fbpx

Официјално формиран „Студенски пленум“ на штипскиот универзитет

-

Два дена по објавувањето на фотографиите, со кои со транспаренти се даде поддршка за пленумците, штипските студенти и официјално формираа „Студентски пленум“.

На заседанието вчера попладне бил договорен и начинот на дејствување, иако, како што изјавуваат, имаат доза на страв.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ имаат своја страница, на која напишаа дека „Студентски пленум“ при УГД е организација од и за студентите, која ќе ги претставува студентските идеи, како „алтернатива на постојните студентски организации кои очајно си ја вршат работата“.

– Пленумот изразува солидарност со колегите од пленумите во Скопје и во Битола и најавува соработка за остварување на заедничките цели – подобро високо образование за сите! – стои на страницата.

Логото на страницата е заокружениот лик на македонскиот револуционер Гоце Делчев, по кој универзитетот го носи името.

„Гоце има свое автентично мислење, па моравме да го заокружиме“, напишаа студентите.

Студентите на универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека досега се колебале да им се придружат на пленумци од страв од одредени професори, кои јасно ставиле на знаење дека се против активностите на двата пленума. Од друга страна, на УГД има професори, кои активно учествуваат на „Професорски пленум“, незадоволни од состојбата со високото образование, која ја опишуваат како „хаотична“. Според професорите, „Професорски пленум“ интензивно работи и подготвува стратегија, која ќе ја претстави на утрешните преговори со МОН, УКИМ и со „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...