fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Во јули ќе се објави тендер за обнова на манастирот Трескавец

Во јули ќе биде објавен тендер за обновата на опожарените конаци на Трескавец, изјави денеска министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на прес-конференцијата во прилепскиот Завод и музеј. Министерката за култура денеска е во посета на Прилеп, а беше и на локалитетот Стибера, каде е пронајдена новата мермерна скултура што е ново ексклузивно откритие на овој локалитет. Сите проекти за обновата...

Тешка сообраќајка кај Бучим

Едно и полгодишно дете со изгореници и неговите родители од Радовиш, кои требало да бидат транспортирани во штипската болница, се повредени синоќа, кога на амбулантното возило налетал камион. Тешко повреден е и возачот на амбулантно возило. Сообраќајката се случила на патниот правец Штип – Радовиш, во близина на рудникот Бучим. Со амбулантното возило од Радовиш се вршел транспорт на детето, кое...

Експлозија во оранжерии на „Винојуг“

Силна експлозија, по која избувнал пожар, утрово се случила во оранжериите на некогашната фабрика „Винојуг“ од Гевгелија, покрај автопатот. Местото е обезбедено од полиција, а причината за експлозијата засега не е позната.

Изгоре базиликата во Нант

Голем пожар ја зафати денеска базиликата Сен Донатијан од 19 век во Нант, на западот на Франција, и целосно го уништи покривот на базиликата. Пожарот избил во утринските часови, по мисата, а верниците се евакуирани, соопшти за локалните медиуми, свештеникот Беноа Бертран. Околу 40 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот. Никој не е повреден во огнот иако во моментот кога избил пожарот, на...

Почнува кампањата „Лето без пожари“

Денеска напладне на платото пред жичницата на Средно Водно, почнува кампањата „Лето без пожари“, чија цел е, преку подигнување на свеста кај граѓаните за потенцијалните ризици и штети, да се заштитат шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата од пожари во летниот период. „Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на повеќе локации на подрачјето на СВР Скопје, каде...

Се запалил автомобил во движење во скопската населба Бутел

Патничко возило марка „форд куга“ попладнево, околу 18 часот, се запалило на раскрсницата на улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула. Како што соопштија од МВР, возилото, од засега непознати причини, се запалило во движење. Повредени нема, а пожарот е локализиран. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Изгоре продавницата за чевли на Ленски мост во Битола

Оган ја проголта продавницата за чевли во старата битолска чаршија, кај Ленски мост. Поранешната продавница на „Жито Битола“ огнот ја зафатил нешто пред 2 часот рано изутрината. Минувачи пријавиле во полиција, но и покрај брзата интервенција на пожарникарите, објектот е значително оштетен. - Прозорецот беше скршен. Што се случило, не знаеме. Сите опции се отворени, сè е можно. Дали некој го скршил...

Во пожар целосно изгоре ученичкиот дом во Дебар

Рано утрово, во пожар целосно изгоре ученичкиот дом во дебарската населба Венец, кој долги години е надвор од функција и во него беа сместени неколку бездомни семејства, пренесува „Канал 5“. Како што јавува телевизијата, пожарот избувнал околу 5 часот. Засега нема информации за настрадани, а пожарникарите кои интервенирале веднаш по добиениот повик, успеале да спасат едно лице, на вториот кат на...

Опожарено возило на битолчанец

Ноќеска, околу 2 часот, на улицата 25 во Битола бил опожарен автомобил, марка „даихатсу“, сопственост на Р.А. (35), жител на градот, соопшти полицијата. Од полицијата засега немаат информации околу причините за палењето на возилото. Нивни екипи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Кина: 38 загинати во пожар во дом за стари лица

Најмалку 38 лица загинаа, а шест се повредени во пожар кој синоќа изби во дом за стари лица во кинескиот град Пингдингшан, во провинцијата Хенан. Како што јавува агенцијата „Синхуа“, двајца од повредените се во критична состојба. Засега не се знае причината за пожарот. https://www.youtube.com/watch?v=wtcW3LKG3Gk

Во пожар во Баку загинаа 16 лица

Шеснаесет лица загинаа денеска, а повеќе од 50 се повредени во пожар во една станбена града во главниот азербејџански град Баку, соопштија властите. Големиот пожар набргу се проширил на целата 16-катница, а на пожарникарите им биле потребни часови за да го стават под контрола. Главниот обвинител на Азербејџан, Закир Гаралов, рече дека за брзината на ширењето на пожарот придонел и лошиот...

Во пожар во фабрика на Филипини, загинаа 72 лица

Во пожар кој изби во фабрика за производство на гумени папучи, близу Манила, загинале 72 лица, а таа бројка може да биде и поголема бидејќи во моментот на пожарот во фабриката се наоѓале 200 лица. Податоците ги соопшти градоначалникот Рекс Гатчалиан по пат на СМС-пораки, а неговиот портпарол додава дека сè уште е нејасно што се случило со другите, пренесуваат...

Деветгодишно девојче загина во пожар во Чаир

Деветгодишно девојче го загубило животот во пожар што вчеравечер избувнал во стан на улицата Емин Дураку, во скопската населба Чаир, информира полицијата. Во пожарот, кој од засега непознати причини избувнал околу 23.30 часот, повредени биле уште четири лица, кои биле пренесени во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“. Екипи на скопската противпожарна бригада успеале да го локализираат пожарот, а тим на...

Пожарот кај Чернобил е ставен под контрола

Пожарот што вчера изби во близина на нуклеарната централа Чернобил во Украина, утринава е ставен под контрола, соопштија претставниците на службата за вонредни состојби. „Шумскиот пожар е локализиран и запрен. Ситуацијата е ставена под контрола. Се продолжува со активности за сузбивање и за спречување на повторно избивање на пожар“, се наведува во соопштението. Пожарот изби вчера и се прошири на околу 320...

Голем пожар во Балтимор

Еден ден по немирите во Балтимор, запален е и целосно изгоре општинскиот центар и апартманите на Баптистичката црква во источен Балтимор. Повеќе од 90 пожарникари безуспешно се обидуваа да го изгасат пожарот. Нема загинати во пожарот. Причината за пожарот се истражува, додека низ градот владеат немири по погребот на Фреди Греј, 25-годишниот Афроамериканец кој почина во полициски притвор. Кевин Харис, портпарол на градоначалникот...

Подметнат пожар во магацин на феријалното одморалиште во Охрид

Помошен објект кој служел како магацин во поранешното феријално одморалиште во населбата Далјан, изгоре целосно во пожар што избил попладнево. Благодарение на брзата интервенција на професионалната противпожарна единица од Охрид, спречено е проширување на пожарот кон соседните објекти. Комплексот во моментов не работи, а според првичните информации од истрагата, пожарот бил подметнат. - Се работи за намерно предизвикан пожар, бидејќи магацините...

36 студенти повредени во пожар во Москва

Во пожар, кој вчера доцна вечерта избувнал во студентски дом во југозападниот дел на Москва, настрадале 36 студенти од странски земји, од кои дел биле во критична состојба, пренесува ХРТ. Пожарот избувнал во шестнаесеткатница која му припаѓала на Националниот руски универзитет за медицински истражувања „Пирогов“, еден од најстарите и најпрестижните во Русија. Како што пренесува ХРТ, полицијата соопштила дека краток спој...

Пожар во кула во населбата Блок 70 во Тетово

Апарати за домаќинство и инвентар од балконска просторија, претпладнево изгореа во стан во кулата со број 5 во населбата Болк 70 во Тетово. Пожарот избувнал околу 11.30 часот и целосно е ставен под контрола за половина час. - За среќа, со интервенција на три противпожарни возила и на осум пожарникари, спречивме пожарот да се прошири и на другите простории од станот - изјави...

Пожар во британската амбасада во Хаг

Едно лице е уапсено поради поврзаност со пожарот во британската амбасада во Хаг, соопшти денеска полицијата. Мажот бил собран во близина на зградата на амбасадата, која е под силно обезбедување, но засега не се откриваат повеќе детали. Противпожарните служби биле алармирани во седум часот изутрина откако случаен минувач забележал чад. Пожарот во моментов е ставен под контрола и нема повредени лица. Британската...

Повеќе од 30 мртви во пожарот на Сибир

Најмалку 34 лица загинаа, а 77 се хоспитализирани, од кои четворица со потешки преводи, по пожарот што го погоди јужниот дел на Сибир, соопшти денеска рускиот министер за вонредни ситуации, Владимир Пучков, на седницата во Република Хакасија, со која претседаваше претседателот Владимир Путин. Министерот рекол дека засега повеќе од 1.400 лица побарале помош и оти 77 се хоспитализирани, а четворица од...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...