четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: поплави | 410 резултати

Несреќата кај Ласкарци, петта по број на жртви во поновата историја на Македонија (инфографик)

февруари 14, 2019

Автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 14 лица е петта по бројот на жртви во поновата историја. На црната листа води скопскиот земјотрес со околу 1.100 загинати и 3.000 повредени. По него следат авионските несреќи кои навистина биле бројни и крвави, а најголемата се случи на 22.11.1993 година кога патнички авион „Јак-42Д“ на „Авиоимпекс“ […]

Усвоен елаборатот за проценка на штети од поплавите во Охрид

октомври 31, 2018

За обесштетување од невремето кое го зафати охридското крајбрежје на 17 март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој го усвоија градските советници ќе биде испратен до Владата, односно до Републичката комисија за проценка на штети. За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина […]

Општина Гази Баба одбележува две години од поплавите

август 6, 2018

Општина Гази Баба, денеска ќе одбележи две години од природната катастрофа со поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Одреден дел од лица ги загубија животите на скопската обиколница. По […]

Четири жртви во поплави во Романија

јули 2, 2018

Четири лица загинаа, а неколку стотици луѓе беа евакуирани поради обилните дождови што ја зафатија Романија во последниве денови. Маж кој поминувал река на коњ и една жена се удавиле од надојдените води, исто како и маж што бил однесен од водата додека собирал зеленчук. Четвртата жртва настрадала при уривање куќа која била оштетена од […]

Најмалку 10 луѓе загинаа во поплава предизвикана од пукање на брана во Кенија

мај 10, 2018

Најмалку десет луѓе загинаа, а илјада останаа без домови поради пукање на брана во Кенија. Несреќата која ја предизвикале обилните дождови се случила во градот Солаи, 190 километри оддалечен од претстолнината Најроби. „Водата одзеде животи и предизвика огромна штета на имотите. Обемот на штета треба да се утврди“, соопштија локалните власти. Кенискиот огранок на Црвен […]

ЕЛЕМ: Нивото на Охридско Езеро не беше причина за поплава на крајбрежјето

март 21, 2018

Водата од Охридско Езеро стигна на крајбрежјето поради брановите, а не поради разликата во сантиметри во нивото на езерото, реагираат од ЕЛЕМ на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Минатите месеци се карактеризираа со големи дотоци, при што состојбата се менаџира максимално одговорно, за да не се надмине максималната кота на Охридското Езеро од 694 мнв […]

УХМР: Вардар излеан локално, внимателно движење покрај реките

март 7, 2018

Водостоите на реките се зголемени, а поради променливото време и честите промени на температурата, топењето на снегот продолжува со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму додаваат дека во горните текови на реките, се очекуваат постепени намалувања и стагнација, а низводно по теченијата, зголемување на водостојот. – Предупредуваме на внимателно движење покрај […]

Состојбата со водостите критична, можни се поплави во неколку котлини

март 6, 2018

На седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи, била согледана состојбата со водостоите на реките низ целата земја, при што членовите констатирале дека ситуацијата е најкритична во Северозападниот регион, во Пелагониската котлина, како и во Градот Скопје. Имајќи ги предвид најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за нови врнежи од дожд, Управувачкиот комитет за […]

Поплавувања во горните текови на Вардар, Црна и Треска

март 5, 2018

Поплавувања има во горните текови на реките Вардар, Црна, Треска и нивните помали притоки, соопшти УХМР. Новите врнежи од 10 до 15 литри на квадратен метар што се најавуваат за следните 24 часа на планините Кораб и Шар Планина, ќе предизвикаат дополнителен притисок врз водотеците и суводолиците во овие региони. Во моментов, според информација од […]

Почна расчистувањето на насипите во Вардар кај галиите

февруари 7, 2018

Град Скопје денеска почна со расчистување на насипите и градежниот материјал во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје, односно меѓу мостот Гоце Делчев и Камениот мост. Активностите се со цел да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд. – Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат […]

Црна река го поплави Бараковско Поле и населени места во Демир Хисар

февруари 5, 2018

Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на голем број реки, кои поплавија  населени места во Тетово, Кичево, Македонски Брод, Демир Хисар. Вчера, Црна река во демирхисарско се излеа од своето корито и го поплави Бараковско Поле. Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски информираше дека синоќа во соработка со месното население и ЈКП „Комуналец“, го расчистиле свлечиштето што […]

Сообраќајот прекинат на два патни правци, поради излевање на реките

февруари 3, 2018

Водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово – Јажинце, при што сообраќајот се одвива по едната коловозна лента, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. На влезот за село Долно Орашје, тетовско на патниот правец кој води од село Јегуновце кон село Радуша се излеала водата од Голема река, поради што патниот правец е […]

Во поплавите во Калифорнија загинаа 15 лица, а најмалку 25 се повредени

јануари 10, 2018

Во Калифорнија продолжува потрагата по настраданите во големиот одрон кој уништи десетина домови во областа Санта Барбара, каде што засега има 15 загинати и најмалку 25 повредени. Најмалку 50 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптер, поради невремето а бројот на жртви може да биде поголем при проширување на истрагата. This is not a river. […]

Свлечиштата и поплавите усмртија 240 лица на Филипини

декември 25, 2017

Билансот на жртвите од невремето кое предизвика свлечишта и поплави на југот на Филипини е зголемен на 240, а повеќе од 100 лица се водат за како исчезнати. Тропската бура „Тембин“ во петокот го погоди филипинскиот остров Минданао. Спасувачките екипи и понатаму трагаат по 107 лица, а се стравува дека многу од нив се загинати […]

УХМР: Водостојот на реките се намалува

декември 3, 2017

Водостојот на реките постепено се намалува и се очекува тоа да продолжи во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Зголемување на водостојот има само на две места на Вардар и на Црна Река. Според мерните станици на УХМР, од просекот за декември за трипати е зголемен Вардар кај Велес, каде водостојот изнесува […]

Поради поплави, евакуирани повеќе од 100 семејства во Албанија

декември 2, 2017

Врнежите во Албанија предизвикаа излевање на реките и поради тоа евакуирани се повеќе од 100 семејства, 120 километри југозападно од Тирана, соопшти Министерството за одбрана на Албанија. Официјалните лица наведоа дека поплавени се 3.334 куќи, како и 3.016 хектари земјоделско земјиште. Невремето остави 23.000 луѓе без струја, а летовите од аеродромот во Тирана се откажани. […]

Град Скопје изработи анализа за можностите за намалување на ризикот од поплави

ноември 30, 2017

„Анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот Регион“ е името на студијата што Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП, а денеска беше презентирана пред јавноста. – Градот Скопје почнува нова практика во начинот на работењето, во смисла на споделување на резултатите од научните студии со јавноста. Сакам да нагласам дека Градот […]

20 лица загинаа во поплавите во Грција

ноември 19, 2017

Тело на исчезнат маж е пронајдено во близина на автобуската гаража во атинската општина Мандра, со што бројот на загинатите во поплавите што го зафатија грчкиот главен град се зголеми на 20 лица. Големото невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, во петокот ја погоди Атина поради што беа затворени повеќе сообраќајници. Припадниците на пожарникарската служба […]

Заев изрази сочувство до Ципрас за жртвите во поплавите и понуди помош

ноември 16, 2017

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега, Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција, соопшти владината прес-служба. Во писмото премиерот Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и со роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите. „Би сакал да ја нагласам нашата […]

Поплавите во Атина однесоа 15 животи

ноември 16, 2017

Во поплавите предизвикани од поројните дождови во предградијата на Атина настрадаа најмалку 15 лица. Поплавата почна вчера, а оттогаш бројот на починатите постојано се зголемува. Вчера попладне пожарникарските служби наведоа дека починале 13 лица, додека крајбрежната стража пријави две жртви. Грчките медиуми јавуваат дека најмалку 12 лица се хоспитализирани, а едно лице се води како […]

Страна 5 од 21