Нова средба на пленумите со МОН за законот за високо образование

Нова средба меѓу двата пленума, претставници од Сенатот и од Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи во ректоратот на УКИМ.

Тие на заедничка маса треба да го договорат концептот на работа за креирање сосема нов закон за високо образование.

Од студентскиот и од професорскиот пленум велат дека интензивно се работи на прибирање на ставовите од сите интерни пленуми, а конечните барања ќе ги достават на следните средби.