fbpx

„Електромобилност“ бара бесплатен паркинг за еколошките возила од Советот на Општина Штип

-

Пред Советот на Општината Штип се најде иницијативата од здружението „Електромобилност“ од Скопје, за целосно ослободување од плаќање на паркинг за електричните и хибридните возила. Иницијативата се однесува на ослободување од плаќање паркинг за сите компании и граѓани кои поседуваат вакви возила. Предлог одлуката е до ЈП „Стипион“, кое стопанисува со паркинзите.

Во образложението на иницијативата се вели дека со оваа одлука Општината ќе ја стимулира замената на старите, традиционални возила со возила базирани на „зелени“ технологии, со што ќе ја стимулира електромобилноста.

„Со тоа Општината ги следи директивите на ЕУ за зачување на животната средина, намалување на бучавата и загадувањето на воздухот“, стои во иницијативата од „Електромобилност“.

На иницијатива на ова здружение вакви одлуки, со кои се ослободуваат од плаќање паркинг се донесени прво во Општината Струмица, по што следеа општините Охрид и Општина Центар. На интернет-страницата на „Електромобилност“ појаснуваат дека иако иницијативата била нивна, Општината Центар си ја присвоила како своја оваа иницијатива.

Со писма со оваа иницијатива се обратиле до повеќе општини и владини министерства и институции од кои бараат и ослободување од плаќање на патарини за електричните и хибридните возила, меѓутоа не добиле повратен одговор.

Во Штип, според салоните за возила, полека почнува да расте интересот главно за електричните возила, но не помалку атрактивни се и скутерите и тротинетите. Низ градот се возат неколку електромобили и позитивната одлука на Советот на Општината Штип нема да носи значајни финансиски импликации по буџетот на ЈП „Стипион“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...