fbpx
Таг: Основен суд Скопје 1

таг: Основен суд Скопје 1

Јово Вангеловски – нов претседател на Врховен суд, Стојанче Рибарев – в.д. претседател на Кривичен

Судскиот совет на денешната седница ги избра судијата Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд, а врховниот судија Стојанче Рибарев го назначи за в.д. претседател на Основен суд Скопје 1. За изборот на Вангеловски гласаа 12 членови на советот, а еден беше против, а според Бадентеровото правило, кое е неопходно при изборот на претседател на суд, петмина беа „за“, а еден беше „против“....

Судскиот совет денеска ќе избира претседатели на Кривичниот и на Врховниот суд

Судскиот совет денеска 14 часот закажа седница на која на дневен ред се избор на в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 по оставката на судијката Татјана Михајлова. Како трета точка на дневен ред е усвојувањето на конечни ранг-листи на кандидатите за претседатели на Врховен суд, по што ќе се избере и новиот претседател на тој суд. Судијката Михајлова минатата недела...

СЈО: За определувањето притвор за Сеад Кочан дознавме од медиумите

Специјалното јавно обвинителство реагираше денеска на некои написи во медиумите поврзани со изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева и соопштува дека за притворот дознале од медиумите. „Со оглед дека во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето притвор на еден од осомничените лица во...

Во МВР стасало решението за притвор за Сеад Кочан, се чека апсење

Окулу еден часот, МВР го доби решението од Основен суд Скопје 1 со кое се наложува лишување од слобода на бизнисменот С.К., изјави за „Мета“ портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски. „Се наложува на овластените службени лица од МВР на РМ, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги - Скопје, по пронаоѓање и...

Караџовски: Нова „Михајлова“ ќе бараме меѓу постојните кандидати или на нов конкурс

Судијката Татјана Михајлова, неотповикливата оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, ја даде без конкретно образложение за причините, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. - За причините секој може да нагаѓа и да шпекулира кои се, како јас, така и вие - изјави Караџовски. Претседателот на Судскиот совет рече дека се бара најсоодветното решение по оставката...

Која е судијката Татјана „2.000 евра казна за Јанева и за Фетаи“ Михајлова?

Судијката Татјана Михајлова вчера си поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на најголемиот и најважниот суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Причините за ненадејната одлука на Михајлова сè уште не се познати, иако една од шпекулациите е дека тоа го сторила затоа што Врховниот суд поништи седум од осумте прераспоредувања што таа ги потпиша. Молчи и претседателот на Судскиот...

Судскиот совет за оставката на Михајлова: Преземаме мерки за решавање на ситуацијата

Судскиот совет на Република Македонија денеска преку соопштение потврди дека судијката Татјана Михајлова вчера си поднела неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1. Од Советот додаваат дека денеска ќе преземат мерки за „адекватно решавање на настанатата ситуација“ и дека во најкраток можен рок ќе закажат седница. - Судијата Татјана Михајлова вчера, на 7 март 2017 година, со писмен...

Судијката Михајлова си поднесе оставка во Основниот суд Скопје 1

Судијката Татјана Михајлова денеска поднесе оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, објави „Утрински весник“. Од судот, за „Мета“ ниту ја негираат, ниту ја потврдуваат ваквата информација. Оттаму упатуваат на Судскиот совет, кој е надлежен за избор на судиите и на претседателите на судовите. Засега не се откриваат причините за оставката, која следува откако повеќемина судии поднесоа жалби...

Панчевски ќе добие поголема плата, на прераспоредените ќе им останат исти

На судиите од Основниот суд Скопје, кои со новиот годишен распоред што го донесе в.д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, се прераспоредени од кривичното во прекршочното одделение, нема да им бидат намалени платите. На прашање на „Мета“ дали има разлики во висината на платите на судиите во овие одделенија, од Основниот суд Скопје 1 ни одговорија дека „платата на судиите...

И Авировиќ замина од судот без да даде изјава

Василије Авировиќ, како и Сеад Кочан, на распитот во Кривичниот суд помина три часа. Тој потоа го напушти судот од главниот влез и набрзина замина. Авировиќ, со Кочан и со уште едно лице, е осомничен во случајот „Труст“ што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го отвори во вторникот. Со оглед дека и Кочан и Авировиќ слободно излегоа од судот, најверојатно судијата на...

Кривичен суд: СЈО продолжува со притисоците и со заканите кон судиите

Претставките што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги поднесе до Советот за утврдување на факти против судии од Основниот суд Скопје 1 се уште еден од низата притисоци и закани кон судиите да одлучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО, независно од законските норми, стои во реакцијата на Кривичниот суд. Од судот велат дека јавноста имала можност да се запознае со...

Караџовски бил фрапиран од новинарите што известувале за новиот распоред на судии

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бил „зачуден и фрапиран“ од известувањето на новинарите за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, со кој извесен број судии што досега работеле на кривични предмети, се префрлени во прекршочното или во други оддели. - Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и вокабулар од тие што се...

Кривичен суд: Јанева и Фетаи се однесуваа дрско и непрофесионално

Во 72-годишното постоење на Основниот суд Скопје 1, не се памети вакво однесување и непочитување на судот, судската власт и на судија која ја води постапката, какво што покажале специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, реагираат од  Кривичниот суд. - Како суд, заради транспaрентно информирање...

Распределбата на судиите е „државен удар на ранетиот ѕвер“, смета Арифи

Најопасна од сите видови власт е власта во заминување, вели Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, во колумна со наслов „Државниот удар на ранетиот ѕвер“ за „Нова ТВ“. За Арифи не постои друг начин на толкување на чистката што в.д. претседателката на Основен суд Скопје 1 ја направи преку последната прераспределба на судиите во овој суд. Таков напад...

По новиот распоред на судиите СДСМ најавува реизбор, а ВМРО-ДПМНЕ обвинува за притисоци

Во Македонија ќе има целосен реизбор на судии, кои ќе работат за заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега, велат од СДСМ, по информациите дека Основниот суд Скопје 1 донел нов годишен распоред на судии, со кој извесен број судии, кои досега работеа на кривични предмети, се прераспоредени во одделот за прекршоци. - Сите обиди на криминалците и...

Новиот распоред на судиите не е чистка поради СЈО, демантираат од Судот

Во Основниот суд Скопје 1, в.д. претседателката Татјана Михајлова донела нов годишен распоред на судии, според кој, извесен број судии, кои досега работеа на кривични предмети, се прераспоредени во одделот за прекршоци. Инаку, скопскиот суд е надлежен за процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство. Според пишувањата на дел од медиумите, кои се повикуваат на извори од судот, меѓу прераспоредените судии...

СЈО ќе му ги достави документите за „Пуч“ на Советот на јавни обвинители

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе одговори на барањето и на Советот на јавни обвинители во најкраток можен рок ќе му ги достави списите и документацијата од предметот „Пуч“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека станува збор за обемна документација, чија подготовка за доставување била во тек. „По однос на барањето на Советот на јавни обвинители за доставување на списите...

Кривичен суд: Обвинителите на СЈО не ги почитуваат процедурите на судот

Кривичниот суд во Скопје денеска ги отфрли обвинувањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дека судот продолжува со опструкциите на нивната работа и одбива да издаде наредби за претрес што се однесуваат на сегашни и на поранешни високи функционери. Во врска со неколкуте барања за претреси што СЈО ги поднело на 20 јануари оваа година, од Кривичниот суд велат дека обвинителката на...

Одложен почетокот на судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката

Почетокот на судењето за случајот „Еразмус“, во кој се обвинети шестмина професори од Економскиот факултет во Скопје, е одложено откако на денешното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побарале изземање на судијката Љубинка Башеска и на судијата Ивица Стефановски, како член на судечкиот совет, пренесува „24 Вести“. Адвокатот Јован Јоанидис, во образложението на барањето за изземање на судиите, навел дека...

Сменетиот Панчевски се паркирал на местото на претседателот на судот

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, сменет од функцијата на 4 декември лани, денеска својот приватен автомобил „БМВ Х5“ го паркирал на местото резервирано за службеното возило на претседателот на судот, објави „СДК“. Порталот објави фотографии од џипот, кои ги добил попладнево од судии од Основен суд Скопје 1. На тоа место, со одлука на експретседателката на Врховниот суд,...

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ: фокус на проширувањето и владеењето на правото

Токму затоа што беше неформален, од неодамнешниот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, немаше завршен документ. Оваа статија ја засноваме на прес-конференциите пред и по Самитот, но...