Кина: 38 загинати во пожар во дом за стари лица

Најмалку 38 лица загинаа, а шест се повредени во пожар кој синоќа изби во дом за стари лица во кинескиот град Пингдингшан, во провинцијата Хенан.

Како што јавува агенцијата „Синхуа“, двајца од повредените се во критична состојба.

Засега не се знае причината за пожарот.