fbpx

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

-

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување.

– Во случајот „Титаник“ се работи за осомничени лица за изборни манипулации на изборите во 2012, 2013 и во 2014 година. Овие лица за кои е отворена истрага, биле или сè уште се на високи функции и со доказите со кои располагаме, во 80 проценти го докажуваат обвинението со кое имаме намера да излеземе во врска со овој случај – рече Јанева.

Одговарајќи на новинарско прашање дали одговорила на поканите на Собранието и на Советот на јавни обвинители за лично да го образложи извештајот, таа рече дека нема намера да оди во овие институции.

– Сметам дека извештајот содржи сè што е потребно. Не станува збор за некој обемен документ. Доколку претставниците на овие институции имаат некакви забелешки, нив можат да ги достават до СЈО, а ние ќе ги разгледаме и може да ги вклучиме во наредниот шестмесечен извештај – рече Јанева.

Специјалната обвинителка посочи дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“ со нови осомничени лица.

– Не се плашиме од судот, кога ќе дојде редот за прифаќање на обвиненијата. Тоа ќе биде посебна борба, која ќе видиме како ќе се одвива кога ќе дојде редот за тоа – додаде Јанева.

Јанева денеска беше една од главните говорници на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, што од утрово се одржува во хотелот „Холидеј ин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...