fbpx

„Професорски пленум“ бара одложување на законот по 2018 година

-

Ставот на „Професорски пленум“ е неколкупати јавно истакнат и тој ќе му биде предочен и на премиерот Груевски: разговори околу нов закон за високо образование се можни откако ќе биде одложена примената на последните законски измени на Законот за високо образование, велат од „Професорски пленум“.
„Привременото одложување до 2018 година ќе даде простор и доволно време да се вклучат сите засегнати страни во процесот и да дадат свој придонес во подготвувањето нов закон за високо образование, кој ќе се темели на длабинска анализа на сегашната состојба, досегашните политики и на потребите на македонскиот образовен систем. Само ваков процес е гарант дека Македонија ќе има квалитетна законска рамка за спроведување на современо образование кое соодветствува на условите и на потребите на општеството. Во овој процес, „Професорски пленум“ ќе се вклучи сесрдно, но не пред да се создадат услови, односно да се одложи спроведувањето на последните измени на Законот за високо образование“, се вели во соопштението од „Професорски пленум“.
Од „Професорски пленум“ велат дека остануваат на своите ставови дека усвоените промени се лоши и неприменливи, но, што е поважно, тие се неуставни, антиреформски и длабоко задираат во автономијата на Универзитетот.
Тие се децидни дека Универзитетот припаѓа на академската заедница, на студентите и на професорите и дека политичарите мора да ги слушаат нив во процесот на креирање политики што се однесуваат на образованието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...