(ФОТОГРАФИИ) „Студентски плеунум“ постави табли на средно Водно

-

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на 4 ноември 2014 година (среда) постави табли на патот кон средно Водно за потсетување на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми.

– Сметаме дека СПУКМ треба да почне посериозно да ги претставува интересите на студентите на најголемиот државен универзитет во Македонија, наместо само да организира студентски забави и манифестации кои немаат цел подобрување на положбата на студентите во Македонија. Сметаме дека е поразително што официјалната студентска организација, која се финансира директно од средства на студентите што студираат на факултетите при УКИМ преку ставката ИКСА, досега не застана на страна на студентите кои бараат да не се воведе екстерен испит кој само дополнително ќе ги оптовари студентите и ќе ги спречи оние кои нема да прикажат позитивни резултати да го продолжат своето студирање – реагираат од „Студентски пленум“.

Оттаму велат дека според член 349 и член 350 од Статутот на УКИМ, Студентскиот парламент при УКИМ е официјалното тело кое треба да ги претставува студентите пред органите на Универзитетот, факултетот и јавноста. До сега, СПУКМ како организација нема излезено со никаков став во јавноста на темата државен испит, мерка која нема да донесе никаков квалитет во високото образование и само ќе го попречи образовниот процес на многу млади луѓе во Македонија.

„Студентски пленум“ не го признава СПУКМ како легитимен претставник на студентите.

– Овие активност на „Студентски пленум“ се најава за понатамошните активности на оваа иницијатива, чија главна цел е спречување на воведување државен испит во високото образование. „Студентски пленум“ е автентична студентска иницијатива која има цел да ги обедини студентите во Македонија во одбрана на нивните права. „Студентски пленум“ е составен од студенти кои активно се вложуваат во борбата за студентските права. Во него можат да учествуваат сите студенти што сакаат да бидат дел од заедничката борба, но притоа секој е должен да пристапи како индивидуалец, без никакви партиски влијанија. Секој во „Студентски пленум“ има право јавно да го изложи своето размислување и притоа да биде слушнат, секој има право да се вклучи во која било работна група при „Студентски пленум“, но при тоа во таа група активно да се вложи. Секој во „Студентски пленум“ има право да биде еднакво информиран за работата на пленумот – заклучуваат од „Студентски пленум“.

 

 

 

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...