fbpx
Таг: паркинг

таг: паркинг

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес - служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно - дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и...

ЈП „Градски паркинг“ и годинава ќе добие субвенции, но не за нови паркинзи

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ и годинава од градскиот буџет ќе добие субвенции за потешкотии во работењето. Станува збор за средства во висина од 7,5 милиони денари (околу 120.000 евра), но во Буџетот на Град Скопје нема дополнителни средства што би се издвоиле за изградба на нови паркинзи во главниот град за решавање на актуелниот проблем со паркирањето. Од Град...

Изедначувањето на цената за паркирање допрва ќе се договара меѓу ПОЦ, Градски паркинг и АДСДП

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) постојано е во комуникација со Град Скопје и АД за станбен и деловен простор, но засега нема конкретен договор за изедначување на цената за паркирање во центарот на Скопје. Откако ПОЦ ја зголеми цената за паркирање на 70 денари за еден час на нивните паркинзи, граѓаните почнаа да реагираат дека ваквата услуга е...

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно...

Недостигот на паркинзи во Центар носи повисоки цени и протести на пазарџиите

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утринава предизвикаа сообраќаен хаос во централното градско подрачје со блокадата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ пред седиштето на „Макпетрол“. Тие се незадоволни од зголемувањето на цената на паркингот кај пазарчето на 70 денари за еден час, бидејќи со ваквата одлука им се намалува прометот на пазарот. Пазарџиите бараат од Паркинзи на општина...

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз бележи континуирано намалување на...

Нема доволно места за паркирање во Скопје, но затоа има премногу работа за пајакот (инфографик)

Недостатокот на паркинг места во Скопје е голем проблем за граѓаните кои го користат својот автомобил за патување низ градот, но за пајак - службата на ЈП „Градски паркинг“ ваквата негативна состојба е вистинска можност за заработка. Непрописно паркираните возила, кои ги крева пајакот, на ова јавно претпријатие му носат приход од стотици илјади евра годишно. Податоците од Годишните извештаи...

Зонското паркирање во Тетово се наплаќа подолго во споредба со другите градови

После 21 часот во Гостивар, Куманово и Скопје можете бесплатно да го паркирате возилото на местата за зонско паркирање. Но, во Тетово, ситуацијата е поинаква. Во овој град зонското паркирање важи до 23 часот. Во Тетово, исто така, нема олеснувања за сабота, споредено со споменатите градови, каде што во сабота се плаќа до 15 часот, а во недела паркирањето...

Нема анализа колку паркинг места му фалат на Скопје

Градот Скопје активно го следи проблемот за недостигот на паркинг места низ главниот град, но досега немаат направено анализа за тоа колку места за паркирање недостасуваат во Скопје иако скопскиот градоначалник Петре Шилегов пролетва изјави дека на главниот град му недостигаат околу 8.000 паркинг места. Градските власти изработиле физибилити сообраќајна студија за паркирањето на подрачјето на Град Скопје, но...

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили на секои 1.000 жители изброени во 2017 година. Наспроти пресметката на Државниот завод за статистика, податоците...

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи. Реакцијата...

„Електромобилност“ бара бесплатен паркинг за еколошките возила од Советот на Општина Штип

Пред Советот на Општината Штип се најде иницијативата од здружението „Електромобилност“ од Скопје, за целосно ослободување од плаќање на паркинг за електричните и хибридните возила. Иницијативата се однесува на ослободување од плаќање паркинг за сите компании и граѓани кои поседуваат вакви возила. Предлог одлуката е до ЈП „Стипион“, кое стопанисува со паркинзите. Во образложението на иницијативата се вели дека со...

Осум години Скопје ја чека изградбата на бесплатни паркинзи за возилата од другите градови

Иако бил вклучен како проект во 2011 година во првиот план за одржлив транспорт на Град Скопје, „Паркирај и вози“, концептот до денешен ден не е воведен во нашата метропола. Проектот со кој градовите од развиените земји го решаваат проблемот со сообраќајниот метеж во нивните центри не е изведен во изминативе 8 години од страна на градските власти. Никола Крстаноски,...

Бирократски процедури го паркираа возилото за децата со посебни потреби во Штип

Цели три месеци сосема новото возило што со донации беше набавено за редовен превоз на деца и возрасни со посебни потреби во Штип стои паркирано во дворот на „Македонија пат“. Комбето е специјализрано, со рампа за кревање на колички и е едно од долгогодишните барања на родителите на децата со посебни потреби. За комбето Општината Штип издвои 3.000 евра,...

Попова Шапка можеше да биде тоа што се денес Банско и Боровец

Двата скијачки центри во Бугарија, Банско и Боровец, иако помалку популарни во времето кога Попова Шапка имаше светска слава, последните години имаа силен развој, и го доживуваат најголемиот „сјај“ што го имале досега, пишува „Порталб.мк“. Покрај тоа, благодарение на компаративните предности што ги имаат, ниските трошоци, овие центри се натпреваруваат со ски-центри во Франција и Швајцарија. Повеќегодишните проблеми во скијачкиот...

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за викенд, поради трки со автомобили

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот, до 15.30 часот поради спортска манифестација, информираат од МВР. „На 08 и 09 декември (сабота и недела) во времето од 07 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно и од тие причини...

Во Охрид акција на „Супер радио“: Помалку автомобили, помалку метеж

Охридското „Супер радио“ ја почна акцијата „Помалку автомобили, помалку метеж“, со која ги повикува охриѓани колку што е можно помалку да ги користат автомобилите во текот на шпицот на сезоната, особено во центарот на градот. - Идејата е да се обидеме сите заедно да го намалиме бројот на автомобили во центарот на градот. Ќе признаеме дека сите ние ги користиме...

Сменетиот Панчевски се паркирал на местото на претседателот на судот

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, сменет од функцијата на 4 декември лани, денеска својот приватен автомобил „БМВ Х5“ го паркирал на местото резервирано за службеното возило на претседателот на судот, објави „СДК“. Порталот објави фотографии од џипот, кои ги добил попладнево од судии од Основен суд Скопје 1. На тоа место, со одлука на експретседателката на Врховниот суд,...

Авион „пајпер“ се сруши во населено место во Невада жителите евакуирани

Авион „пајпер“ се сруши во градот Елко, во Невада под засега неразјаснети околности. Според тврдењата на градските власти во него се наоѓале четири лица, а жителите од тој дел од градот биле евакуирани. Според пишувањата на сведоците на социјалните мрежи, авионот се срушил на паркиралиште и притоа предизвикал експлозија на паркираните автомобили. На местото на несреќата пристигнале полициски, противпожарни и возила...

Центарот на Тетово блокиран од паркирани возила

Жители од центарот на Тетово реагираа поради хаосот со паркирањето во нивните населби. Според нив, поради недостиг од слободни места за паркирање во рамки на зоната А, голем број возила се паркираат покрај нивните домови. - Автомобилите нема каде да се паркираат и на крај луѓето ги оставаат пред нашите домови, на тротоари и на улици. Поради ваквиот начин на паркирање тука се...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...