fbpx
Таг: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

таг: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Обвинителството будно ги следи медиумите за „Маѓар телеком“ и „презема дејства“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција будно ги следи сознанијата од медиумите и врз основа на нив почна дополнителни дејства за меѓународна правна помош. Ова е дел од одговорот на Јавното обвинителство на Република Македонија на нашето прашање „Дали исходот од постапката за случајот „Маѓар телеком“ во САД ќе влијае на истрагата за случајот во Македонија?“. Од...

Рочиштето за „Поткуп“ одложено за 4 мај, Заев бара копии од наредбите за ПИ-мерки

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше повторно одложено, откако адвокатите на одбраната побараа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да им достави копии од доказите за случајот. Судијката Дијана Груевска-Илиевска го прифати барањето на одбраната и следното рочиште го закажа за 4 мај, кога треба да почне главната расправа со...

ОЈО за организиран криминал гони две лица осомничени за трговија со марихуана

Во координирана акција со Секторот за криминалистички истраги - единица за недозволена трговија со дрога при МВР, Jавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција разбило група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици. Надлежен јавен обвинител, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, денеска до судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, поднел...

Притворени три лица осомничени за трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, станува збор за лицата Ф.И. (50), С.Ф. (50) и М.А. (47), на кои на барање на обвинителството, судија на претходна...

Шестмина осомничени од Прилеп, Битола и од Арачиново уапсени во акцијата на МВР

Шестмина, од вкупно осум осомничени лица, биле уапсени во вчерашната акција на МВР против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава, соопшти денеска Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во акцијата, која МВР ја спровело по насоки од обвинителството, осомничени се лица од Прилеп, Битола и...

Заев денеска на распит кај Зврлевски за изборни нерегуларности

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот е повикан на распит во Основното јавно обвинителство, во врска со истрагата за злоупотреба на пари во изборна кампања, пренесуваат медиумите. Покрај Заев, според информациите во медиумите, на распит се повикани уште неколку раководни лица во партијата. Од СДСМ потврдија дека поканата од Јавното обвинителство пристигнала вчера. Како што пренесува порталот „Нова“, од...

Зврлевски отвори истраги против високи функционери на „одредена политичка партија“

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција информираше дека отворило две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните и на изборите за претседател на државата, одржани во април 2014 година и за предвремените парламентарни избори во декември минатата година. Осомничените, поранешни високи функционери на МВР, на локалната самоуправа и „носители на високи функции во одредена политичка...

Општина Струмица: Обвинителството на Зврлевски лаже

Секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов, денеска ги отфрли како лажни наводите од истрагата што Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отвори против „висок функционер на Општината“ поради злоупотреба на службената положба. - Лага е дека за асфалтирање на една иста улица во општина Струмица биле распишани четири посебни договори, поради што Јавното обвинителство под раководство на...

Зврлевски отвори истрага против висок функционер во Општина Струмица

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило истражна постапка против „носител на висока функција во Општина Струмица“, за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Јавното обвинителство. Според обвинителството, осомничениот, чиј идентитет не се открива, се товари дека во 2010 година во ист ден со иста фирма склучил четири посебни договори во вредност од 1.029.549...

Поднесено обвинение против криминална група за шверц на 100 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинителен акт против три лица - членови на криминална група, кои се товарат за шверц на 100 килограми марихуана. Како што соопштуваат од обвинителството, станува збор за четиричлена група, која организирала шверц на 100 килограми марихуана од Албанија во земјава. Дрогата, според обвнителството, била наменета за нарко-пазарот во Турција,...

Откриени шест мигранти по сообраќајка во Струмица, обвинителството отвори истрага

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција истражува случај на шверц на мигранти, што бил откриен вчера, по сообраќајна несреќа што се случила во Струмица. Како што информираат од обвинителството, македонски државјанин, управувајќи патничко возило, изгубил контрола и удрил во столб од уличното осветлување во Струмица. При вршење на увидот од страна на надлежните, во возилото биле затекнати...

Кривичниот суд им одреди 30 дена притвор на петтемина осомничени во „Мрежа“

На барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 им одредил 30 дена притвор на петтемина осомничени кои во петокот минатата недела беа уапсени во полициска акција поради трговија со дрога - кокаин. „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1, пред судија...

Зврлевски отвори истрага против високи функционери на МВР за изборни измами

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило предистражни постапки против поранешни високи функционери на Министерството за внатрешни работи и „други физички и правни лица“ (фирми) од Скопје, Куманово и од Струмица, кои се товарат за кривични дела против изборите. Лицата, чиј идентитет не се открива, се сомничат за злоупотреба на службените овластувања, а делата за кои се...

Денеска нов обид за почеток на судењето против Заев за „Поткуп“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран...

СЈО: Не водиме предистражна постапка против обвинителот Владимир Милошевски

Специјалното јавно обвинителство демантира дека води предистражна постапка против јавниот обвинител на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Владимир Милошевски. Од СЈО потврдуваат дека политичката партија СДСМ до нив поднела кривична пријава против обвинителот Милошевски и други лица и дека сè уште се испитуваат наводите во кривичната пријава. „До ова јавно обвинителство доставена е кривична пријава од политичката партија...

МВР: Не бевме информирани за акцијата за претрес во домот на Величковиќ

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека не било информирано ниту, пак, учествувало во планирањето на акцијата за вршење претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, туку дека таа била изведена од Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по наредба од судија на претходна постапка. „Министерството за внатрешни работи на РМ ја информира јавноста дека акцијата...

Обвинителството имало налог за претрес на домот, а не за приведување на Величковиќ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска потврди дека вчера, по налог на судија за претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје, бил извршен претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, а во рамките на предистражна постапка што се води против началникот. „Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни...

СЈО: Имаме законска обврска да го бараме „Сопот“ зашто произлегува од „бомбите“

Специјалното јавно обвинителство има законска обврска да го побара случајот „Сопот“ бидејќи е поврзан со содржината и со кривичните дела што произлегуваат од еден од прислушуваните разговори кој беше јавно објавен, соопштија денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Како што и претходно појаснивме, врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот познат во јавноста како „Сопот“, а...

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Панчевски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава што судијата Иван Џолев ја поднесе против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, со која го товараше за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Обвинителството ваквата одлука ја донело откако по „сеопфатно проучување на сите прибрани докази“ утврдило дека не станува збор за кривично...

Дали СЈО ќе го добие „Сопот“, ќе одлучува Советот на јавни обвинители

Дали Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ѝ го достави на Катица Јанева предметот за случајот „Сопот“, ќе зависи од Советот на јавни обвинители. Од Обвинителството за „Мета“ потврдија дека го добиле барањето на СЈО, но се обратиле до Советот на јавни обвинители и побарале од него да се произнесе околу тоа дали предметот треба да...