Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот, до 15.30 часот поради спортска манифестација, информираат од МВР.

„На 08 и 09 декември (сабота и недела) во времето од 07 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно и од тие причини ќе биде затворен. МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопштуваат од МВР.