fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

За попладне се најавуваат поројни дождови и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а локално врнежите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 29 Целзиусови степени.

Поплавен патот кај Кичево кон Охрид поради невреме со пороен дожд

Невреме со пороен дожд го зафати вечерва Кичево, по кое остана поплавена главната улица по која се вози кон Охрид, пишува sdk.mk. Полицијата била на терен и ги пренасочувала возилата по споредни улици во градот. „Во Кичево имаше десетминутен пороен дожд, кој престана да врне пред еден час. Поплавена е Дива населба, која нема атмосферска канализација. Според правилата, прва реагира локалната власт,...

Иванов „ги искара“ институциите: Не може АРМ да ги извршува и задачите на ЦУК и ДЗС

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов во своето денешно обраќање на централната свеченост по повод Денот на Армијата, ги „искара“ надлежните институции од системот за управување со кризи и за заштита и спасување поради нивната реакција околу поплавите во Скопје и ставањето на поголем дел од товарот на Армијата и полицијата во справувањето со штетите. Тој посочи дека ангажирањето на Армијата...

Експертите на ЕУ дале насоки за санирање на штетите од поплавите

Питер Глерим, лидерот на тимот експерти на Европската Унија кои минатата недела пристигнаа во земјава преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, на денешниот втор координативен донаторски состанок за поплавите, меѓудругото ги презентирал „советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се...

Трговците да ги намалат цените и да не ги злоупотребуваат поплавите, одлучи Владата

На предлог на министерот за економија, Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на одделни производи, односно на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кои се применувало до 5 август 2016 година. Причина за донесување на оваа одлука, велат од Министерството за економија, биле...

Малку волонтери во бесплатните автобуси на ЈСП кон поплавените подрачја

Еден од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) наменет за превоз на волонтери кои ќе помагаат во поплавените подрачја утрово во 9 часот тргна кон селото Стајковци, кое е едно од местата кои беа најпогодени во саботното невреме. Во автобусот има три девојки, волонтерки, кои на жителите во Стајковци ќе им помогнат во расчистувањето на нивните домови. Девојките се качија...

Европски експерти за поплавите: Можни пропусти во градежните планови

Пропусти во градежното планирање можеби е една од причините за големите последици од поплавите кои во саботата го погодија Скопје и околината, изјавиле денеска од тимот експерти на Европската Унија, пренесува „ТВ 21“. Тие денеска ги посетија и извршија увид во подрачјата во Скопје погодени од невремето. „Треба да се анализира капацитетот на каналите и на дренажата и тие треба да...

ЕВН го нормализира снабдувањето со струја во 2.000 домови погодени од поплавите

Екипите на ЕВН Македонија го нормализираа снабдувањето со електрична енергија во уште 2.000 домови во најпогодениот регион од поплавите во Скопје и околината. Од вкупно 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме скорo сите се под напон, а сè уште се работи на отстранување на дефектите на десетина трафостаници кои се под вода, соопштија од компанијата. Се работи...

ОБСЕ одобри помош од 20.000 евра за подрачјата погодени од поплавите

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер одобри донација од 20.000 евра од хуманитарнот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените подрачја од поплавите во Скопско и Тетовско. Помошта, потребните алати и материјали, се вели во соопштението од ОБСЕ, ќе бидат доставени преку Мисијата на организацијата во Скопје. Инаку, Мисијата на ОБСЕ во земјава веќе донираше генератори за струја, рачни...

Вработените во МВР ќе донираат по 100 денари за своите колеги погодени од поплавите

Вработените во Министерството за внатрешни работи ќе донираат по 100 денари од својата месечна плата како помош за своите колеги погодени од поплавите во Скопје и околината, соопшти попладнево МВР. Според податоците, констатирани на терен од службите на МВР и на Македонскиот полициски синдикат, во поплавите оштетени бил домовите на 135 припадници на МВР. „Со цел да им се помогне...

ЈСП од утре со бесплатен превоз за волонтерите кон и од поплавените подрачја

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од утре ќе почне со бесплатен превоз на волонтери за помош во поплавените подрачја од невремето што го погоди Скопје и околината, соопштија денеска од ЈСП. Автобусите на ЈСП кон погодените подрачја ќе тргнуваат во три термини, 9, 12 и 15 часот од следните локации:  Ѓорче Петров - пред црквата „Св. Петар и Павле“, кон Карпош, спроти...

МВР: Нема пријавено случај за спасени мајка и ќерка во населбата Сингелиќ

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека кај нив не е пријавен случај за наводно спасени мајка и ќерка, кои четири дена биле заглавени во кал во селото Сингелиќ. Оттаму велат дека Секторот за внатрешни работи Скопје контактирал со сите клиники, болници и Итната помош, но ниту кај една од нив не биле донесени вакви лица, ниту бил пријавен...

Невремето во Западна Србија предизвика голема штета

Поројниот дожд, проследен со град и грмежи кој синоќа ја погоди западниот дел на Србија предизвика штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади. Најпогодени територии од невремето биле општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане, а според податоците на метеоролозите наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен. Како што јавуваат српските медиуми поради...

Претпладне сончево и топло, попладне со услови за невреме

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје слично време,...

Воведен посебен сообраќаен режим во местата погодени од невремето

Полицијата воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајниците во регионот на Скопје, кој е најмногу погоден од невремето, за да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите на населените места зафатени од поплавите. „Воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од село Арачиново кои...

Парична казна за лицето кое нападна волонтер поради Груевски

Скопјанецот Хајрадин Сулиш, кој вчера физички нападна волонтер во населбата Ченто поради забелешка упатена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде парично казнет за инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопштија дека нападниот волонтер, Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, денеска во 10.15 часот го пријавил случајот во полиција, по што на Сулиш му бил издаден...

Словенија испратила експерт за санирање на последиците од невремето

Словенечката Влада испратила стручно лице во Македонија, кој како дел од тимот експерти на Европската Унија (ЕУ), ќе работи на координирање на активностите за отстранување на последниците од невремето кое во саботата го погоди Скопје. „Владата на Република Словенија, на седница заклучи дека врз основа на барањето на Владата на Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во...

Папата изрази сочувство за жртвите од поплавата

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопшти дека Папата Франциск преку државниот секретар кардинал Пјетро Паролин испрати телеграма со сочувство до скопскиот бискуп Киро Стојанов за жртвите од поплавата во Скопје и околината. „Информирани за драматичното невреме што го погоди градот и околните населени места, предизвикувајќи длабока болка на целата заедница во земјата. Папата моли да ги...

АМСМ: Oбиколницата Скопје пуштена за сообраќај

„Автомотосојузот на Македонија“ соопшти дека попладнево околу 18 часот пуштена е за сообраќај во двата правци обиколницата Скопје, која по невремето во саботата беше затворена. Од АМСМ информираат дека на деловите од коловозот кои се оштетени се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. На сите останати државни патишта, сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни...

ВМРО-ДПМНЕ: Снимката е доказ дека граѓаните се револтирани од провокаторите од СДСМ

Лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата, реагираат од владејачката партија откако бугарската телевизија „Нова“ објави дека приврзаник на владејачката партија физички нападнал и удрил лице, кое му стави забалешка на поранешниот премиер околу санирањето на штетите од...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...