fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

Тајфунот Копу ги погоди Филипините, евакурани повеќе од 10.000 луѓе

Силниот тајфун Копу рано утрово го погоди североисточениот дел на Филипините, уривајќи голем број куќи, поради што околу 10.000 луѓе биле евакуирани, соопшти филипинската агенција за вонредни ситуации, јавуваат светските агенции. Тајфунот Копу, кој е од четврта категорија и кој се движи многу бавно, донел ветрови со брзина од околу 200 километри на час и силен дожд, предзвикал поплави и оштетување...

Ел Нињо предизвика големо невреме во Калифорнија

Глобалниот атмосферско-океански феномен Ел Нињо ја погоди американската сојузна држава Калифорнија и предизвика невреме, проследено со бури, како и лизгање на земјиштето, пораст на водостојот на реките и помали поплави, јавуваат медиумите. Според информациите, околу 200 возила биле заглавени на патиштата во средниот дел на Калифорнија, поради големи слоеви кал од одрони што ги покриле коловозите. Сепак, според прогнозите на метеоролошките експерти,...

Најмалку 13 лица загинаа во поплави на француската ривиера

Најмалку 13 лица го загубиле животот откако француската ривиера беше зафатена од силна бура што предизвика поплави во повеќе градови. Помеѓу загинатите се и три лица во старечки дом, кој се поплавил откако надојдената река го пробила својот насип, соопштија локалните власти. Една шеесетгодишна жена синоќа загина во Кан кога тој град го зафати силна бура, што предизвика на улиците на овој...

Невреме го зафати Скопје, сообраќајниците поплавени

Поројниот дожд што попладнево го зафати Скопје, поплави дел од улиците и го отежна одвивањето на сообраќајот и движењето на пешаците. На дел од најфреквентните сообраќајници, како булеварот Никола Карев, односно т.н. Пластичарска улица, Митрополит Теодосиј Гологанов, на улицата кај трговскиот центар „Рамстор“, има собрано поголемо количество вода. Во некои делови од Скопје, паѓаше и град. Од УХМР за попладнето најавија поројни...

22 лица загинаа во невреме во Индија

22 лица загинаа од бура, проследена со удари од громови, во индиската држава Андра Прадеш. Настраданите се претежно земјоделци, кои работеле в поле. Ударите од гром се честа појава за време на сезоната на монсуни во Индија, која трае од јуни до септември, но вчерашниот број на жртви беше невообичаено голем.

Невремето го отежнува санирањето на катастрофата во Тјенцин

Невремето и грмотевиците денеска ги отежнуваат напорите за санација на последиците од експлозијата и пожарот во складиштето во Тјенцин, а експертите стравуваат дека поради дождот може да дојде до ширење на големи количини опасни материја, или до хемиска реакција и нови експлозии. Жителите на пристанишниот град Тјенцин, пожарникарите, полицајците и официјалните претставници утринава, на шестиот ден од несреќата со минута...

Екипи на Град Скопје интервенираа во Доброште

Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со луѓе и со механизација, работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце. Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила-цистерни и противпожарни...

Невремето во Тетовско може да донесе заразни болести

Институтот за јавно здравје по направениот увид во тетовскиот регион, констатирал дека невремето што го зафати Тетовско може да предизвика појава на заразни болести, пред сè, цревни заболувања. Според Институтот, постојат голем број фактори што можат да предизвикаат ширење зараза кај населението. - Како прво, во тетовскиот регион има села кои се погодени од поплавите. Жителите од тие села се снабудваат со вода...

Невреме го погоди Куманово

Куманово попладенево беше зафатено од невреме, проследено со пороен дожд и со грмежи. Невремето направило хаос во градот, а ветер со огромна брзина ја намали прегледноста на патиштата за околу 50 метри и сруши неколку дрвја во централното градско подрачје.  

Пронајдени се три тела на жители на Шипковица, сè уште се трага по девојчето

Трите тела на жителите од Шипковица што загинаа во невремето вчера се пронајдени, а сè уште се трага по девојчето. Мометнално се расчистува патот од надојдената вода и се откопуваат куќите кои целосно беа затрупани со земја. На терен во настраданите подрачја се припадници на војската и на Дирекцијата за заштита и спасување, а од Општина Тетово информираат дека ангажирале и приватни компании...

Уште две мртви тела пронајдени во Голема Речица

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец. Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица. Во Голема и во Мала Речица во прекин е снабдувањето со вода. Жителите чекаат цистерни...

Владата денеска ќе одржи седница за невремето во Тетовско

По поплавите во Тетово, Владата денеска ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани состојбите по обилни врнежи во полошкиот и во пелагонискиот регион. Големото невреме што го зафати тетовскиот регион вчера однесе неколку жртви. Според информациите, загинаа петмина, а десетина луѓе се повредени. Полицијата потврди дека едно дете во Голема Речица е удавено од излеаните планински реки додека си...

Невремето во Тетовско однесе неколку жртви

Големото невреме што го зафати тетовскиот регион однесе неколку жртви. Полицијата потврди дека едно дете во Голема Речица е удавено од излеаните планински реки додека си играло во својот двор. Од ерозија на земја во селото Шипковица, според првични и неофицијални информации на полицијата, починале четири лица. Временската непогода што го зафати Тетовско, уништи и однесе повеќе мостови, а блокирани се неколку патни...

Попладнево невреме и пороен дожд

Попладнево во Македонија има развој на нестабилна облачност, којa најпрвин почна во планинските подрачја во западниот дел од државата, околу Јакупица и на крајниот североисточен дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму информираат дека во моментов поинтензивна нестабилност има во прилепскиот дел, на потегот од Охрид кон Крушево и во североисточните делови. Според радарската слика од Тополчани, југоисточно од Прилеп...

Невреме ја зафати Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладнево биле зафатени северните и источните делови од Македонија, каде што на повеќе места имало пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Поинтензивни биле процесите на повисоките места и на планините, особено во беровскиот регион, каде до 17 часот повремено имало интензивни поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен...

Невремето предизвика проблеми со електричната енергија

Дожд, засилен ветер, грмотевици, силно невреме денеска го зафати Скопје. Невремето што трае повеќе од половина час предизвика чести прекини на електричната енергија, како и поплави. Сообраќајот во градот се одвива отежнато. На прекини на електричната енергија се жалат жителите на Карпош, Аеродром и на Сопиште.

Вонредна прогноза на УХМР: Вечерва невреме во Источна Македонија

Струмичката Котлина, Берово, Делчево и Велешко вечерва се очекува да бидат зафатени од невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму информираат дека, според податоците со кои располага одделението за анализа и прогноза на време и радарските слики од центарот Ѓуриште, невремето ќе биде со умерен интензитет и ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења и со засилен...

Времето со услови за невреме

Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилен североисточен ветер. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 18 до 30 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо и нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи и со засилен североисточен ветер. Температурата ќе достигне...

Куманово зафатено од невреме со пороен дожд

Околу 15 часот, невреме проследено со врнежи од град и со поројни дождови го зафати  Куманово, пишува порталот „Кумановски муабети“ (kumanovskimuabeti.mk). Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот. Од силината на дождот, по улиците течеше надојдена вода.  

Град со големина на лешник направи пустош во Прилепско

Силно невреме, проследно со врнежи од град со големина на лешник, ги зафати атарите на селата Тополчани, Подмол, Тројкрсти, Канатларци и Чепигово, каде земјоделските насади се целосно уништени. Селаните се жалат дека насадите со жито, пченка и со тутун се целосно уништени, како и сите пластеници со земјоделски култури, а производството не е осигурано. Тие бараат од надлежните да излезат на...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...