fbpx
Таг: пад

таг: пад

Мал пад на цената на квадратен метар станбена површина

Просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во 2015 изнесуваше 46.085 денари, што е за 0,9 отсто помалку во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Скопје, просечната цена на еден квадратен метар изнесуваше 52.916 денари што е за 1,8 отсто помалку во споредба со 2014 година. Во другите населени места во земјава таа изнесуваше 33.243 денари, што...

Не се очекува пад на цената на становите

Годишно се градат околу 6.000 станови, а трендот на зголемување на бројот на изградени станови ќе продолжи и во наредниот период. Не се очекува пад на цената на станбениот квадратен метар бидејќи, како што велат од Стопанска комора, и досега имало мало намалување. - Цената е политика на фирмите, но не се очекува дека таа ќе се намали. Сепак, компаниите...

Активностите на градежните компании се зголемуваат дома, а се намалуваат надвор

Градежништвото останува најголем двигател на македонската економија и гранка која остварува најголем пораст. Градежните компании се ангажирани на изведба на патната инфраструктура и на објекти од висока градба. Има 4.349 фирми во градежништвото кои учествуваат со 6,2 процeнти од активните компании во земјава. - Во 2015 година има зголемување на договорените градежни работи за 65,8 проценти во однос на 2014 година, пред сè, поради...

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот поради неизвесноста во поглед на потенцијалното излегување на Обединетото Кралство до Европската унија, пренесува „Би-Би-Си“. При тргувањето, фунтата ослебела за 1,4 отсто во однос на доларот, со што продолжи неколкумесечното слабеење. Спрема јапонскиот јен, фунтата од 162,40 јени во петокот, денеска падна на вредност од 160,40 јени, што е најниско ниво од...

Сончево време со температура до 18 степени

Времето ќе биде сончево и потполо, а во западните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 2 Целзиусови степени, а дневната...

Пад на акциите на светските берзи поради неизвесноста од останувањето на Лондон во Унијата

Акциите на светските берзи денеска загубија од вредноста поради понатамошниот пад на цената на нафтата и како резултат на очекувањето на исходот од преговорите за спречување на излегување на Обединетото Кралство од Европската унија. Британскиот премиер Дејвид Камерон порача дека договор со европските лидери сè уште нема и дека нема да се откаже од британските барања за понатамошно членство во Унијата. Трговците на...

Грчката берза на најниско ниво од 1989 година

Главниот индекс на атинската берза падна на најниско ниво од 1989 година. Проблемите во владата во Атина, во преговорите со кредиторите околу реформите на пензискиот систем и гневот на синдикатите поради последните мерки на штедење, повторно предизвикаа страв за состојбата со грчката економија и за нејизините изгледи за излез од кризата. Нестабилноста се одрази на берзата, па главниот индекс на атинската...

Пад на девизните резерви од 67 милиони евра

Девизните бруто-резерви на крајот од третото тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.187,4 милиони евра, што претставува пад од 67,5 милиони евра во однос на претходниот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. - Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, како резултат на остварените високи отплати врз основа на обврски кон...

Руската рубља закрепнува по падот

Руската валута рубља денеска закрепна откако цената на нафтата се зголеми, но и благодарение на уверувањето од страна на шефот на Европската централна банка, Марио Драги, дека ќе се разгледаат можности за дополнително олабававување на монетарната политика. Заздравување е регистрирано и на европските берзи, при што лондонскиот индекс FTSE и германскиот DAX се зголемија за 2 проценти. Акциите на руските берзи, исто така,...

Руската рубља на рекордно ниско ниво

Главниот индекс на Московската берза денеска се намали пет проценти, а руската рубља е на рекордно ниско ниво, односно за еден долар се добиваат 77,73 рубљи, а едно евро за 84,71 рубља. Руската економија и валута се на мака уште од 2014 година, поради падот на цената на нафтата, западните санкции кон Москва и украинската криза.

„Тошиба“ ќе отпушти 7.000 работници

Јапонската корпорација „Тошиба“ има намера да укине од 6.000 до 7.000 работни места во обид да ја реструктуира компанијата, пишува јапонскиот весник за бизнис „Никеи“. Најголем број откази ќе бидат доделени во секторот за апарати за домаќинство. Компанијата, исто така, планира драстично да го намали обемот на производство во фабриката „Оме“ во Токио, во која се произведуваат телевизори и компјутери, а...

Градежен работник починал на работно место

Вчера, околу 15.40 часот, во Скопје, на улица Македонија, во објект во изградба на ЕЛЕМ, при вршење работни задачи, на Т.П.(51) од Скопје му паднала метална цевка од скеле на глава, при што тој починал. Смрт констатирал лекар, а увид на местото на настанот изршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавно обвинителство, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат...

Руската авиокомпанија бара отштета од Египет поради падот на авионот

Руската авиокомпанија „Когалимавиа“ планира од египетските власти да побара отштета поради падот на авионот „ербас А321“, кој кон крајот на октомври се урна врз Синајскиот Полуостров, како резултат на терористички напад. - Египет е партнер на Русија во многу области и тие односи се градени со децении. Ги почитуваме и ќе се обидеме да постигнаме согласност со нив, без судска постапка –истакна...

Пад на странските инвестиции за 38 милиони евра во однос на истиот период лани

Во првите девет месеци од годинава, странските директни инвестиции изнесуваат  115,91 милиони евра, објави Народна банка. За разлика од истиот период лани, кога тие изнесувале 154 милиони евра, имаме намалување од близу 38 милиони евра. Во септември е регистриран одлив на странски капитал од 17,6 милиони евра.

Медведев: Терористички напад е можна причина за падот на авионот

Рускиот премиер Димитри Медведев изјави дека не се отфрла можноста дека терористички напад е причината за падот на рускиот авион во Египет, при што 224 лица го загубија својот живот. - Можноста дека тоа беше терористички чин, очигледно останува евентуално објаснување за она што се случи – рече Медведев. Како што наведе рускиот премиер, тоа е и причината да се донесе...

Русија за 24 часа евакуирала 11.000 туристи од Египет

Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирале 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик-премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович. Се очекува да се вратат уште поголем број туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани. Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и во Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше...

Египет покрена истрага за вработените на аеродромот

Египетските власти соопштија дека е покрената истрага за сите вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик кои имале некаква врска со урнатиот руски авион. Неименувани безбедносни официјални лица и преставници на аеродромот потврдиле дека властите ги испрашуваат вработените на аеродромот и дека почнале надзор на дел од нив, поточно на тие што работеле на летот на руската авиокомпанија „Метроџет“, чиј авион се урна на 31...

Работник загинал по пад од четири метри височина

Педесет и деветгодишен работник вчера попладне го загубил животот додека изведувал градежни работи на објект во Каварадци, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Тоде Т. (59) од селото Конопиште, кој паднал од височина од четири метри и починал на самото место. Екипа на кавадаречката полиција извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот...

Девизните резерви бележат пад и во октомври

Според последните расположливи податоци, во третото тримесечје на 2015 година девизните резерви забележаа пад, а благо намалување е забележано и во текот на октомври. - Гледано преку факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сѐ, на редовното отплаќање на надворешните обврски на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар...

Девизните резерви помали за 247 милиони евра за разлика од лани

Вкупните девизни резерви изнесуваат 2.187.400.000 евра, што во споредба со истиот период лани значи намалување за околу 247.600.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка. Лани во истиот период тие изнесувале 2.435.000.000 евра. – Намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сè, на редовното намирување на надворешните обврски од државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...