се обидуваат да ја поткопаат стабилноста на Македонија и додаде дека тој и САД го поддржуваат владеењето на правото во земјата. „Ние во американската амбасадата во Скопје често гледаме приказни во медиумите за теории на заговор и обвинувања дека САД се мешаат во домашните […]

Страна 3 од 4