fbpx
Таг: ПоздравПленумци

таг: ПоздравПленумци

„Студентски пленум“: Не стивнуваме и не се откажуваме

„Студентски пленум“ реагираше на донесувањето на Законот за високо образование. Тие на својата фејсбук-страница напишаа дека со тоа е погребана автономијата на универзитетите и идејата дека студентите се дел од ова општество. „Универзитетот е на студентите, постои и се развива заради нив. Штотуку донесовте закон кој не само што ја погребува автономијата и самите универзитети, туку и идејата дека студентите...

Собранието го усвои Законот за високо образование

По неколкучасовна расправа, пратениците во Собранието  со 67 гласа „за“ и со девет „против“, ги усвоија промените во Законот за високо образование, со кои се предвидува воведување државен испит и се менуваат критериумите за избор во звања. Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, рече дека Владата го прифаќа амандманот со кој се предвидува спроведување на пилот-државен испит. Пратеникот Павле Трајанов од Демекратски...

Пратениците расправаа за Законот за високо образование

Пратениците во Собрание расправаа за измените на Законот за високо образование. На самиот почеток на расправата, министерот Абдилаќим Адеми кажа дека ќе има пилот-проект за државниот испит. Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, рече дека без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да може да ги донесе овие закони. Фазлиу ги праша колегите од ДУИ зашто го поддржуваат овој пакет мерки кога во нив нема ниту...

Почна расправата за измените на законите за образование

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници. - Академија за наставници е познат концепт. Многу европски земји имаат. Никој нема ништо против дополнителни...

„Професорски пленум“: Претседателе, застанете до вашите колеги и до студентите

„Професорски пленум“, преку соопштение, извести дека е отворена петиција за собирање потписи што ќе му бидат испратени на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за да стави вето на Законот за високото образование. Преку петицијата, професорите се надеваат дека ќе го натераат шефот на државата да застане на страната на колегите професори, но и студентите. „Професорски пленум“ денеска испрати еден предлог до премиерот...

„Студентски пленум“ бара да се повлече законот, па потоа да дебатираат

Барањето на „Студентски пленум“ е да се повлече законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите, па дури тогаш може да се води дебата. Ова, преку својата фејсбук-страница, студентите му го порачаа на премиерот Никола Груевски. Во соопштението на „Студентски пленум“, пишува дека нема да ги изложуваат своите ставови во дебати кои не можат да влијаат на...

„Професорски пленум“ бара да се повлечат измените на Законот за високо образование

Иницијативата „Професорски пленум“ денеска објави соопштение во кое се вели дека имаат само една сугестија до Владата за измените на Законот за високо образование (државниот испит), а тоа е тие веднаш да бидат повлечени. „Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените на Законот за високото образование: Повлечете ги веднаш“,...

„Професорски пленум“ објави десет најлоши чекори на Владата за образованието

„Професорски пленум“ денеска на својата фејсбук-страница објави табела насловена „Десет најлоши чекори на Владата на Груевски кои го урнисаа квалитетот на високото образование во Македонија“.

Реакции за основањето „Професорски пленум“

Создавањето „Професорски пленум“ предизвика различни реакции кај професорите на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од нив. Нано Ружин: „Јас сум во дилема. Можеби тој форум може да послужи како некој вид форма на транзиција кон охрабрување на уплашените професори. Знаеме дека меѓу нив има и поливалентни, но подобро да се направи нешто отколку ништо. Ако се ориентираат провладино брзо ке бидат провалени....

Професори бараат да присуствуваат на расправата за законот за образование

Група професори испратиле барање до Собраниската комисија за образование, наука и спорт и до претседателот на Собранието, во кое бараат дозвола претставници од академската заедница и претставници на „Студентски пленум“  да присуствуваат на седницата на Комисијата. Барањето на својот фејсбук-профил го објави професорката Билјана Ванковска и зад него стои истата група професори кои вчера упатија јавен апел до Владата да...

Нов протест на студентите в петок

„Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и на премиерот пред камери. Покрај сите „јавни дебати“, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери, да не дозволиме овој монолог на Владата...

„Студентски пленум“: Можни се нови протести, но и бојкот на наставата

Не се исклучува можноста од нови протести, но и бојкот на наставата ако Владата продолжи со истиот став за воведување државен испит на факултетите, истакнаа денеска на прес-конференција претставници на „Студентски пленум“. Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на Владата и тврдат дека ќе побараат од шефот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор и да придонесе за успешно...

Владата ги изненади сите: И факултетите и студентите засега без став

„Студентски пленум“ на битоласкиот униврзитет денеска ги достави барањата и правната аргументација против државниот испит до Ректоратот на Универзитетот. Во барањата студентите пишуваат дека треба да се укине Студентскиот парламент бидејќи тој не ги претставува студентските права и поради неговата структура лесно може да биде под притисок. За концептот на државниот испит, студентите од Битола велат дека онака како...

Универзитетите уште калкулираат за државниот испит

Факултетите ги користат последните неколку дена од изминувањето на рокот за да ги услогласат ставовите околу државниот испит. Голем дел од универзитетите веќе се изјаснија. Од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ велат дека за нив не е прифатлив државниот испит. - Државата има право да спроведе државен испит и тука никој не може да се меша. Но, тоа да биде само откако...

Владата и МОН молчат за средба со студентите

Ниту од Владата ниту, пак, од Министерството за образование и наука денеска не одговараа на телефонските повици. По вчерашните протести на студентите и по барањето на „Студентски пленум“, досега нема стигнато ниту соопштение ниту, пак, какво било известување за можна средба со студентите. Стефан Видиков од „Студентски пленум“ вели дека ни тие досега не добиле одговор на поканите за средби....

Адеми и Ристовски да поднесат оставки или Малчески ќе ги тужи

Ристо Малчески, професор на ФОН, бара министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик, Спиро Ристовски, да си поднесат оставки од функциите. Реакцијата на професорот е поттикната од дописот што Mинистерството за образование го испратило до ФОН со барање да се произнесат за државниот испит. Професорот вели дека оваа власт му направила големи штети на образовниот систем. Во писмото во...

Владата да посочи релевантни анализи врз кои прави промени во високото образование

„Владата сè уште не посочува релеванти анализи на проблемите во високото образование, нешто што сметаме дека е суштински важно за воведување ваква проблематична мерка. Владата и Министерството не покажаа напор да дискутираат со студентите. Министерот за образование неформално ја одби средбата со студентите, иако во неколкупати претходно имаше посочено дека е отворен за разговор“, напишаа студентите во нивиот допис...

Момчето што го снимаше протестот со дрон,повикано на разговор во МВР

„Студентски пленум“ на твитер-профилот соопшти дека од полицијата било приведенo момчето што го снимаше студентскиот протест со дрон од птичја перспектива. Наредната информација е дека момчето било пуштено, а снимките и дронот останале кај полицијата. Од МВР за „Мета“ ја потрдија оваа информација. „Момчето сo дрoнoт е приведен вo стaницa Кaрпoш. Притисoкoт прoдoлжувa нo немa дa успеaт дa не спречaт. Oвa е...

Твитерџиите за студентскиот марш

Социјалната мрежа „Твитер“ беше преплавена од креативни „твитови“ за денешниот студентски марш на кој присуствуваа повеќе илјадници граѓани. Кога возрасните се плашат да речат НЕ, тука се младите, има надеж!! #СтудентскиМарш #СтудентскиПленум — Баљум (@Steffito_G) December 10, 2014 Расположение на денот! :) #СтудентскиМарш pic.twitter.com/EmBHJq7Qmz — Мрмејд (@Mnemosynee_) December 10, 2014 Не е само за вас, и за идните генерации, излезете покажете колку сме гласни!...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...