Работник загинал по пад од четири метри височина

Педесет и деветгодишен работник вчера попладне го загубил животот додека изведувал градежни работи на објект во Каварадци, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, станува збор за Тоде Т. (59) од селото Конопиште, кој паднал од височина од четири метри и починал на самото место.

Екипа на кавадаречката полиција извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.