fbpx

Советот на јавни обвинители избра уште петмина помошници на Јанева

-

Тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе брои 12 обвинители. Советот на јавни обвинители на денешната итна седница избра уште петмина кои, како што изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги предложила денеска.

– Денеска во 12 часот обвинителката, Катица Јанева достави предлог-барање за избор на пет обвинители. Покрај лицата наведени во списокот, таа достави и дополнителни образложенија зошто бара повеќе членови што за Советот беше прифатливо – рече Аневски.

Петмината обвинители не се нови имиња, туку се од стариот список на Јанева. Меѓу нив е и обвинителката од обвинителството за организиран криминал Лиле Стефанова.

На новинарско прашање, што го предомислило Советот и кои се новите околности кои ги навела Јанева, претседателот Аневски рече дека специјалната обвинителка истакнала дека покрај 28-те предмети, секојдневно добивала и заведувала нови поради што бил зголемен обемот за работа. Исто така, било наведено дека обвинителите од скопскиот основен суд, кои досега работеле на дел од предметите нема да работат на истите, туку ќе добијат или преземат други.

Во врска со обвинителката Лиле Стефанова и информацијата дека работела на предметот „Пуч“ како помошник-обвинител, Аневски рече дека ја расветлиле ситуацијата и излегло дека Стефанова не била помошник-обвинител на овој предмет, туку случајот го работел јавниот обвинител Златко Биковски, а таа само еднаш го придружувала во скопскиот основен суд.

Се очекува досега избраните 12 обвинители утре да дадат свечена заклетва во просториите на Советот на јавни обвинители во 11 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...