fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Седницата на Уставниот суд за Законот за помилување ќе биде јавна

Сединицата на Уставниот суд закажана за среда (16 март), на која ќе се одлучува дали на претседателот на државата ќе му се врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или ќе остане актуелното решение во Законот за помилување, ќе биде отворена за јавноста, велат за „Мета“ од Уставниот суд. - Судот секогаш бил отворен за јавноста. Седницата, како и...

Уставниот суд в среда ќе го врати помилувањето за изборни измами

Уставниот суд в среда (16 март) ќе одлучува дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да амнестира лица за изборни измами или, пак, ќе го остави актуелното решение во Законот за помилување со кое тоа му е оневозможено. Како што може да се види од агендата за наредната седница на Уставниот суд, објавена на интернет-страницата на судот,...

Владата донесе одлука за вработување на 112 поранешни професионални војници

На минатата седница, Владата донесе одлука и акциски план со кој 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ ќе бидат вработени во рамките на државните институции, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Ѓорѓиев нагласи дека станува збор за 112 поранешни професионални војници на кои им престана службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35,...

Јужната граница де јуре отворена, де факто запечатена

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза доцна синоќа одржал состанок по повод новите околности и мерки воведени од земјите на балканската рута, на кој, како што потврдуваат за „Мета“ од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Министерството за внатрешни работи (МВР), не биле донесени нови мерки, туку биле утврдени претходните заклучоци, односно колку мигранти ќе излезат...

Протест пред Уставниот суд: „Мафија на робија“, „Оставка“, „Има Грујо – нема мир“.

Удирајќи во тенџериња и лонци, група граѓани вчера повторно  се собраа пред Уставниот суд да го искажат незадоволството од одлуката на судот да ја разгледа иницијативата за промена на Законот за помилување, која предвидува да може да се помилуваат и лица што се гонат или се осудени за изборен криминал. Насобраните граѓани извикуваа „Мафија на робија“, „Оставка“, „Каде ни се парите“,...

Заев: Одлуката на Уставен суд само охрабрува нови изборни измами

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Кочани го кажа својот личен став за последната одлука на Уставниот суд, со која се дозволува разгледување на уставноста на Законот за помилување. -  Само да потсетам дека изборните грабежи, независноста на судството и пратизираните институции беа главни причини за политичката криза во Македонија. Со одлуката на Уставниот суд, Никола Груевски многу јасно ја...

Со фрлање јајца и со извици „судска мафија“, граѓани протестираа пред Уставниот суд

Со фрлaње јајца по фасадата на зградата на Уставниот суд и со извици „Судска мафија“, „Партиски судии“, „Мафијашка држава“, „Оставка“, „Готово е Никола“, „Робија“,„Нема правда - нема мир“, стотици граѓани протестираа пред судот поради одлуката за која, како што велат, е во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Протестот под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“...

Шилегов: Со одлуката на Уставниот суд Груевски ја призна вината на своите соработници

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција рече дека со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами. - Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски?...

ЛДП: Срамна е одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

Срамна и недемократска е одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за промена на Законот за помилување, со која повторно му се даде право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, реагираат од Либералнодемократската партија (ЛДП). Според либералдемократите, денешната одлука на Уставниот суд е уште една потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци во...

Две сценарија за (не)распуштање на Собранието

Утре е последниот ден кога пратениците ќе можат да ја изменат или, пак, да ја одложат одлуката што ја донесоа на 18 јануари, а со која е предвидено Собранието да се распушти в среда. Ако ниту една политичка партија утре не поднесе иницијатива да се промени датумот на изборите, Собранието ќе се рапушти и ќе може да заседава само во воени или...

Пендаровски: Да нема фиксен датум за изборите додека не се исполнат условите

Носителот на иницијативата „Партнерства за Македонија“, Стево Пендаровски, денеска од Демир Капија посочи дека опозицијата очекува поместување на рокот за предвремените парламентарни избори, како и тоа, овојпат да нема фиксиран нов датум за избори сè додека не се спроведат во целост обврските од Договорот од Пржино. - Деновиве очекуваме одлука во однос на претстојните парламентарни избори, поточно поместување на рокот...

Жалбите на Јанева одбиени – дефинитивно нема притвор за Јанакиески и за Темелко

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, ги одби како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, соопшти...

Кривичниот совет најдоцна до утре треба да одлучи по жалбите на Јанева

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, најдоцна до утре попладне треба да донесе одлука по жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судијата на претходна постапка кој ги одби барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Како што потврдуваат од судот за „Мета“, вчера пристигнале и жалбите на одлуките на судијата на...

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава...

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до...

Укинато намалувањето на поведението на средношколката поради објавата на „Фејсбук“

Наставничкиот совет на училиштето „Кочо Рацин“ во Велес, на вонреден состанок едногласно ја укинал одлуката за намалување на поведението на средношколката Илина Димовска, пишува Радио МОФ. Состанокот бил одржан на 29 јануари, ден по објавата на голем дел до медиумите за случајот со средношколката. Имено, на средношколката Димовска ѝ било намалено поведението затоа што на 16 номеври на „Фејсбук“ напишала критички став кон вработените...

Рочиштето за „Ровер“ повторно одложено, се чека дали Јанева ќе го преземе предметот

И денешото рочиште од судскиот процес „Ровер“, во кое еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, е одложено. Како што пренесува „Телма“, рочиштето е одложено бидејќи судот ја чекал одлуката на специјалната обвинителка, Катица Јанева, околу преземањето на предметот. Ако Јанева донесе одлука Специјалното обивнителство да го води овој случај, тогаш судскиот процес повторно ќе...

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори на 24 април

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва добил едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција да не учествуваат на изборите на 24 април. „СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори. Избирачкиот список мора да се прочисти. Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите. Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија...

Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа новата влада

Седумдесет и два пратеника се изјаснија позитивно по предлог-одлуката за распуштање на Собранието. Против одлуката гласаше еден пратеник, а шестмина беа воздржани. Во салата беа присутни 109 пратеници. Оваа одлука ќе почне да се применува од 24 февруари. Со оваа одлука, предложена од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, се подготвува теренот за изборите, кои треба да се одржат на 24 април. Опозицијата не беше присутна...

СДСМ: Нема да учествуваме на избори без прочистен избирачки список и без слободни медиуми

На седницата на извршниот одбор на СДСМ донесена е едногласна одлука дека за СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен избирачки список. На такви избори СДСМ нема да учествува, соопштуваат од партијата. „Непрочистениот избирачки список и медиумскиот мрак „фамилијата“ би сакала да ги користи за спас на сопствената кожа. Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...