понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: обиколница | 31 резултати

Бочварски: Обиколницата Штип од утре ќе биде во употреба

ноември 17, 2021

Штип доби нова модерна обиколница, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на изградената обиколница. Тие најавија дека од утре попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила. Обиколницата е во […]

Од денеска до четврток ќе има посебен сообраќаен режим поради Дигиталниот самит

април 17, 2018

СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу хотелот „Александар палас“ и спортскиот центар „Борис Трајковски“, поради Дигиталниот самит кој ќе почне утре. Посебниот сообраќаен режим ќе почне од денеска во 15 часот и ќе важи до четврток. „Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите […]

Свлечиште го прекина сообраќајот на обиколницата во Битола

февруари 2, 2018

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено. Од превентивни причини сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Како што информира Автомото сојузот на Македонија, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино, кај […]

Георгиевски: Една година од поплавите, сè уште постојат подрачја што не се целосно санирани

август 6, 2017

„Институциите кои за време на катастрофалната поплава минатата година во која загинаа 23 лица, беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, целосно потфрлија. Неспособноста на институциите и на градоначалниците на Скопје и на Гази Баба создадоа дополнителни проблеми со кои граѓаните се соочуваат и денес“, изјави денеска на прес-конференција Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ – […]

Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен

февруари 6, 2017

Утринава се нормализираше авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“, откако синоќа поради густата магла беа откажани летови кон повеќе дестинации. Според информативната табла на веб-страницата на „ТАВ Македонија“, откажан е само летот кон Виена во 4.25 часот, а сите други летови се реализираат. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за […]

Поради ниската температура, можна е појава на голомразица по патиштата

јануари 28, 2017

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози. Поради ниската температура, можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола, е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Во клисурите […]

Македонија веќе не може да си ја дозволи алчноста на Груевски, обвинуваат од СДСМ

октомври 28, 2016

„По речиси три месеци од катастрофалната поплава што одзеде животи на 23 наши сограѓани, обиколницата сè уште е оштетена и ништо не е направено. Со оглед на итноста, одамна требаше да почне да се работи на санација на состојбата“, обвини денеска Дамјан Манчевски од СДСМ. – Откако по три месеци власта ништо не направи, донесе одлука работата […]

#Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

октомври 27, 2016

Скопската обиколница во поплавата што ги погоди североисточните делови на Скопската Котлина на 6 август годинава, се претвори во апокалиптичен соучесник на надојдените води. Кај Стајковци таа насобра вода која однесе човечки животи и нанесе огромни штети на објекти и на автомобили и засекогаш го измени животот на илјадници жители на Стајковци и на другите […]

Шилегов: Груевски, Трајановски и Чавков ќе одговараат за поплавите

август 29, 2016

Никола Груевски, Коце Трајановски и Митко Чавков ќе одговараат за лажење, неспособност и за нанесување штета на граѓаните во врска со поплавите, изјави денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. – Ќе одговараат зашто пуштиле во употреба ризична обиколница, зашто не го предупредиле населението навреме за катастрофата, зашто не ги исчистиле каналите и коритата, […]

АМСМ предупредува на внимателно возење по скопската обиколница

август 19, 2016

Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува внимателно возење по скопската обиколница, бидејќи има оштетени делови на патот. По поплавите на 6 август кога ова подрачје беше најпогодено од невремето, скопската обиколница е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање […]

АМСМ: Oбиколницата Скопје пуштена за сообраќај

август 9, 2016

„Автомотосојузот на Македонија“ соопшти дека попладнево околу 18 часот пуштена е за сообраќај во двата правци обиколницата Скопје, која по невремето во саботата беше затворена. Од АМСМ информираат дека на деловите од коловозот кои се оштетени се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. На сите останати државни патишта, сообраќајот се […]

Пронајдено тело на 12-годишно дете, а се трага по исчезнато 16-месечно девојче

август 9, 2016

Расте бројот на загинати лица во големото невреме што во саботата доцна вечерта го погоди Скопје и околината. Вчеравечер, како што информираат од МВР за „Мета“, во населбата Ченто било пронајдено телото на 12-годишно момче, кое настрадало додека со неговиот дедо се движеле со трактор по обиколницата. Од МВР велат дека се трага и по […]

Сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен е нормализиран

март 18, 2016

Сообраќајот на патниот правец А3, обиколница Битола – Ресен, е нормализиран, информираат од АМСМ. Како што се наведува во соопштението на АМСМ, свлечиштето на патниот правец е исчистено од екипите на ЈП „Македонија пат“ и сообраќајот е нормализиран.

Скопската обиколница и денеска затворена

октомври 6, 2015

Скопската обиколница и денеска ќе биде затворена за сообраќај, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), во име на продуцентската куќа „Шик филмс“ (Chic Films) и „Мануфактура продукција“. Како што информираат од АМСМ, обиколницата околу Скопје за сообраќај ќе биде затворена до сабота (10 октомври), за потребите на снимањето на […]

Скопската обиколница затворена до 10 октомври

октомври 5, 2015

Скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во наредните пет работни дена, од 5 до 18 часот, поради снимањето на францускиот филм „А фонд“. Доколу временските услови не дозволуваат снимање и времето е дождливо, обиколницата ќе биде отворена за сообраќај, но потоа ќе се користат дополнителни денови за снимање.  

Скопската обиколница денеска ќе биде затворена

септември 26, 2015

Затворена за сообраќај поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, денеска, од 5 до 18 часот, ќе биде скопската обиколницата. АМСМ потсетува и дека поради снимањето на филмот, најавено е дека до крајот на месецов обиколницата ќе биде затворена од 7 до 19 часот.

Скопската обиколница затворена за сообраќај

септември 22, 2015

Денеска од 7 до 19 часот обиколницата околу Скопје  ќе биде затворена за сообраќај заради потребите на снимањето на францускиот филм „А Фонд“, соопштија продукциската куќа „Шик филмс“ и „Мануфактура продукција“. Патниот правец Охрид – Кичево во временски интервали од 15 до 20 минути ќе биде затворен поради минирање на патот.

Скопската обиколница отворена за сообраќај

септември 21, 2015

Денеска скопската обиколница ќе биде отворена за сообраќај. Автомото-сојузот на Македонија, во името на продукциската куќа „Шик филмс“ и на „Мануфактура продукција“, информира дека поради временската прогноза, која најавува дожд, обиколницата повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните. Од 28 септември, снимањето на филмот се сели на автопатот Неготино – Велес, каде ќе остане до 23 […]

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај

септември 20, 2015

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Обиколницата нема да се користи за снимање на филм поради најавените врнежи од дожд. Тешките камиони и шлеперите ќе можат да го користат овој алтернативен пат и да ги растоварат патиштата што поминуваат низ градот.

Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември

септември 14, 2015

Oд денеска скопската обиколница повторно ќе биде затворена за сообраќај поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“. Поради добрите временски услови, а во согласност со одобрението од Министерство за транспорт и врски, оваа недела секој работен ден од 7 до 19 часот обиколницата ќе биде затворена и целиот сообраќај ќе се пренасочува низ центарот на Скопје. […]

Страна 1 од 2