fbpx
Таг: обиколница

таг: обиколница

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Обиколницата нема да се користи за снимање на филм поради најавените врнежи од дожд. Тешките камиони и шлеперите ќе можат да го користат овој алтернативен пат и да ги растоварат патиштата што поминуваат низ градот.

Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември

Oд денеска скопската обиколница повторно ќе биде затворена за сообраќај поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“. Поради добрите временски услови, а во согласност со одобрението од Министерство за транспорт и врски, оваа недела секој работен ден од 7 до 19 часот обиколницата ќе биде затворена и целиот сообраќај ќе се пренасочува низ центарот на Скопје. Ваквиот режим на сообраќај ќе трае...

Скопската обиколница и денеска отворена за сообраќај

Обиколницата околу Скопје денеска повторно ќе биде отворена за сообраќај поради најавата за дожд, информира македонската продукција „Мануфактура“ во име на продукцијата од Франција „Шик филмс“, која таму го снима филмот „А Фонд“. Филмот почна да се снима во понеделникот, кога обиколницата беше затворена за движење на возила. Поради неповолната временска прогноза, екипата денеска нема да снима и автопатот ќе биде...

Министерство за транспорт: СДСМ за обиколницата изнесе куп лаги

„На СДСМ не им е грижа за граѓаните, па сега ја користат и уметноста да објавуваат лаги и невистини, користејќи ја секоја ситуација за да дојдат до гласовите на граѓаните. Господинот Бочварски денеска изнесе еден куп лаги и невистини“, реагираат од Министерството за транспорт и врски на прес-конференцијата на СДСМ. - Прва лага што СДСМ ја објави е дека скопската...

Затворената обиколница направи тесно грло од центарот на Скопје

Метеж и нервоза кај возачите денеска има низ улиците во Скопје, а се предизвикани од затворањето на обиколницата за потребите за снимање на францускиот филм „A Фонд“. Тоа создаде тесно грло по улиците и по булеварите низ центар на градот. Метежот е интензивен по булеварот Никола Карев, односно т.н. Пластичарска улица, а колона возила има и по булеварот Илинден. „Никаде во светот не е...

Скопската обиколница затворена поради снимање француски филм

Скопската обиколница утрово од 7 часот е затворена за сообраќај, поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“. Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје. Според ова, обиколницата ќе бите затворена за сообраќај 16 работни дена.

Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември поради снимање филм

Од утре до 28 сепетември, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај секој работен ден од 7 до 19 часот, од клучката кај Хиподром до клучката во Сарај, поради снимање на францускиот игран филм „2015 A Fond“, информира Автомото-сојузот на Македонија. Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината кај Петровец, додека...

Прооден патот Прилеп – Ресен

Патниот правец А3 Прилеп - Ресен - обиколка Битола, кој беше затворен поради одрон и свлечиште, во моментов е пуштен за сообраќај. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Девет лица повредени во верижен судир кај клучката Волково

Девет лица се пожалиле на повреди по верижен судир на повеќе возила, кој утрово, околу 8 часот, се случил на обиколницата кај клучката Волково, информираат за „Мета“ од СВР Скопје. Повредените се пренесени на скопските клиники. Засега нема информации за видот и за тежината на повредите со кои се здобиле патниците во судирот, но според првичните сознанија, не станувало збор...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....