fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

Еден загинат во силно невреме на југот на Бразил

Во невреме што го погоди јужниот дел на Бразил, загина едно лица, а повеќе десетици се повредени. На снимките што ги пренесоа локалните медиуми, прикажани се потопени улици во градот Порто Алегре, главен град на бразилската држава Рио Гранде до Сул, а на веб-страницата на локалните власти е објавена фотографија од куќа која е урната од невремето. Властите соопштија дека еден од најтешко погодените градови...

Во невреме на југот на САД загинаа 18 лица

Во невремето што викендов го зафати југот на САД, настрадаа 18 лица, соопштија денеска локалните власти. Вкупно 14 лица загинаа ноќта меѓу сабота и недела во американската држава Џорџија, каде што уште пет лица се водат за исчезнати. Четворица настрадале и 20 се повредени во торнадо на југот на државата Мисисипи. Невремето предизвикало материјална штета и многу домаќинства останале без електрична енергија, бидејќи силниот...

Забранет влез за камиони и за автобуси во Грција, поради лошите временски услови

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и на автобуси во Грција. Забранa за сообраќај за тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово - Дебар. Снег...

ЦУК: Состојбата е стабилна, но ниската температура е нов ризик-фактор

Управувачкиот комитет за кризи на денешната седница заклучи дека состојбата во Македонија со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови е генерално стабилна, но оти сè уште простојат ризици за негативен развој на настаните, особено од ниската температура што може да предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија и со вода, како и во сообраќајот. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, рече...

Отсечени села во охридско, меѓуградскиот сообраќај во отежнати услови

Сите крајезерски села од Пештани кон Свети Наум се отсечени поради снежните наноси и ниската температура. До Трпејца, Љубаништа и со Свети Наум откажани се линиите во меѓуградскиот сообраќај, а тешко се стигнува и до повисоките села како Велестово, Елшани, Коњско и Шипокно. Отсечени се и планинските села во општина Дебрца. Автобусите кои сообраќаат од Охрид до Скопје и обратно, како и...

Најмалку шест загинати и 18 исчезнати во тајфунот што ги погоди Филипини

Најмалку шест лица загинале, а 18 се водат како исчезнати во силниот тајфун Нок Тен што завчера ги погоди Филипини, соопштиле властите во Манила, јавуваат светските медиуми. Невремето, кое е ретка појава за ова време од годината, поминало низ пет филипнски провинции и стигнало во близина на главниот град, кој бил поштеден од бурата. Тајфунот со ослабен интензитет продолжил да се движи...

Невреме со силен ветер и со дожд го погоди Лондон

Невреме проследено со силен ветер и со дожд го погоди Лондон, а граѓаните останале без превоз бидејќи многу возови кон претстолнината биле откажани. Невремето Ангус го погодило и јужното крајбрежје на државата, а во Дорсет патиштата биле оштетени. На каналот Ламанш дувале ветрови со брзина од 156 километри на час. Во Лондон брзината на ветрот изнесувала 64 километри на час, а...

Најмалку тројца загинати во невремето и во поплавите во Албанија

Најмалку три лица ги загубиле животите во невремето и во поплавите што синоќа и денеска ја зафатија Албанија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Првиот случај е регистриран во општината Клос, каде 42-годишниот Џевахир Ндои загинал откако воден бран го одвлекол заедно со возилото во кое се наоѓал. Втората жртва, идентификувана како 50-годишниот Кастриот Спахиу од селото Сука, настрадал додека вршел...

Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат...

Ураганот Никол носел покриви на Бермудските Острови

Ураганот Никол ги погоди Бермудските Острови, носејќи покриви и корнејќи дрвја, пред да премине на Атлантикот. Бурата ослабна од категорија четири на категорија три, но и понатаму е проследена со ветрови кои дуваат со брзина поголема од 205 километри на час. Тимовите за вонредна ситуација ги расчистуваат улиците и поплавените објекти и ги отстрануваат соборените далекуводи. - Засега немаме информации за евентуални жртви...

Силниот ураган Никол се движи кон Бермудските Острови

Ураганот Никол, кој е означен како особено опасен, се засили и ја достигна категоријата четири од скалата до пет, а се движи кон Бермуда, британска територија во Атлантскиот Океан, соопшти синоќа американскиот Национален центар за урагани. Според предвидувањата на центарот, ураганот Никол, со максимална јачина на ветерот од 215 километри на час, денеска ќе мине низ Бермудските Острови. Ураганот во пет часот...

Поплави во Северна Каролина

Големи поплави ја погодија сојузната американска држава Северна Каролина откако во делови од земјата наврнаа повеќе од 30 сантиметри дожд за време на ураганот Метју. Најмалку 35 лица загинаа во САД, од кои 18 во Северна Каролина. Гувернерот Пет Мекрори предупреди дека во следните 72 часа ќе бидат опасни во некои делови на државата, бидејќи водостојот е многу висок. Службата за вонредна...

Ураганот Метју усмрти повеќе од 339 лица

Бројот на жртвите на ураганот Метју во моментов изнесува 339 лица, но можно е да се зголеми бидејќи постојано пристигаат извештаи за вонредни состојби, поради што не може да се даде точен број, велат извори од американската цивилна заштита. Светските агенции јавуваат дека помалите места и села со денови се отсечени од светот и дури сега стигаат извештаи за тамошната...

Во Австралија урдиле 80.000 громови

Јужна Австралија веќе втор ден се соочува со невреме, поради кое целата таа австралиска држава остана без струја. Локалните медиуми јавуваат дека удриле околу 80.000 громови, а некои од нив оштетиле струјни генератори. Силните ветришта, пак, оштетиле и урнале повеќе од 20 далноводи. Во подрачјето на градот Аделаид повторно е воспоставено снабдувањето со струја, но многу зафрлени подрачја и понатаму се во...

Нова жртва на невремето и на поплавите во Грција

Бројот на жртвите од невремето и од поплавите во Грција се искачи на пет лица, откако доцна ноќеска беше пронајдено безживотното тело на 30-годишен маж во областа Ксилокастро кај Коринт. Претпоставките се дека човекот бил заглавен во автомобилот кога почнало невремето и во обид да излезе од него и да отиде на безбедно место, бил повлечен од најдојдените води. Голем дел од...

Три жртви и голема материјална штета од силното невреме во Грција

Тројца грчки граѓани го изгубија животот на Пелопонез, а една жена од Солун се води за исчезната во невремето и по обилните дождови што вчера ја зафатија Грција. Во невремето се поплавени огромен број места низ целата земја, причинети се катастрофални материјални штети, а дел од градовите, селата и од автопатите се блокирани и привремено отсечени. Во Солун ситуацијата беше особено лоша...

Во невреме во Иран загинаа најмалку четири лица

Во невремето што го погоди северниот дел на Иран загинаа четири лица, јавуваат иранските медиуми. Тричлено семејство се удавило во поплавите од надојдената река во провинцијата Голестан, а повозрасна жена загинала од гром. Иранската државна новинска агенција ИРНА наведува дека ветерот кој дувал со брзина од 130 километри на час ја прекинал електричната енергија и ги оштетил покривите на повеќе од 900...

Тајфунот Лајонрок усмрти 11 лица во Јапонија

Најмалку единаесет лица загинаа во поплавите предизвикани од тајфунот Лајонрок во Ивајзуми, во перфектурата Ивата, на северот на Јапонија. Локалниот претставник Такехиро Хајашиџири изјави дека девет од починатите биле лица од старечки дом, кои биле пронајдени во поплавената населба. Локалните медиуми наведуваат дека во старечкиот дом биле сместени пациенти кои боледуваат од деменција. Јапонската телевизиска станица НХК јави дека властите пронашле уште...

Тајфунот Миндул предизвика хаос во Токио

Поројните дождови ја потопија јапонската престолнина Токио, откако тајфунот Миндул донесе поплави поради кои запрен е железничкиот сообраќај, а поради силните ветрови се откажани стотина летови. Тајфунот од категорија еден, која е најниска на скалата на бури, за еден час успеал во некои делови на Токио да донесе дожд поради кој нивото на водата по улиците надминало и 10 сантиметри. Локалните медиуми јавуваат...

УХМР: Циклонот што ќе ја зафати Македонија може да донесе невреме

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме денеска и во наредните денови. - Попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно,...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...