Околу 15 часот, невреме проследено со врнежи од град и со поројни дождови го зафати Куманово, пишува порталот „Кумановски муабети“ (kumanovskimuabeti.mk).
Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот.
Од силината на дождот, по улиците течеше надојдена вода.