вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: настап | 19 резултати

Светски познатиот артист Tyga на 22 јуни настапува во Скопје

јуни 14, 2022

Светски познатиот артист Tyga, како дел од својата светска турнеја летово ќе настапи и во Скопје, на овогодинешното издание на Fusion Festival. Покрај главниот настап на Tyga, на овој фестивал ќе настапат и македонските хипхоп и трап артисти Irie Scratch, DJ Shorty P и Young Daddy. Фестивалот со свој диџеј сет ќе го затвори Ampov. […]

(ВИДЕО) „Дубиоза Колектив“ настапи во Советот на Европа во Стразбур

ноември 12, 2021

Популарната музичка група „Дубиоза Колектив“ од Босна и Херцеговина свиреше за време на собирот во седиштето на Советот на Европа во Стразбур на Светскиот форум за демократија. Како што пишува „Радио Сараево“, босанските музичари ги распеале учесниците на форумот, активистите и бирократите. Членовите на „Дубиоза Колектив“, освен настапот, упатија и порака до Советот на Европа […]

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал

јуни 13, 2021

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал, кој се одржа во Букурешт, со три спрема еден. Австријците дадоа три гола, а првиот гол за Македонија на едно Европско првенство го постигна Горан Пандев. Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра во четврток од 15 часот, со Украина.

Владата и граѓанските здруженија заедно против родово и сексуално насилство, „Јавна соба“ ги забрзува законските измени

февруари 5, 2021

Покрај законската регулатива и превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе заради елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно е важна законската обврска за брзо и ефикасно постапување на Јавното обвинителстo и на судовите во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита. Обвинителството и […]

На 27 август започнува фестивалот „Џез викенд“ во Прилеп

август 24, 2020

Со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” од Велибор Педевски, на 27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започнува деветтото издание на „Jazz Weekend“. Фестивалот ќе трае до 29 август, а поради актуелната ситуација со ковид-19 пандемијата, бројот на посетители оваа година ќе биде ограничен […]

Кореографката Рисима Рисимкин ќе го одбележи својот јубилеј на Охридско лето

август 18, 2020

Една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, слави јубилеј, триесет години активно кореографско творештво, како дел од овогодинешното издание на Охридско лето. Со делото „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ денеска во 21 часот во Предворјето […]

„Ларондина танцова група“ вторпат ќе настапува во Македонија

октомври 2, 2017

Британската танцова група за лица со попреченост на Анџелина Алесендре, „Ларондина танцова група“, од 5 до 10 октомври вторпат ќе престојува во Македонија. Посетата на групата е во организација на Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби. Во рамки на […]

„Стандард“: Настапот на Курц во Скопје е задоцнета и лоша исплата за бегалската криза

ноември 30, 2016

Настапот на шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, во неделата, е задоцнета и лоша исплата на долгот кон македонските власти за затворањето на македонско-грчката граница и за запирањето на протекот на мигранти кон Австрија и кон Западна Европа, пишува виенски „Стандард“. „Изминативе месеци, многумина се прашуваа што доби […]

„Охридско лето“: Вечерва настап на Артуро Сандовал во Античкиот театар

август 6, 2016

Вечерва, во стандардниот термин од 21 часот во Античкиот театар во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, ќе настапи џез-трубачот Артуро Сандовал од Куба. На програмата се дела од џез-музиката, кои Сандовал ќе ги исполни заедно со својот бенд во состав Џон Белзагај – бас, Тики Пасиљас – перкусии, Дејв Сигел – […]

„Охридско лето“: Вечерва концерт на Максим Венгеров и на „Менухин академи солоист“

јули 18, 2016

На централната музичка сцена, катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе настапи рускиот виолинист Максим Венгеров, заедно со камерниот ансамбл „Менухин академи солоист“ од Швајцарија. Во камерниот ансамбл „Менухин академи солоист“, основан во 1977 година од познатиот виолинист Јехуди Менухин, членуваат млади виолинисти, виолисти и […]

Оперската дива Елина Гаранча најави возбудлив настап на отворањето на „Охридско лето“

јули 11, 2016

Утревечер, во традиционалниот термин 12 јули, Петровден, на сцената на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено годинешното, 56. издание на фестивалот „Охридско лето“. Најстариот и најреномиран македонски фестивал со интернационални вредности, ќе биде отворен со настапот на оперската дива Елина Гаранча од Латвија, во придружба на симфонискиот оркестар на Македонската опера и балет, […]

Со перформансот „Музиката не познава граници“ децата од Центар на настап во Истанбул

април 29, 2016

„Музиката не познава граници“ беше музичко-сценскиот перформанс со кој учениците од основните училишта од општина Центар беа дел од  меѓународната манифестација по повод Светскиот ден на детето, која се одржа во Истанбул. По враќањето во Скопје, тие на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, му ги пренесоа своите впечатоци, доживувања и му изразија благодарност што […]

Дуке Бојаџиев ќе настапи пред децата на Детската клиника

август 25, 2015

Пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје, денеска ќе настапи македонскиот композитор, продуцент и пијанист, Дуке Бојаџиев. Концертот се одржува со поддршка на сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова, а идејата за овој негов ангажман, како што вели, се родила при средбата со претседателското семејство летово во Охрид, по што е стапено […]

„Охридско лето“: Роденденски концерт со „Хауард госпел-хорот“ од САД

август 4, 2015

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва го одбележува својот голем јубилеј, 55 години од постоењето. За таа пригода, како роденденски концерт, на отворената атрактивна сцена Антички третар, одбран е настапот на „Хауард госпел-хорот“ (Howard Gospel) од САД. Американскиот „Хауард госпел-хр“ е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година и […]

Кејти Пери, Лени Кравиц и Миси Елиот настапија на финалето на Супер бол

февруари 2, 2015

Кетји Пери настапуваше на полувремето од синоќешното финале на Супер бол, на стадионот на Универзитетот во Феникс, на натпреварот меѓу Њу Ингланд патриотс и Сиетел сихокс. Кејти Пери го почна настапот со песната „Roar“, качена на огромен механички тигар. На настапот ѝ се приклучија Лени Кравиц и Миси Елиот, со кои испеа неколку песни. Шоуто на […]

Страна 1 од 1