недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: пленум | 22 резултати

Нова средба на пленумите со МОН за законот за високо образование

март 16, 2015

Нова средба меѓу двата пленума, претставници од Сенатот и од Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи во ректоратот на УКИМ. Тие на заедничка маса треба да го договорат концептот на работа за креирање сосема нов закон за високо образование. Од студентскиот и од професорскиот пленум велат дека интензивно се работи на прибирање на […]

Денеска втора средба на МОН, УКИМ и на пленумите

февруари 24, 2015

Втора средба на работната група за високото образование, составена од претставници на сите засегнати страни – Универзитетот, Владата, МОН, и пленумите на студентите и професорите – ќе се одржи денеска во Ректоратот на скопскиот универзитет, во 14 часот. На првата официјална средба во четвртокот, која траеше речиси пет часа, беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, […]

Официјално формиран „Студенски пленум“ на штипскиот универзитет

февруари 18, 2015

Два дена по објавувањето на фотографиите, со кои со транспаренти се даде поддршка за пленумците, штипските студенти и официјално формираа „Студентски пленум“. На заседанието вчера попладне бил договорен и начинот на дејствување, иако, како што изјавуваат, имаат доза на страв. На социјалната мрежа „Фејсбук“ имаат своја страница, на која напишаа дека „Студентски пленум“ при УГД […]

„Професорски пленум“: Ќе се вклучиме во работата за подготвување нови законски решенија

февруари 7, 2015

„Професорски пленум“ беше дел од делегацијата која на барање на ректорот на УКИМ оствари средба со премиерот Груевски и со неговиот тим. Во долгата дебата, претставниците на професорскиот пленум, заедно со колегите и со студентите, ги афирмираа клучните забелешки и аргументи за неприменливоста на законите од областа на високото образование (ЗВО), се вели во соопштението […]

„Професорски пленум“ бара одложување на законот по 2018 година

февруари 6, 2015

Ставот на „Професорски пленум“ е неколкупати јавно истакнат и тој ќе му биде предочен и на премиерот Груевски: разговори околу нов закон за високо образование се можни откако ќе биде одложена примената на последните законски измени на Законот за високо образование, велат од „Професорски пленум“. „Привременото одложување до 2018 година ќе даде простор и доволно […]

„Студентски пленум“ со акција за помош на настраданите во поплавите

февруари 5, 2015

„Студентски пленум“ денеска испрати апел за хуманитарна помош на настраданите во поплавите. „Сочувствуваме со семејствата чии домови беа поплавени, семејства кои најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Ве повикуваме да се солидаризираме со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава. Со таа цел, утре […]

„Професорски пленум“: Ќе посегнеме по сите правни инструменти

јануари 22, 2015

„Професорски пленум“, по потпишувањето на указот за Законот за високо образовани од претседателот Ѓорѓе Иванов, испрати соопштение во кое се вели дека ќе посегнат по сите правни инструменти, меѓу кои и форми на граѓанска непослушност. „Почитувани граѓани, укажуваме дека претседателот стави потпис на укази за прогласување на закони кои содржат неуставни одредби, со кои се […]

„Студентски пленум“: Ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме

јануари 14, 2015

Сите наши писма до институциите беа отфрлени, освен тоа кај претседателот, кој ни рече дека ќе одлучи државнички. Знае ли тој како еден државник треба да го почитува Уставот, праша Ана Нешовска од „Студентски пленум“ денеска пред Собранието на Македонија. – Со овој закон се крши автономијата на Универзитетот. Ако тој се донесе, од утре ќе […]

„Професорски пленум“ бара Ректоратот да го демантира MOН

јануари 14, 2015

„Професорски пленум“ упати јавно барање до ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, да го демантира Министерството за образование и наука (МОН), дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување пилот-проект за државен испит само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ. Според соопштението, Ректорската […]

„Студентски пленум“ не сака да учествува на дебатата за законот за високо образование

јануари 5, 2015

„Студентски пленум“ не сака да учествува во дебата која е „про-форма“. Оттаму велат дека смешно е да се дебатира за закон кој е во второ читање. „Ниту сме повикани на ваква дебата ниту, пак, сакаме да бидеме дел од ваква дебата. Ние сакаме да дадеме лигитимитет на дебата која е само „про-форма“ на Владата само […]

„Професорски пленум“ ги образложи причините зошто нема да учествува на дебатата

јануари 5, 2015

Професорскиот пленум денеска преку соопштение го извести ректорот Велимир Стојковски за причините за неучество на дебатата што министерот за образование, Абдилаќим Адеми, ја организира за измените на Законот за високо образование. Во писмото се вели: „Заблагодарјувајќи се на довербата која ја укажавте на неколку претставници на „Професорски пленум“, должни сме да Ве известиме за заклучоците […]

Стојковски: Професори од „Професорски пленум“ прифатија средба со Адеми

јануари 4, 2015

Ректорот Велимир Стојковски експресно одговори на писмото од „Професорски пленум“. Тој тврди дека е на страна на факултетите и на професорите, но за јавна дебата вели дека е доволна средбата со министерот и со професорите закажана за утре. Затоа немало потреба од телевизиска дебата, објави „Фокус“. Во продолжение следува писмото на ректорот: „Писмото кое го добив […]

„Професорски пленум“ бара ректорот Стојковски да не оди на средба со министерот за образование

јануари 4, 2015

Професорите собрани во „Професорски пленум“ му упатија отворено писмо на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван ректоре, проф. д-р Велимир Стојковски, Дозволете најнапред да Ви ја честитаме Новата година и да Ви посакаме среќа и успех, Вам и на целата ректорска управа. Како што веќе знаете од […]

„Професорски пленум“ повика на ТВ-дебата

јануари 3, 2015

Денеска на својата фејсбук-страница „Професорскиот пленум“ објави повик за телевизиска дебата за законот за високо образование. Повикот се однесува на поддржувачите на законот, контра-пленумците, Министерството за образование и наука и Владата, за, како што е наведено, да се соочат со аргументите.  

Двесте професори се здружија во „Контра пленум“

декември 30, 2014

Двесте професори  се потпишале на иницијатива за поддршка на државниот испит. Во неа се вели дека знаењето е основната движечка сила во секоја професија, па поради тоа цврсто се убедени дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе ја исполни основната и единствена цел заради која се воведува. Оттаму истакнуваат дека автономијата на универзитетот секогаш била и мора […]

В понеделник, петта студентска средба на платото пред УКИМ

ноември 30, 2014

„Студентски пленум“ за утре (понеделник) ја најави петтата студентска средба, прва по протестниот марш. „Понесете си топла зимска облека и топли пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот“, стои во повикот.

„Студентски пленум“: Ние имаме само една книшка, тоа е индексот

ноември 24, 2014

Уморни сме од оваа излишна реторика, која се обидува да даде партиска конотација на иницијативата и со тоа да ја делегетимира. „Студентски пленум“ ќе настојува да го врати нивото на академскиот дискурс, кој се базира на критичност и на аналитичност, а не на лични дисквалификации и на етикетирање, реагираат од оваа студентска организација. Пленумот, се […]

(ФОТОГРАФИИ) „Студентски плеунум“ постави табли на средно Водно

ноември 6, 2014

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на 4 ноември 2014 година (среда) постави табли на патот кон средно Водно за потсетување на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми. – Сметаме дека СПУКМ треба да почне посериозно да ги претставува […]

Страна 1 од 1