fbpx

Георгиевски: Една година од поплавите, сè уште постојат подрачја што не се целосно санирани

-

„Институциите кои за време на катастрофалната поплава минатата година во која загинаа 23 лица, беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, целосно потфрлија. Неспособноста на институциите и на градоначалниците на Скопје и на Гази Баба создадоа дополнителни проблеми со кои граѓаните се соочуваат и денес“, изјави денеска на прес-конференција Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ – Гази Баба.

– Наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните од овие населени места, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Тони Трајковски, се грижат единствено за тендерите и за своите бизнис-интереси. И по цела година од поплавите, сè уште постојат подрачја што не се целосно санирани. Таков е примерот и со северната обиколница, чијашто санација беше дадена на сомнителен тендер на фирмата „Трансмет“ за договорена сума од 4 милиони евра, а сè уште не е готова и не е ставена во употреба. Дополнително, во селата Виниче, Страчинци, Сингелиќ и Инџиково, сè уште има преку 100 хектари земјоделска површина која граѓаните не може да ја обработуваат поради нерасчистените наноси и оштетувања од природната непогода – изјави Георгиевски.

Според Георгиевски, селективниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и нерешавањето на проблемите на граѓаните од погодените подрачја е срамно и недозволиво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Под мотото „Спектакуларно непослушни“ се одржа петтиот „Скопје Прајд“

Под мотото „Спектакуларно непослушни“, денеска се одржа петтиот „Скопје Прајд“. Почетната точка беше во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот започна собирањето на учесниците, а во 19 часот по...