Невреме го зафати Скопје, сообраќајниците поплавени

Поројниот дожд што попладнево го зафати Скопје, поплави дел од улиците и го отежна одвивањето на сообраќајот и движењето на пешаците.

На дел од најфреквентните сообраќајници, како булеварот Никола Карев, односно т.н. Пластичарска улица, Митрополит Теодосиј Гологанов, на улицата кај трговскиот центар „Рамстор“, има собрано поголемо количество вода.

Во некои делови од Скопје, паѓаше и град.

Од УХМР за попладнето најавија поројни врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер.