петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: обвинители | 91 резултати

СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз судството

јули 24, 2017

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше судството, а преку сваровски-инсталациите од тефтерот на Гордана Јанкуловска, го злоупотребуваше правосудниот систем да врши прогон и да се пресметува со неистомислениците на Никола Груевски и неговите соработници, реагираше СДСМ на денешната прес-конференција на Бојан Стојанвски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека обвиненијата на СЈО се само наратив од прес-конференциите на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Oтсуството на Груевски не е причина за одлагање на рочиштето за „Шамари“

март 10, 2017

Денешното судско рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година не било одложено заради отсуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, (еден од 14. обвинети во случајот, н.з.), туку заради немање „основни процесни претпоставки за негово одржување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Лажните вести креирани од медиуми под контрола на СДСМ и на Сорос се уште […]

По заканите, ЕУ-амбасадорката во Тирана под 24-часовна полициска заштита

февруари 23, 2017

По најновите закани кон шефицата на Мисијата на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, таа и нејзиното семејство се под 24-часовна полициска заштита, јави австрискиот весник „Стандард“. Заканите се засилени во последниот период, откако Хрватката Влахутин продолжи со интензивните напори за судски реформи во Албанија, каде корупцијата е раширена. Влахутин е претседавач на специјалната извршна комисија, во која се […]

СЈО за протестите во Охрид: Секое влијание врз сведоци е кривично дело

февруари 9, 2017

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека е повредена тајноста на предистражната постапка во рамките на која повеќе лица во Охрид се повикани да дадат исказ како сведоци. Денеска, по вонредната седница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, членови и симпатизери на партијата излегоа на протест против истрагата на СЈО. Од СЈО велат дека секој вид […]

Амбасадата на САД во Тирана им укина визи на судии и на обвинители поради корупција

јануари 27, 2017

Амбасадата на САД во Тирана издаде соопштение во кое се вели дека ќе бидат повлечени неимигрантските визи за неколку албански судии и обвинители. Во соопштението се вели дека тие ја донеле оваа одлука откако утврдиле дека службениците не се квалификувани за визи. „Амбасадата на САД ја презеде оваа акција пред претстојниот процес на проверка низ […]

Лу: Успехот на судските реформи во Албанија зависи од волјата на народот

декември 6, 2016

На конференција за борба против корупцијата што се одржа во Тирана, амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, изјави дека Албанците мора да имаат високи очекувања од спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. „Судските реформи може да бидат спроведени само ако народот во Албанија има високи очекувања и барања од институциите. Албанците […]

Милошоски: СЈО повикува членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат исказ и ги уценува

октомври 30, 2016

Специјалното јавно обвинителство уште еднаш покажа дека е продолжена рака на СДСМ, обвини денеска на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека овие денови од СЈО го смениле стилот на работа и од читање нарачани прес-конференции и обвиненија против членови на ВМРО-ДПМНЕ, сега се префрлиле во следна фаза на повикување на што поголем број членови […]

Јанева се враќа во УБК за да види зошто ѝ го избркале истражителот

октомври 21, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, вечерва повторно се враќа во Управата за безбедност и контраразузнавање бидејќи истражител на СЈО бил отстранет од просторијата во УБК, информираше таа во гостувањето на „Топ-тема“ на телевизија „Телма“. Јанева појасни дека и покрај тоа што обвинителите ја напуштиле УБК, сепак таму имало истражители кои останале за да следат кој […]

Издадени налози за апсење на 189 судии и обвинители во Турција

октомври 14, 2016

Турските власти издадоа налог за апсење на 189 судии и обвинители во земјата во рамки на истрагата за неуспешниот државен удар од 15 јули, јавуваат турските медиуми. Лицата се обвинети за користење на апликацијата „бајлок“, која, како што наведуваат властите, била средство за комуникација на пучистите. Меѓу осомничените се претставници на министерството за правда, судии на […]

Јанева ја напушти и седницата на Советот на јавни обвинители поради мобинг

септември 28, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, со образложение дека ѝ се врши мобинг и дека обвинителите ја прашувале за сè само не за извештајот. Откако излезе од салата, таа даде изјава и рече дека е задоволна од начинот на кој течела седницата и во иднина се надева на поголема соработка со […]

Јанава на прес-конференција, па пред Советот на јавни обвинители

септември 28, 2016

Денеска, во 11 часот, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители треба да го презентира вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова вчера за „Мета“ го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, кој рече дека сè уште не може да каже дали седницата ќе биде отворена за новинарите. Денеска, во […]

Кои прашања ѝ ги поставуваат пратениците на Јанева?

септември 21, 2016

По повеќе од еден час расправа, пратениците од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, конечно почнаа да поставуваат прашања до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа најави дека на сите прашања ќе одговори во текот или по завршувањето на расправата. Еве кои прашања ѝ беа поставени: Рафиз Алити од ДУИ: Дали Јанева ќе ги преземе […]

Поранешниот бразилски претседател обвинет за корупција и за перење пари

септември 15, 2016

Федералните обвинители во Бразил ги обвинија поранешниот претседател Луис Инасиј Лула да Силва и неговата сопруга за корупција и за перење пари, јавуваат локалните медиуми. Обвинувањата се поврзани со обемната истрага за корупција во државниот нафтен гигант „Петробрас“. Полицијата минатиот месец даде препораки за поднесување обвиненија против поранешниот престедател. Во врска со случајот „Петробрас“, против […]

Отпуштени уште 2.800 судии и обвинители во Турција

август 24, 2016

Турските власти им доделија откази на повеќе од 2.800 судии и обвинители поради поврзаност со неуспешниот државен удар. Според податоците на „Си-ен-ен Турк“, досега вкупно 80.000 вработени во јавните служби, управите, полицијата и во судовите се отпуштени под обвинение дека се следбеници на Фетулах Ѓулен. Владата во Анкара објави дека следбениците на Ѓулен со години […]

Турција вработува 3.000 нови судии и обвинители и 20.000 професори

јули 25, 2016

Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, соопшти дека 3.000 нови судии и обвинители ќе бидат именувани во Турција на местата на илјадниците државни службеници што беа отпуштени по обидот за воен пуч, извршен на 15 јули. Боздаг потврди дека владата организирала 1.500 тестирања во ноември за идни судии и обвинители и додаде дека бројот двојно ќе […]

Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

април 8, 2016

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина. Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од […]

Грујовски во тефтер водел евиденција за следење на обвинителите на СЈО

април 8, 2016

Во станот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“, обвинителите на СЈО пронашле тефтер во кој имало податоци дека агенти на УБК или приватно ангажирани лица, професионалци, ги следеле специјалните обвинители, пишува неделникот „Фокус“. Во тефтерот, покрај имињата и презимињата на обвинителите, имало податоци за местото на живеење, за врските […]

Јанева: Началникот на УБК денеска ќе се појави пред суд на сослушување

март 30, 2016

Првоосомничениот во случајот „Тврдина“, кој денеска на прес-конференција го образложи обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, инаку началник на УБК, во 13 часот ќе се појави во Основниот суд Скопје 1. Ова додека траеше прес-конференцијата го изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. СЈО за првоосомничениот бара мерка притвор, а за останатите осомничени поблаги мерки на претпазливост, […]

Советот на јавни обвинители ја почна седницата, Јанева не дојде

март 30, 2016

Советот на јавни обвинители ја почна седницата на која, како што е најавено, ќе се разгледуваат барањата на Специјалната јавна обвинителка Катица, Јанева за преземање на случаите „Маѓар телеком“, „Верушевски“ и „Шпион“. Иако беше поканета, сепак на седницата нема да присуствува специјалната обвинителка Јанева. Таа за денеска во 11 часот во просториите на СЈО закажа […]

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

март 22, 2016

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување. […]

Страна 3 од 5