fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Силниот јужен ветер предизвика помали штети во Охрид

Изминатава ноќ и денеска до пладне во Охрид дивееше силен ветер кој направи штети, особено во крајбрежниот дел. Искинати се настрешници, има паднати гранки и дрвја, како и оштетени покриви. Мегу другото, силниот јужен ветер го одвеа големото знаме кое беше поставено на 24 метри високиот јарбол на градскиот плоштад Св. Климент Охридски. Знамето беше поставено во април 2009 година, како...

Улиците во Стајковци под вода, но засега нема вода во подрумите и во куќите

Улиците во скопско Стајковци се полни со вода, но опасност од поплава барем засега нема, велат жителите од ова село. Тие додаваат дека состојбата со водата низ улиците не е алармантна, но ако дождот продолжи и понатаму засилено да врне, стравуваат да не се случи истото како летото, кога во силното невреме голем број од домовите беа уништени, а имаше...

Најмногу дожд наврна во Маврово и во Дебар

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Маврово – 30 литри на еден квадратен метар, потоа во Лазарополе - 19 литри, во Дебар - 14 литри и во Пожаране - 10 литри на еден квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје-Петровец и во Куманово наврнало еден литар на еден квадратен метар, во Претор, Тополчани, Охрид и во...

УХМР: Можни се излевања на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Оттаму велат дека обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и на одрони. „Врнежите што паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостојот на водотеците во земјава. Новите врнежи кои се очекуваат во текот...

Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат...

Нефункционална е санацијата на штетите од поплавите, истакнаа граѓанските активисти

Три месеци по катастрофалните поплави што ги погодија Скопје и околината, санацијата на штетите оди бавно и незадоволително, истакнаа граѓански активисти на денешната прес-конференција во село Стајковце, кое беше погодено од поплавите во август оваа година. - Саниран е многу мал процент од штетата, а не се отстранети ниту причинителите за катастрофалната поплава што го зафати овој регион. Асфалтирањето е изведено...

Македонија веќе не може да си ја дозволи алчноста на Груевски, обвинуваат од СДСМ

„По речиси три месеци од катастрофалната поплава што одзеде животи на 23 наши сограѓани, обиколницата сè уште е оштетена и ништо не е направено. Со оглед на итноста, одамна требаше да почне да се работи на санација на состојбата“, обвини денеска Дамјан Манчевски од СДСМ. - Откако по три месеци власта ништо не направи, донесе одлука работата за санација на обиколницата да...

Дваесет и четири лица загинаа во поплава во Виетнам

Во поплавите предизвикани од поројните дождови по минувањето на тајфунот Сарика, загинаа 24 лица, додека четири исчезнале во централниот дел на Виетнам, соопштија денеска властите во Ханој. Две лица загинаа на Филипини, каде поради налетот на тајфунот се евакуирани 150.000 лица. Најмалку 18 лица загинаа во виетнамската провинција Кванг Бин, која е најмногу погодена од поплавите. На тоа подрачје, исто така,...

Мисајловски вети дополнителни 6 милиони евра за санација на штетите од поплавите

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се одвоени од буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од буџетот на Град Скопје, а 500.000 евра издвоила Општина Гази Баба. Ова денеска го соопшти министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, при означувањето на почетокот...

Сугарески: Одговорност за поплавите мора да има

Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници се исплашија од првата седница на Надзорната комисија за поплавите пред 11 дена, видоа дека вистината за нивната одговорност ќе исплива на површина и оттогаш прават сè за да не продолжи, обвини координаторот на СДСМ, Горан Сугарески. - Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака никогаш да се одржи надзорната расправа бидејќи не сака јавноста да...

Бугарија додели 150.000 евра за настраданите од поплавите во Скопје и во Тетово

Република Бугарија денеска ѝ додели финансиска помош на Македонија за справување со последиците од поплавите во регионите на Скопје и на Тетово на 6 и 7 август оваа година, во износ од 150.000 евра. Средствата се обезбедени од буџетот на бугарското министерство за надворешни работи и ќе бидат исплатени во две еднакви рати на сметка на Црвениот крст на Република Македонија...

Шилегов: Власта нема да избегне одговорност за последиците од поплавите

Раководните кадри на власта на ВМРО-ДПМНЕ во институциите, нема да избегнат одговорност за ужасните последици од поплавите, колку и да се обидуваат да бегаат. Тоа што цел ден се обидуваат да ја блокираат Надзорната расправа покажува до каде оди неодговорноста на овие луѓе, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој додаде дека поплавите на Скопје му се случија, бидејќи во 21 век делови...

Делипетров: Не треба да се очекуваат посилни земјотреси

Професорот Тодор Делипетров, инженер-сеизмолог, специјалист за гео-физика од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, ги смирува граѓаните на Скопје и вели дека скопското епицентрално подрачје е плитко и тешко веројатно дека ќе има посилни земјотреси. Според него, ефектите од потресот на површината се релативно бенигни. - Паниката кај луѓето е оправдана. Сепак, земјотресот не би требало да предизвика сериозни промени на асеизмичките градби на кои се инсистира...

СДСМ: Каналите неисчистени, но пари легнале на сметките на фирми блиски до власта

Поплавите на површина го извадија неодговорното и криминално работење на власта, кое има огромни последици по безбедноста и сигурноста на граѓаните, обвини денеска членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, биле исплатени повеќе од...

Нова жртва на невремето и на поплавите во Грција

Бројот на жртвите од невремето и од поплавите во Грција се искачи на пет лица, откако доцна ноќеска беше пронајдено безживотното тело на 30-годишен маж во областа Ксилокастро кај Коринт. Претпоставките се дека човекот бил заглавен во автомобилот кога почнало невремето и во обид да излезе од него и да отиде на безбедно место, бил повлечен од најдојдените води. Голем дел од...

Три жртви и голема материјална штета од силното невреме во Грција

Тројца грчки граѓани го изгубија животот на Пелопонез, а една жена од Солун се води за исчезната во невремето и по обилните дождови што вчера ја зафатија Грција. Во невремето се поплавени огромен број места низ целата земја, причинети се катастрофални материјални штети, а дел од градовите, селата и од автопатите се блокирани и привремено отсечени. Во Солун ситуацијата беше особено лоша...

Шилегов: Еден месец по поплавите, сè уште не се знае точниот број на жртви

Точно еден месец од поплавите до денеска, сè уште нема конечен биланс на жртвите за кои знаеме дека се најмалку 23, но ниту една институција не ги отфрли неофицијалните информации за неколкупати поголема бројка на загинати, а не се знае бројката на исчезнати, изјави денеска во Стајковци портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој рече дека граѓаните од поплавените места сè...

Утре истекува рокот за пријавување на штетите од поплавите

Утре истекува рокот што го определи Владата за пријавување на настанатите штети од поплавите што се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица. Сите лица од овие населени места кои сè уште ги немаат пријавено штетите од поплавите,...

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ никогаш не биле заинтересирани за чистење одводни канали

Ноторна лага е дека СДСМ е заинтересиран за чистење на одводните канали и за безбедноста на граѓаните и нивниот имот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски и на Љупчо Николовски. „СДСМ е со години против одделувањето општински пари за чистење на одводните канали. Советниците на СДСМ со години не гласале за субвенционираното чистење на одводните канали во корист...

СДСМ: Поплавите се случија само поради неодговорноста на Груевски и на Трајановски

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, и Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на партијата, денеска на прес-конференција обвинија дека поплавите што се случија на почетокот на минатиот месец, се случија поради неодговорноста на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. - Наместо да се освести, Груевски упорно продолжува да го гради „тркалото на лудоста“ од 19...

Колумбиски кокаин во кутии со банани во Германија

Полицијата во Хилдесхајм, западна Германија, открила околу 190 килограми кокаин во картонски кутии кои, според документите, требало да содржат банани за трговец со овошје, пренесува германската новинска агенција дпа. Пазарната...