fbpx

„Професорски пленум“ бара Ректоратот да го демантира MOН

-

„Професорски пленум“ упати јавно барање до ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, да го демантира Министерството за образование и наука (МОН), дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување пилот-проект за државен испит само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ.

Според соопштението, Ректорската управа на УКИМ одржала вонредна седница на 13 јануари и заклучила дека нејзиното барање упатено до ресорното министерство да се заложи кај овластените предлагачи „да се повлечат предложените законски решенија од собраниска процедура заради потребата од поопсежна дебата и согледување на сите аспекти од предложените измени“ не биле прифатени.

УКИМ во своето соопштение објавено на универзитетската веб-страница укажува дека на вонредната седница Ректоратот донел одлука со која уште еднаш се „укажува дека за вакви суштински промени во високото образование се потребни продлабочени анализи…и детектирање на реалните проблеми“. Исто така, Ректорската управа му предложила на Собранието на Македонија да „интервенира во предложените законски решенија, односно да пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување темелни анализи и пилот-проекти“.

„Тргнувајќи од јавно објавеното соопштение на Ректорската управа на УКИМ, каде што никаде не е споменато дека Универзитетот предлага пилот-проект за државниот испит, „Професорски пленум“ бара од ректорот Стојковски јавно да го демантира Министерството за образование и наука“, стои во соопштението од „Професорски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...