fbpx
Таг: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

таг: ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Во Македонија откриена најголемата лабораторија за синтетички дроги во регионот

Во Тетово и во Скопје вчера е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа, соопшти денеска Јавното обвинителство. Лабораторијата е откриена во акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, а во предистражната постапка учествувале и Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Србија, преку...

Тројца осомничени за 27 април од куќен притвор одат во истражен затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера уважил дел од жалбите на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на тројца осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, им го заменил куќниот притвор, што претходно им беше одреден, со построга мерка - притвор, потврдија од судот. Како што соопштија оттаму, станува збор за лицата М.П., Г.Ѓ....

Собранието напладне ќе одлучува за имунитетот на шестeмина пратеници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за дененска напладне ја закажа пленарната седницата на која ќе се одлучува за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, во врска со барањето на Кривичниот суд за нивно притворање. Шестемина пратеници се дел од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април...

Уште двајца притворени за насилствата од 27 април

Судија на претходна постапка им одредил притвор уште на две лица, М.М и С.М., осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, кои вчера биле спроведени на распит во Кривичниот суд во Скопје. Осомничените против овие одлуки имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во рок од 24 часа по приемот на решенијата. Со ова,...

Судот досега нема побарано одземање на имунитетот на приведените пратеници

До овој момент во Собранието нема пристигнато барање од Кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на пратениците што се приведени утрово за насилствата во законодавниот дом од 27 април оваа година, изјави за „Мета“, пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. - За да заседава и да одлучува Комисијата, треба да пристигне барање од...

Чавков и 35 лица се товарат за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршило предистражната постапка за насилствата во Собранието од 27 април оваа година и отворило истрага против вкупно 36 лица. „По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомневање за сторено...

Обвинителството отвори истрага за случајот со „Јадран филм“ и серијата „Македонија“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека отворило предистражна постапка во врска со договорот меѓу Агенцијата за филм и продуцентската куќа „Јадран филм“ за снимањето на серијата „Македонија“. Од Обвинителството велат дека предистражната постапка е отворена по известување од Управата за финансиска полиција. „Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите....

Седум доживотни и 26 долгогодишни затворски казни добија обвинетите во „Диво Насеље“

Седуммина обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор. Ова се пресудите за 33 обвинети во случајот „Диво Насеље“ што...

Разбиена криминална група што тргувала со дрога и шверцувала мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска во координирана акција со Министерството за внатрешни работи разбило шестчлена криминална група чии членови се товарат за трговија со дрога и за шверц на мигранти. Акцијата, како што соопшти обвинителството, била спроведена денеска во Скопје, Велес и во Тетово. Според обвинителството, криминалната група од април до септември оваа година организирала купување...

МВР му поднесе кривична на Јанакиески за незаконска продажба на државни станови

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, кој се товари дека на две лица незаконски им овозможил да купат државни станови во Прилеп по повластени цени, со што го оштетил државниот буџет за околу 2,6 милиони денари или околу 42.000 евра, соопшти денеска МВР. Покрај Јанакиески, кривични пријави се поднесени и против Д.Р....

Обвинителството бара највисоки казни за обвинетите во „Диво Насеље“

Обвинителството за организиран криминал и за корупција бара судот да им одреди највисоки казни за 37-те обвинети за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Куманово. Обвинителите Вилма Рускоска и Наум Пановски на денешното рочиште ги дадоа завршните зборови, неколку часа презентирајќи ги анализираните докази за секој од обвинетите, содржани на 40 страници. На рочиштетот, како...

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 лица донело наредба за спроведување...

ОЈО за организиран криминал му го предаде на СЈО случајот „Сопот“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска му го предало случјот „Сопот“ на Специјалното јавно обвинителство, кое треба да утврди и да се произнесе дали е надлежно за овој случај. Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал ја донел одлуката откако вчера добил известување од Советот на јавни обвинители, во кое немало децидна одлука дали случајот треба...

ОЈО за организиран криминал: „Монструм“ е кај нас, но никој не ни го побарал

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција попладнево ја негираше изјавата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштувајќи дека предметот за случајот „Монструм“ е во нивна надлежност и во нивната архива и дека никој досега, ниту СЈО, ниту Советот на јавни обвинители не им го побарал. Јанева на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање зошто не го отвори случајот...

Обвинителството две години истражува како ПИМ-снимката од Заев се нашла на „Јутјуб“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција две години истражува од каде е објавена и кој ја објавил снимката од посебните истражни мерки (ПИМ) во случајот „Поткуп“ на видеомрежата „Јутјуб“. Одбраната на премиерот Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, денеска побара од судот да ја изземе снимката од ПИ-мерките од доказниот материјал, токму поради тоа што таа незаконски...

Заев денеска првпат како премиер треба да се појави во суд за случајот „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот суд Скопје 1, каде треба да продолжи судскиот процес за случајот „Поткуп, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште. Инаку, ова ќе биде прво појавување на Заев во судот како премиер. Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано...

ОЈО „призна“ дека упадот во Собранието не е дело на толпа туку на злосторничко здружение

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека во истрагата за насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април се вклучува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи по разгледувањето на доказниот материјал било утвредено дека „постои содејство на неколку осомничени во целокупните збиднувања во објектот на Собранието во надворешниот појас и во внатрешноста на објектот во...

Во истрагата за 27 април се вклучува и Обвинителството за организиран криминал

Основното јавно обвинителство - Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека дел од истрагата за насилствата во Собранието на 27 април целосно ја предава на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје утврдило дека постоела соработка на неколку осомничени и затоа заклучило дека истрагата за тие случаи треба да ја водат нивните колеги кои гонат организиран криминал....

Обвинителство: Директори на НЛБ и поранешен министер под истрага поради перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отворило истрага против поранешен и актуелен директор на „НЛБ Тутунска банка“, поранешен министер, адвокат, нотар и еден словенски државјанин, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари. Како што соопштија денеска од Обвинителството, постојат сомнежи дека во периодот од 2006 до 2017 година „биле преземани дејства за...

Местенка, тероризам или криминал: Две години без одговори за акцијата во Диво Насеље

И по точно две години  прашањата што се наметнаа уште додека Диво Насеље во Куманово сè уште мирисаше на барут и на чад од дводневната борба помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група, остануваат неодговорени. Одговори на клучните дилеми нема ниту по една и пол година судски процеси: Кои биле вистинските мотиви и цели на кумановската група?; Дали станува збор за...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...