Фото: Фејсбук-Фудбалска репрезентација на Македонија

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал, кој се одржа во Букурешт, со три спрема еден.

Австријците дадоа три гола, а првиот гол за Македонија на едно Европско првенство го постигна Горан Пандев.

Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра во четврток од 15 часот, со Украина.