Владата и граѓанските здруженија заедно против родово и сексуално насилство, „Јавна соба“ ги забрзува законските измени

-

Покрај законската регулатива и превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе заради елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно е важна законската обврска за брзо и ефикасно постапување на Јавното обвинителстo и на судовите во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита. Обвинителството и судот треба да ја остварат својата улог, да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство. Владата и сите други чинители, од институциите, до граѓанските организации, се подготвени за обединување во одговорот против сите форми на насилство врз жени и врз девојки, што не смеат да останат премолчени или неказнети.

Ова е заедничката констатација од вчерашната средба во Владата меѓу претставничките на Платформата за родова еднаквост, министерите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Бојан Маричиќ, за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и за образование и наука Мила Царовска, а за која поводот беше појавата на „Јавна соба“ и на други организирани форми за насилство врз жените и девојките, соопшти Владата.

Претставничките на граѓанскиот сектор нагласија дека овие појави, од страна на Јавното обвинителство, согласно Кривичниот законик, треба да се третираат како злосторничко здружување, како при квалификувањето на делото, така и во понатамошните постапки.

Министрите споделиле став дека Владата и граѓанските организации се на истата страна – на страната на жртвите, и дека овој отворен дијалог ќе биде редовна платформа за размена на предлози за активности и механизми за унапредување на заштитата на жртвите од родово базирано насилство. Тие се согласиле, како што се вели во владиното соопштение, дека е неопходно зајакнување на капацитетите на стручните работници во центрите за социјална работа и на надлежните во МВР, преку специјализирани обуки и едукација за родово базираното насилство и за поддршка на жртвите, како важни чекори во враќање на довербата на жртвите во институциите.

Според министерот Маричиќ, случајот „Јавна соба“ ги забрза процесите за носење на потребните законски измени на Кривичниот законик кои ќе овозможат превенција и строга санкција на делата кои се опфаќаат токму со овој случај. Тој ја истакна политичката волја за отворен дијалог со цел поефикасна имплементација на законските решенија.

Инаку, ОЈО Скопје во текот на вчерашниот ден до МВР издаде наредба за лишување од слобода на две лица – креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, и по наредбата е постапено и овие лица се лишени од слобода, како што информираа од ОЈО. Според досегашните пријави од оштетени и жртви за членови на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, и натаму течат проверки во предистражна постапка.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...