fbpx
Таг: обвинители

таг: обвинители

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските и за контактите со соработници...

Јанева: Началникот на УБК денеска ќе се појави пред суд на сослушување

Првоосомничениот во случајот „Тврдина“, кој денеска на прес-конференција го образложи обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, инаку началник на УБК, во 13 часот ќе се појави во Основниот суд Скопје 1. Ова додека траеше прес-конференцијата го изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. СЈО за првоосомничениот бара мерка притвор, а за останатите осомничени поблаги мерки на претпазливост, како што се одземање на...

Советот на јавни обвинители ја почна седницата, Јанева не дојде

Советот на јавни обвинители ја почна седницата на која, како што е најавено, ќе се разгледуваат барањата на Специјалната јавна обвинителка Катица, Јанева за преземање на случаите „Маѓар телеком“, „Верушевски“ и „Шпион“. Иако беше поканета, сепак на седницата нема да присуствува специјалната обвинителка Јанева. Таа за денеска во 11 часот во просториите на СЈО закажа прес-конференција. Во понеделникот, претседателот на Советот...

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување. - Во случајот „Титаник“ се...

Јанева и Зврлевски на иста маса со Бејли во „Холидеј ин“

Сите поканети гости се појавија на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, која од утрово се одржува во хотелот „Холидеј ин“, со почеток во 10.30 часот. На иста маса седнаа јавниот обвинител, Марко Зврлевски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На конференцијата гостинка и учесник ќе биде...

Специјалното обвинителство обвини десетина институции за опструкции и за несоработка

Специјалното јавно обвинителство побара одложување на главната расправа за предметот „Пуч“ поради тоа што судот, и покрај тоа што му било побарано, не доставил копија од сите докази, стои во соопштението од СЈО. „Појаснуваме дека првото наше барање кон Судот за достава на копии од списи и на електронски докази е упатено на ден 21 декември 2015 година и истото е прецизирано...

Дождот од кривични пријави, уличарска техника на притисок врз Јанева

Нови 12 кривични пријави се поднесени против повеќе лица кои работат во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на Катица Јанева. Со ова, бројката на кривични пријави поднесени до вработени во СЈО сега се искачи на 19, од кои три се против обвинители од тимот на Јанева. Првите кривични пријави, една против тројца обвинители од СЈО и една против вработен во Министерството...

Нови кривични пријави против обвинители од Специјалното обвинителство

Против обвинители во Специјалното јавно обвинителство, поднесени се нови кривични пријави, објавуваат медиумите. Пријавите се од лица од Свети Николе кои биле повикани на разговори и кои се жалеле дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Пријавите се за малтретирање при вршење на службата, според член 143 од Кривичниот законик. Претходно против вработени во Специјалното јавно обвинителство беа поднесени повеќе...

Груевски: Ја поддржуваме Јанева, но и таа треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии

Специјалното обвинителство се формираше со поддршка на четирите партии и на Владата и тие даваа и сè уште му даваат поддршка, одговори денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на загриженоста на претставничката на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс, која побара владејачката партија да не ја напаѓа работата на Катица Јанева. - Но и обвинителката треба да...

СЈО: Од медиумите дознаваме за кривичната пријава против тројца наши обвинители

Досега никој од тимот на Катица Јанева не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, велат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за „24 Вести“. Специјалното јавно обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Јанева. Тие се сомневаат дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство бидејќи од внатрешниот распит на...

Кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева

Скопското јавно обвинителство потврди дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица за малтретирање во вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон, објави телевизија „Телма“. Против едно лице, односно полицаец, поднесена е кривична пријава во Обвинителството за организиран криминал заради незаконско влијание врз сведоци. Кривичните пријави се процесуирани...

Аневски: Јанева разреши две обвинителки од својот тим

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, разрешила две обвинителки од својот тим, соопшти денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по завршувањето на денешната седница. Како што рече Аневски, Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат предметите и токените, да ги исчистат бироата, да ги напуштат канцелариите и да се...

Јанева не дојде на седницата на Советот на јавни обвинители

Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која членовите треба да расправаат за работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева. На седницата не е присутна Јанева, а јавниот обвинител, Марко Зврлевски, по службена должност е меѓу членовите на Советот. Според најавите, на седницата треба да се разгледува и примопредавањето на прислушуваните материјали што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 30 декември ѝ ги...

Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за работата на Јанева

На денешната седница, Советот на јавни обвинители на Република Македонија треба да расправа за работата на Специјалното јавно обвинителство и за тоа како постапило во случајот со предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Седницата првично беше закажана за минатата недела, но поради болест на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски,...

Јанева испрати обвинители во Битола за „бомбата“ за школскиот превоз

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола. Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за...

Советот на јавни обвинители избра уште петмина помошници на Јанева

Тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе брои 12 обвинители. Советот на јавни обвинители на денешната итна седница избра уште петмина кои, како што изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги предложила денеска. - Денеска во 12 часот обвинителката, Катица Јанева достави предлог-барање за избор на пет обвинители. Покрај лицата наведени во списокот, таа достави и...

Јанева доставила предлог со намален број обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, до Советот на обвинители доставила нов предлог со помал број помошници-обвинители од претходно побараните 14. Ова неофицијално го потврдија од Советот пред почетокот на седницата, на која ќе се расправа за изборот на тимот на Јанева. Од Советот на обвинители не кажуваат за колку обвинители станува збор, а претседателот Петар Аневски, кратко, пред почетокот на седница,...

Советот на обвинители закажа итна седница за тимот на Јанева

Советот на јавни обвинители за денеска, во 16 часот, закажа седница на која точка на дневен ред ќе биде тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, дознава „Мета“. Според наши извори, обвинителите на Јанева ќе бидат единствена точка на дневен ред на седницата. Дали членовите на Советот ќе расправаат за избор на другите седум обвинители од тимот на Јанева или, пак, ќе...

Советот на јавни обвинители и денеска не го избра целиот тим на Јанева

Расправата за изборот на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, не се најде на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители, соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски. На седницата, еден од членовите на Советот предложил да се расправа по барањето на Јанева, меѓутоа претседателот Аневски дал образложение дека во својот допис, специјалната обвинителка ги навела истите имиња на...

Денеска нова седница на Советот на јавни обвинители

Седница на Советот за јавни обвинители, денеска повторно ќе се одржи, а се очекува на неа да се разговара за комплетирање на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Претседателот на Советот, Петар Аневски, претходно потврди дека го добил дописот од министерот за правда, Аднан Јашари, во кој по постигнатата согласност меѓу четирите најголеми политички партии, се бара да се изберат...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...