fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Се шири пожар на југоистокот на Бугарија

Пожарот кој избувна во селото Дрипчево во општината Харманли на југоистокот на Бугарија, се шири. Локалните власти најавуваат дополнително ангажирање луѓе за негово гаснење. Освен шест противпожарни и три шумски возила, денеска ќе биде ангажирана и војската, соопшти локалната противпожарна единица во градот Хасков. Во гаснењето ќе биде вклучена и механизација на термоелектраната „Марица-исток“, како и противпожарната единица на Пловдив. Во пожарот...

Сè уште беснеат пожари на Корчула и на Пељешац

Стотици пожарникари и припадници на хрватската војска цела ноќ на Корчула и на Пељешац се бореа со пламената стихија, меѓутоа пожарите се сè уште активни на повеќе локации, јавуваат хрватските медиуми. Огнот сè уште гори во Пониква, на непристапен терен во ридовите, а отворен пламен има и на Корчула. Локалното население очекува брзо пристигнување на авионите „канадери“, дознава порталот „Индех.хр“ од жупанискиот...

Повторно чад и оган над Охрид

Густ чад и помали пламени јазици, повторно се појавија попладнево над Охрид од источната страна, на местото на вчерашниот силен пожар на подножјето од планината Петрино. Голема среќа е што немаше ветер, така што и покрај високата температура, пожарникарите можеа да им пријдат на пламените јазици. Пожарникарите синоќа ја ставија стихијата под контрола, но очигледно не биле изгаснати сите жаришта.  

Во пожар во тетовско Жеровјане изгоре фарма

Во пожар изгоре фарма на површина од 600 квадратни метри во село Жеровјане, Општина Боговиње. Пламените јазици избувнале попладнево, кога во објектот немало никого. Тетовската противпожарна единица, на местото пристигнала за половина час и целосно го локализирала пожарот за два часа. - Поради топлото време и ризикот од големи пожари, ние на терен тргнавме со пет противпожарни возила и со десетина пожарникари....

Огнот во Охрид стивна, на теренот влегоа неколку противпожарни возила

Огнот стивна, на теренот на пожарот над Охрид, влегоа и неколку противпожарни возила. Спречено е проширувањето на огнената стихија кон запад, во правецот на безинската пумпа на „Макпетрол“ и дирекцијата на Националниот парк Галичица. Сè уште може да се забележи по некој пламен јазик, но кон повисоките планински реони. Во несреќата, голема среќа е што немаше ветер, така што и...

Салиу: Постои процедура за ангажирање на „канадерите“

Директорот на Дирекцијата за безбеност и заштита, Шабан Салиу, во изјава за „Мета“ не даде дециден одговор дали двата „канадери“ ќе бидат ангажирани во гаснење на пожарот над Охрид. Тој само рече дека припадници на Дирекцијата се ангажирани на теренот. На инсистирање да одговори за авионите, само кажа дека за тоа има процедура. На прашањето дали, во согласност со процедурата,...

Пожарот беснее над Охрид, каде се „канадерите“?

Силен пожар беснее попладнево над Охрид, во подножјето на планината Петрино, во област со далноводи и со преносни предаватели на мобилни оператори. Пожарот брзо се шири во правец од исток кон запад и има зафатено нискостаблести дрва, пред сè, смрека, како и борова шума. Огнената линија е широка до два километри. Ако не биде брзо локализиран, што е тешко доколку не се...

Пожар на планината Петрино во Охрид

Веќе неколку часа на планината Петрино во Охрид се шири пожар. На местото што е зафатено од пожарот има далноводи и предаватели на мобилни оператори. Надлежните служби информираат дека двата пожари се над 110-киловолтна трафостаница. Истовремено, делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а во делови од населбата Рача на источното крајбрежје сè уште нема струја. Во моментов две...

Повеќе од 160 пожари се шират низ Италија

Повеќе од 160 пожари се проширија во Италија, поради високата температура што ја зафати оваа држава. Цивилната заштита објави „црвен аларм“ во 23 града, што значи дека постои опасност и за луѓето кои немаат здравствени проблеми. Во првите две недели во јули, зголемен бил бројот на интервенции на лекарите низ улиците.

Пожарот во Калифорнија зафати и дел од автопатот

Шумскиот пожар што во петокот ја зафати Калифорнија, продолжич да се шири преку автопатот и планините, при што уништил 20 возила, а изгореле најмалку пет куќи. Поради влијанието на топлите пустински ветрови, пожарот избувнал долж главниот автопат меѓу Јужна Калифорнија и Лос Анѓелес. Десетици возила биле напуштени, а стотина други се обидувале да се оддалечат од опожареното место. Портпаролот на шумската служба во...

Атика и Пелопонез зафатени од пожари

Пожари беснеат во Грција. Пламени јазици го зафатија ридот Имитос во Атина, во близина на населени места. Зафатена е голема шума, а чадот веќе почнува да се шири во предградијата на грчката престолнина. Интервенираат противпожарните служби, волонтери и два хеликоптери и се прави обид да се локализира пожарот, кој бргу се шири поради силните ветрови. Од рано изутринава пожар се шири...

Запалено возило во скопската населба Козле

Ноќеска околу 2.20 часот по полноќ, на улицата Козле во Скопје бил запален автомобил, марка „цитроен“, сопственост на М.М. (52), соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, пожарот на возилото го предизвикал засега непознат сторител, кој најверојатно употребил запаливо средство. Полицијата засега нема осомничени и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Пронајдена сомнителна направа по експлозија во петрохемиска фабрика во Франција

Два резервоари биле зафатени од пожар по експлозија што вчера одекнала во петрохемиска фабрика на југот на Франција. Властите се сомневаат дека станува збор за „подмолен чин“ откако истражните тимови денеска во близина на фабриката пронашле електронска направа, пренесуваат медиумите. Дополнителен сомнеж за истражните тимови внесува и тоа што резервоарите биле на оддалеченост од половина километар. Огнот од запалените резервоари во...

Шумските пожари во Канада, надвор од контрола

Пожарите во канадската провинција Саскачеван, речиси се двојно повеќе од тие што првично ја зафатија таа област. Двата одвоени пожари кои горат веќе две недели и запалија илјада хектари шума, сега се споени во еден. Пожарот сега зафаќа 100.000 хектари шума, додека илјадници жители на ова подрачје морале да се евакуираат. Огнот е најголема закана за две големи наоѓалишта на нафтен песок,...

Осум загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што зафати дом за стари лица во градот Куарте де Уерва во Сарагоса, на североистокот на Шпанија, соопштија локалните власти. Како што јавуваат шпанските медиуми, двајца од повредените се со потешки повреди. Пожарот избил синоќа, околу еден часот, и полицијата сè уште се обидува да утврди која е причината. Меѓу повредените е...

„Ауди“ и „матиз“ се запалија на паркиралиште во Скопје

Два автомобила, „ауди“ и „матиз“, попладнево изгореа во Скопје на паркиралиштето меѓу зградите на улицата Ленинова, спроти драгсторот „Бети“. Пожарникарите го изгаснаа пожарот, а се очекува да пристигне и увидна екипа од полицијата. Како што велат минувачите - сведоци на настанот, прво се запалило возилото „ауди“, а потоа пожарот го зафатил и „матизот“. Од полицијата која беше на местото на настанот, ни рекоа дека...

Два автобуси изгореа во пожар на станицата во Струмица

Два автобуси биле целосно уништени во пожар што денеска се случил на автобуската станица во Струмица, јавува порталот „Струмица денес“. Како што пренесува порталот, благодарение на брзата интервенција на локалната противпожарна единица и на реакцијата на вработените на автобуската, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат. Засега не се познати причините за настанувањето на пожарот.

Три пожари во еден ден во Куманово

Територијалната противпожарна единица Куманово вчера интеревенирала трипати, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи. Кумановските пожарникари интервенирале во периодот од 13 до 13.17 часот на запален автомобил „опел астра“ пред супермаркетот „Туш“. Пожарот на автомобилот го локализирале пет пожарникари со едно противпожарно возило. Кумановските пожарникари, вчера интервенирале и на опожарена нива со пченица и стрниште. Пожарот во Слатино, во атарот...

Гром запалил четири објекти во Кавадарци

Гром предизвикал пожар во четири објекти во Кавадарци. Локaлните противпожарни екипи во моментов се на терен и работат на локализирање на пожарот, информирала портпаролката на Секторот за внатрешни работи Велес, Анита Стојковска, пренесува „24 Вести“. „Во кавадаречката полиција беше пријавен пожар на четири објекти на улицата Питу Гули и веднаш е излезено на терен. Засега не можеме да дадеме повеќе...

Пожар избувнал во афроамериканска црква во Јужна Каролина

Голем пожар денеска избувнал во црнечка црква во американската сојузна држава Јужна Каролина, проследен во серијата пожари на верски објекти во служба на афроамериканската заедница, јавуваат американските медиуми. Извори од федералните служби, за медиумите соопштиле дека пожарот не бил подметнат, односно дека првичните сознанија од истрагата велат дека огнот не бил намерно предизвикан. Станува збор за седма запалена афроамериканска црква во...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...