fbpx
Таг: невреме

таг: невреме

Снежното невреме во САД однесе 33 животи

Најмалку 33 лица загинале во САД во налетот на снежната бура „Сноузила“, која погоди најголем дел од источниот брег, јавуваат светските агенции. Најголем дел од луѓето настрадале од срцев удар чистејќи ги улиците, од сообраќајни несреќи или, пак, од задушување со јаглерод диоксид кога се обидувале да ги згреат автомобилите и домовите. Откако невремето донесе повеќе од 60 сантиметри снег во одредени...

Најмалку 19 лица загинале во снежното невреме во САД

Најмалку 19 лица загинале во невремето со обилни снежни врнежи во САД. Снегот и ветрот парализирале најголем дел од источниот брег на земјата, во Вашингтон наврнале 61 сантиметар снег, а во Њујорк наврнале рекордни 68 сантиметри, така што патиштата, мостовите и тунелите биле затворени. Најголем дел од починатите настрадале во сообраќајни несреќи, а некои од нив додека го расчистувале снегот...

Штетите од невремето што го зафати Тетовско сè уште не се санирани

Штетите од поплавите што го зафатија тетовскиот регион на 3 август минатата година, ќе се санираат парарелно со акцискиот план за превенција од нови поплави, изработен од домашни и од странски експерти. Според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, реализацијата на планот ќе зависи од финансиите што треба да ги одвојат Владата и меѓународните организации. - Се предвидуваат долгорочни и краткорочни мерки, како урбанизација на...

Снежно невреме ги погоди САД

Најавуваното снежно невреме го погоди Вашингтон, со што во американската претстолнина се очекуваат рекордни врнежи од снег од 60 до 90 сантиметри. Снежното невреме најпрво ги зафатило јужните и источните делови на САД, поради што се откажани 7.000 летови, а седум држави прогласиле вонредна состојба. Во Северна и во Јужна Каролина, повеќе од 112.000 луѓе останале без струја, а шест лица загинале во...

Невремето остави без покрив десетици семејства од шарпланинските села

Неколку шарпланински села што припаѓаат на Општина Боговиње, претрпеа огромни штети од невремето што вчера го зафати Тетовско. Уништени се покривни конструкции на куќи, плевни и на други објекти. Најпогодени се населените места Јеловјане, Ново Село и Урвич, каде од силниот ветер оштетена е и електричната мрежа, поради што се јавуваат чести прекини во снабдувањето со струја. - Плевната ми е целосно уништена. Силниот ветер...

Силниот ветер во Полошко предизвика голема материјална штета

Паднати лимени покриви, рекламни паноа, откорнати дрвја. Ваква е сликата попладнево во Тетово, по силниот ветер што утринава го зафати полошкиот регион. Досега тетовската противпожарна единица интервенираше седум пати, на повеќе оштетени покривни конструкции. Јавното комунално претпријатие ги расчистуваше јавните површини од гранки, билборди и од тенди кои оштетија и вкупно шест возила на улиците Илинденска и Љуботенска во Тетово. Градоначалничката Теута Арифи...

Невреме во САД, откажани илјадници летови

Снег и град го отежнаа авионскиот сообраќај во САД во еден од најпрометните викенди откако во бури загинаа 44 луѓе за време на божиќните празници. Околу 2.900 летови се откажани, а 4.800 се одложени до синоќа до 23 часот, соопшти службата за следење на летовите. Најлоша е ситуацијата на аеродромите во Чикаго, каде стотици летови се откажани откако градот беше зафатен од...

Бурите во САД однесоа 43 животи

Во серијата бури што го зафатија јужниот и југозападниот дел на САД загинаа најмалку 43 лица, разурнати се повеќе згради и отежнат е сообраќајот за милиони лица за време на празничниот викенд. Најмалку 11 лица настрадаа во Тексас, во подрачјето Далас, при ударот на серија торнада. Уништени се цркви, автомобили, а урнати се дрвја во зона долга 64 километри. Претставниците проценуваат дека...

Осум жртви во невреме во Далас

Повеќе торнада го погодија поширокото подрачје во Далас и зад себе оставија значителна материјална штета, но и осум жртви. Вкупниот број на жртви на бурата што доцна синоќа ги погоди јужните држави во САД, Мисисипи, Тенеси и Арканзас, за време на божиќните празници се зголеми на 25. Најмалку осум лица загинаа кога невремето го зафати густо населеното урбано подрачје кое ги опфаќа Далас и...

Евакуирани 750.000 лица на Филипини поради невреме

Стотици илјади лица денеска се евакуирани од централниот дел на Филипини поради налет на тајфун, чии ветрови достигнуваат брзина од 150 километри на час. Околу 40 летови во земјата се откажани, додека на 73 траекти и стотина рибарски бродови им е наложено да не испловуваат по ударот на тајфунот Мелор во селото Батаг, на северниот дел на островот Самар. Властите досега...

Двајца повредени од невремето во Гостивар

Двајца повредени, десетина оштетени возила и паднати покриви од домови предизвика синоќешното невреме во гостиварскиот регион. Поради силниот ветер, повеќе села од мавровско-ростушкиот крај сè уште се без електрична енергија. Се работи на отстранување на дефектите. Двете лица кои се повредени, на возраст од 19 и од 22 години, по укажаната лекарска помош во гостиварската болница се пуштени на домашно...

Во силна бура во Полска загина една жена

Една жена загина, а друга е повредена кога врз нив во градот Сопот во северниот дел на Полска, поради силна бура и ветер посилен од 100 километри на час, паднала гранка. Гранката што ја скршил ветерот, паднала врз двете жени, при што 34-годишната жена загинала на самото место, а нејзината мајка, која е повредена е во критична состојба, се наоѓа во...

Тајфунот Копу ги погоди Филипините, евакурани повеќе од 10.000 луѓе

Силниот тајфун Копу рано утрово го погоди североисточениот дел на Филипините, уривајќи голем број куќи, поради што околу 10.000 луѓе биле евакуирани, соопшти филипинската агенција за вонредни ситуации, јавуваат светските агенции. Тајфунот Копу, кој е од четврта категорија и кој се движи многу бавно, донел ветрови со брзина од околу 200 километри на час и силен дожд, предзвикал поплави и оштетување...

Ел Нињо предизвика големо невреме во Калифорнија

Глобалниот атмосферско-океански феномен Ел Нињо ја погоди американската сојузна држава Калифорнија и предизвика невреме, проследено со бури, како и лизгање на земјиштето, пораст на водостојот на реките и помали поплави, јавуваат медиумите. Според информациите, околу 200 возила биле заглавени на патиштата во средниот дел на Калифорнија, поради големи слоеви кал од одрони што ги покриле коловозите. Сепак, според прогнозите на метеоролошките експерти,...

Најмалку 13 лица загинаа во поплави на француската ривиера

Најмалку 13 лица го загубиле животот откако француската ривиера беше зафатена од силна бура што предизвика поплави во повеќе градови. Помеѓу загинатите се и три лица во старечки дом, кој се поплавил откако надојдената река го пробила својот насип, соопштија локалните власти. Една шеесетгодишна жена синоќа загина во Кан кога тој град го зафати силна бура, што предизвика на улиците на овој...

Невреме го зафати Скопје, сообраќајниците поплавени

Поројниот дожд што попладнево го зафати Скопје, поплави дел од улиците и го отежна одвивањето на сообраќајот и движењето на пешаците. На дел од најфреквентните сообраќајници, како булеварот Никола Карев, односно т.н. Пластичарска улица, Митрополит Теодосиј Гологанов, на улицата кај трговскиот центар „Рамстор“, има собрано поголемо количество вода. Во некои делови од Скопје, паѓаше и град. Од УХМР за попладнето најавија поројни...

22 лица загинаа во невреме во Индија

22 лица загинаа од бура, проследена со удари од громови, во индиската држава Андра Прадеш. Настраданите се претежно земјоделци, кои работеле в поле. Ударите од гром се честа појава за време на сезоната на монсуни во Индија, која трае од јуни до септември, но вчерашниот број на жртви беше невообичаено голем.

Невремето го отежнува санирањето на катастрофата во Тјенцин

Невремето и грмотевиците денеска ги отежнуваат напорите за санација на последиците од експлозијата и пожарот во складиштето во Тјенцин, а експертите стравуваат дека поради дождот може да дојде до ширење на големи количини опасни материја, или до хемиска реакција и нови експлозии. Жителите на пристанишниот град Тјенцин, пожарникарите, полицајците и официјалните претставници утринава, на шестиот ден од несреќата со минута...

Екипи на Град Скопје интервенираа во Доброште

Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со луѓе и со механизација, работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце. Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила-цистерни и противпожарни...

Невремето во Тетовско може да донесе заразни болести

Институтот за јавно здравје по направениот увид во тетовскиот регион, констатирал дека невремето што го зафати Тетовско може да предизвика појава на заразни болести, пред сè, цревни заболувања. Според Институтот, постојат голем број фактори што можат да предизвикаат ширење зараза кај населението. - Како прво, во тетовскиот регион има села кои се погодени од поплавите. Жителите од тие села се снабудваат со вода...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...