fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ никогаш не биле заинтересирани за чистење одводни канали

-

Ноторна лага е дека СДСМ е заинтересиран за чистење на одводните канали и за безбедноста на граѓаните и нивниот имот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски и на Љупчо Николовски.

„СДСМ е со години против одделувањето општински пари за чистење на одводните канали. Советниците на СДСМ со години не гласале за субвенционираното чистење на одводните канали во корист на граѓаните кои имаат земјоделско земјиште и барале повлекување на точките од дневниот ред. Скандалозно и непоимливо, надвор од границите на здравиот разум“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека денешната изјава е само уште една епизода од некрофилските сценарија на СДСМ и злоупотреба на трагедијата на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...