fbpx
Таг: Основен суд Скопје 1

таг: Основен суд Скопје 1

Судиите од Кривичен се сретнаа со Прибе, бараат да бидат вклучени во реформите

Судиите од Основниот суд Скопје 1 денеска имале средба со Рајнхард Прибе и со неговиот тим на експерти, на која било истакнато дека извештајот и препораките на работната група на Прибе од 2015 година „се основа за реформите во судството“. Судиите на средбата истакнале дека е „потребно нивно поактивно вклучување во процесот на подготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање...

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела. СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на одлуката на Кривичниот совет на...

Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

Жалбата за мерката на претпазливост која ѝ беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која беше денеска објавена на веб-страницата на судот. Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е одземен и таа треба еднаш...

Судот не одобри притвори побарани од СЈО, се реши за мерки за претпазливост

Основен суд Скопје 1 вечерва ги соопшти одлуките за пет барања од СЈО, со напомена дека за другите ќе се решава и јавноста ќе биде информирана утре. Од петте одлуки соопштени кон крајот на денешниот ден, се гледа дека не е прифатено ниту едно од барањата за притвор, а во некои случаи наместо бараната мерка се изречени мерки на...

СЈО почна да ги носи доказите за обвиненијата во Кривичниот суд

Тимови на СЈО попладнево, по прес-конференцијата на која специјалната обвинителка Катица Јанева објави дека поднесува 17 обвиненија против 94 физички и седум правни лица, почнаа со пренесување на доказниот материјал во Основниот суд Скопје 1. Доказите, спакувани во десетици кутии, со комбиња беа пренесени во Кривичниот суд, а како што најави Јанева, денеска и утре континуирано ќе се носат во судот...

Одбиени барањата на СЈО за замрзнување имот на ВМРО-ДПМНЕ

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 не ги прифатил 12. барања на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Судија на претходна постапка изразил несогласување за барањата за привремено одземање на имот, по што решавал Кривичниот совет, кој ја потврдил одлуката на судијата. „Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд...

Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции во Македонски телеком се шест...

Со условни казни ослободени деветтемината обвинети за насилствата во Собранието

Сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието на 27 април денеска на рочиштето во Основен суд Скопје 1 добија условни казни, откако ја признаа вината, за да добијат поблаги казни. Тие беа обвинети за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност. Сите, освен Димче Христовски - Жабата, добија условни казни од 6 месеци затвор ако го повторат...

Деветтемина обвинети за насилството во Собранието ја признаа вината

Деветтемина обвинети, чие судење за насилствата и тепањето во Собранието на 27 април, почна претпладнево се изјаснија дека се виновни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност, како што гласи обвинението. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, на кое присуствуваат сите обвинети, Ангеле Зафировски прво се изјасни како невин, а по кратко време...

Кривичниот совет експресно го врати предметот за Кочан кај судија на претходна постапка

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 експресно ја спроведе пресудата на Врховниот суд и уште денеска донел одлука во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој Врховниот суд го укина и го врати предметот на повторно одлучување. Како што соопштија попладнево од Основниот суд Скопје 1, Кривичниот совет на првостепениот суд не донел конкретна одлука дали на Кочан...

Одреден 30-дневен притвор за осомничените напаѓачи на Зијадин Села

Судија на претходна постапка вчеравечер одреди 30-дневен притвор за осомничените напаѓачи на пратеникот З.С., откако Основното јавно обвинителство - Скопје побара притвор за две лица во врска со овој случај, потврдија за „Мета“ од Основен суд Скопје 1. Јавен обвинител вчера донесе наредба за истражна постапка против двете лица за наведеното кривично дело. Полицијата вчера рано наутро извршила претрес во домот...

Основен суд Скопје 1: Притворено уште едно лице поврзано со инцидентите во Собранието

Основен суд Скопје 1 вечерва соопшти дека определил притвор од осум дена за уште едно лице поврзано со инцидентите во Собранието, што се случија на 27 април. - Во Основниот суд Скопје 1 попладнево е спроведено уште едно лице кое е дел од предлогот на Основното јавно обвинителство - Скопје против 15 лица поврзани со инцидентот во Собранието, за кои судот...

Врховниот суд официјално кажа дека одбил буквално сè, но не и зошто

Врховниот суд попладнево и официјално соопшти дека ги одбил сите барања и приговори што беа на дневен ред на денешната општа седница. Имено, на седницата се одбиени барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, приговорот на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и приговорите на 17-те судии од Основниот суд Скопје 1 против...

Врховниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

Врховниот суд на денешната општа седница го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски, од Кривичниот совет, кој треба да одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Од Врховниот суд сè уште нема официјална потврда за одлуката за Вангеловски. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на...

Врховниот суд денеска ќе одлучува по барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

Врховниот суд денеска на општа седница во 11.30 часот, ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски. На седницата ќе се резгледуваат и ќе се одлучува и по приговорите на судиите од Основниот суд Скопје 1 за годишниот план за работа, што на крајот на минатиот месец го донесе в.д. претседателот на...

Врховниот суд утре ќе одлучува за изземањето на Вангеловски

Врховниот суд за утре ја закажа општата седница на која треба да одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски, потврдија за „Мета“ од судот. На седница која е затворена за јавноста, како што информираат од Врховниот суд, ќе се одлучува и по приговорите на судиите од Основниот суд Скопје...

Седумнаесет судии поднеле приговори до Врховниот суд за распоредот на Рибарев

Седумнаесет судии од Основниот суд Скопје 1 досега поднеле приговори до Врховниот суд за новиот годишне распоред што кон крајот на минатиот месец го донесе претседателот на судот, Стојанче Рибарев, потврдиле од Врховниот суд за дел од медиумите. Не се исклучува можноста до Врховниот суд деновиве по пошта да пристигнат нови приговори, по што треба да биде закажана општа седница...

Во годишниот распоред на Рибарев имало место само за желбите на некои судии

Новиот в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, вчера на судиите им го доставил годишниот распоред за работа за 2017 година, соопштија денеска од судот. При подготвувањето на распоредот, како што стои во соопштението на судот, предвид биле земени мислењата на судиите, од седницата што тие ја одржаа со Рибарев, кон средината на овој месец, кратко по неговиот...

Рибарев се сретна со Јанева, разговарале за соработката меѓу судот и СЈО

Новиот в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, денеска имал средба со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Денеска Стојанче Рибарев во просториите на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. На средбата се разговараше за актуелните прашања во врска со соработката...

Судиите и Рибарев разговарале за годишниот распоред за работа

Вчера и денеска судиите во Основниот суд Скопје 1 одржале состаноци со новиот в.д. претседател на судот, Стојанче Рибарев, и ги дале своите своите мислења и предлози околу подготвувањето на годишниот распоред за работа на судиите. Како што соопштуваат од судот, состаноците биле на иницијатива на Рибарев. Утре, додаваат оттаму, во Основниот суд Скопје 1 ќе се одржи закажаната редовна посета...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...