среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: правосудство | 64 резултати

Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација: ЕУ бара напредок во реформите и дава поддршка

март 17, 2023

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи од процесот на проширување, како и процесот за стабилизација и асоцијација. Постојните билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, треба да бидат спроведени со добра волја, e една од главните […]

Порталб: Основниот суд во Струга пред колапс, судиите имаат и до 400 предмети

декември 14, 2022

Основниот суд во Струга веќе цели години функционира во многу тешки услови поради недостаток на професионален кадар. Моментално ситуацијата е уште поотежната и судството во овој град е пред колапс, пишува Порталб.мк. Како последица на недостатокот на професионален кадар во Основниот суд во Општина Струга, граѓаните мораат да чекаат со месеци или дури по цели […]

Платформа на ГО за борба против корупцијата: Политичките ветувања без сериозност се демагогија

декември 9, 2022

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата порача дека политичките изјави, односно ветувања, без сериозни заложби за сузбивање на ова зло, се само демагогија. Поради неисполнетите ветувања за сузбивање на корупцијата, разочарани граѓани ја напуштаат земјава. „На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации […]

Европски самит за дигитализација на судството: Дигитализираното судство е поефикасно и потранспарентно

јуни 12, 2022

Денеска во Охрид беше отворена Меѓународната конференција за дигитализација на судството на тема „Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството“ која во наредните три дена ќе се одржи во оранизација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски. Целта на конференцијата, појаснуваат организаторите, е […]

Порталб: Објавен составот на комисиите што ќе ги контролираат и оценуваат судиите

април 6, 2022

Иако беше ветено дека процесот на прочистување на судството ќе започне во јануари 2021 година, Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера ги формираше комисиите за контрола и оцена на судиите и претседателите на судовите, извести Порталб.мк. Оцената на квалитетот на водењето на судските постапки ќе се врши преку контрола во 10 предмети на судијата […]

Дигитализацијата во правосудството полека излегува од зачмаеност

февруари 8, 2022

Процесот на дигитализација на правосудството генерално се води според Стратегијата за ИКТ во правосудството 2019 – 2024 година, која во меѓувреме е и ревидирана. Иако во оваа стратегија се наведени и краткорочните и долгорочните цели, базирани врз актуелната состојба и визијата каде треба да се движи овој процес на дигитализција во правосудството, се чини дека […]

Реформи во правосудството: Обвинителството понетранспарентно од судството

февруари 4, 2022

Судовите, иако неекипирани со професионално вработени лица за односи со јавноста, имаат релативно добра соработка во однос на тековни судски постапки, предмети до судовите и слично. Но, голем проблем претставува затвореноста на судскиот портал, односно тешкото пребарување на одлуките на судовите за различни кривични дела во постапките. Јавното обвинителство отсекогаш било за степен позатворено од […]

Публикација на Метаморфозис: На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза

јануари 24, 2022

Во издание на Фондацијата Метаморофозис е објавен извештај за дел од реформските процеси во РСМ во однос на ЕУ аспирациите, кој се однесува на моменталните реформски перформанси во секторот правосудство, дел од кластерите што ги оценува ЕУ за исполнување на условите за преговори за членство. Во документот насловен „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ […]

Извештај на ЕК: Има уште многу работа на реформите, но генерално С. Македонија е на добра основа

октомври 20, 2021

Во однос на политичките критериуми, Северна Македонија продолжи со своите напори да ги зајакнува демократијата и владеењето на правото, вклучително и низ активирање низа инструменти за проверка и преку широк опфат кон јавноста на клучните политички и законодавни теми. Земјата ја докажа својата посветеност на исполнување на основните критериуми, вклучително и преку „Европа дома“, се […]

Галовеј: Важно е да се видат завршени големите случаи на корупција

февруари 24, 2021

Клучно е граѓаните да го видат на дело владеењето на правото, е оценката на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Денеска при посетата на Штип, британската амбасадорка беше прашана за коментар дали навистина профункционираа институциите по вчерашните случувања со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.   „Мислам дека е извонредно важна борбата против корупцијата и […]

Судот на правдата на ЕУ – децидно за независноста на судството

јануари 7, 2021

Пред повеќе од две години во т.н. објаснувачки скрининг Европската комисија на Македонија ѝ презентираше кои се барањата на правото на ЕУ за независноста на судството. Во тој преглед имаше малку од она што се нарекува „тврдо“, па и „меко“ право на Унијата. Тоа беа главно нови одредби воведени во примарното право по Лисабонскиот договор […]

Доколку е сериозен, Заев треба да почне со реформите во администрацијата и судството по формирање нова влада

август 7, 2020

Кандидатот за премиер, Зоран Заев, продолжува со преговори за формирање влада. Некои од принципите што идната влада би требало да ги спроведе, меѓу другото, се реформите во администрацијата и во судството, два столба што постојано беа цел на критики од меѓународниот фактор заради партизација, нетранспарентност и непрофесионалност. Овие реформи се, пред сè, неопходни за граѓаните […]

Реформите во судството многу малку ги исполнуваат критериумите на ЕУ, вината е кај судиите и извршната власт

јуни 24, 2020

Иако Северна Македонија вети дека ќе го почитува и унапредува законодавството, за да добие позитивни оценки во извештаите на Европската Комисија, експертите велат дека има уште многу да се сработи. Но, во моментов пандемијата на коронавирусот блокира неколку иницијативи за подобрувањето на правосудството, пишува Порталб.мк. За подобрувањето на состојбата на судството во земја одговорни се […]

Порталб: Се дозволуваат верски манифестации, а не се овозможуваат избори што ќе ѝ помогнат на земјата

мај 27, 2020

Во Северна Македонија се дозволуваат верски манифестации, се очекува утре да почнат со работа кафулињата и другите угостителски објекти, а не се овозможува граѓаните да излезат на избори. Изборниот процес ќе ѝ помогне на државата во решавањето на многу постапки што се во застој, односно државата да чекори по евро-атлантскиот пат, пишува Порталб.мк. Според аналитичарите, […]

Во извештајот на ЕК препознаени препораките на проектот ACTION SEE и на „Метаморфозис“ за Стратегијата за транспарентност

март 4, 2020

Европската Комисија (ЕК) во краткиот извештај што го објави во понеделникот, препорача Европската Унија (ЕУ) да отпочне преговори со Северна Македонија и со Албанија за членство во Унијата, а меѓу позитивните забелешки, ЕК спомена дека земјата преземала значителни чекори за зајакнување на независноста на судството, го подобрила учинокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал, […]

Судството добива двојно помалку средства отколку што е предвидено со закон (инфографик)

јануари 31, 2020

Судската власт, како еден од трите независни столба на власта во едно демократско општество, покрај извршната (владата) и законодавната (собранието), треба да има финансиска самостојност за да може да работи ефикасно и целосно независно. Износот на средствата кои македонското судство ги добива при распределбата на државниот буџет од страна на извршната власт е повеќе од […]

Добро екипирана јавнообвинителска служба е предуслов за независно и ефикасно јавно обвинителство (инфографик)

јануари 10, 2020

Јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија не може да функционира ефикасно и независно без добро екипирана, професионална и компетентна јавнообвинителска служба. Оваа служба, според закон, треба да ја сочинуваат стручни службеници, потоа истражители за криминални дејствија, и технички и помошен кадар. Функционалната анализа на јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија изработена како дел од проектот […]

 Жбогар: Одлука на земјата е како ќе ја реши ситуацијата во правосудството

декември 19, 2019

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска во Македонска Каменица рече дека јасно ја кажал позицијата на Европската унија за ветингот во судствто. Земјата треба да одлучи како ќе постапи, рече Жбогар, прашан да го коментира ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој вчера во Собранието рече дека ветингот треба да биде спроведен по изборите. – Претседателот вчера имаше […]

Ван Ромпуј: Завршете ги реформите и ќе бидете пречекани со раширени раце

октомври 16, 2019

Херман ван Ромпуј, првиот претседател на Европскиот Совет, поранешен премиер на Белгија и актуелен претседател на Советот на Колеџот на Европа во Бриџ, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“ иако вели дека отворено го поддржува почнувањето преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ, предупредува дека земјите мора да работат за да ги усвојат […]

Само 38 отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството (инфографик)

јули 22, 2019

Само 38 отсто од граѓаните во земјава веруваат во правосудниот систем, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува „Порталб“. Прашани колку доверба имаат во судството, само четири отсто од испитаниците во Северна Македонија и девет отсто од испитаниците во ЕУ рекле дека имаат целосна доверба, додека со „донекаде имам доверба“ одговориле 34 отсто од […]

Страна 2 од 3