fbpx
Таг: министер

таг: министер

Амбасада на Холандија: Кундерс ја повтори загриженоста за состојбата во земјата

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, испрати писмо до четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, во кое ја повторува загриженоста на ЕУ и на Холандија, како актуелен претседавач со Унијата, во однос на политичката ситуација во земјата, соопштија попладнево од амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. Во писмото, како што велат од амбасадата, Кундерс уште еднаш...

Битолчани го посипаа со пари градоначалникот Талески

Битолчани отпечатија пари со ликот на градоначалникот Владимир Талески, а група граѓани претпладнево, во нова герила-акција, му ги фрлија банкнотите со негов лик за време на посетата на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, пренесе „Сакам да кажам“. Министерот и градоначалникот на Битола беа да се сликаат на местото каде што се реновира патот Битола – Ресен - Буково. - Еве му...

Попоски на конференција во Брисел

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, денеска во Брисел ќе учествува на конференција за Западен Балкан, насловена „Европската иднина на Западен Балкан“. Теми на дискусија на конференцијата се европската перспектива на Западниот Балкан, доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања. Во рамки на конференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.

Саудиски министер разрешен поради поскапување на водата

Кралот на Саудиска Арабија, Саламан бин Абдулазиз, го сменил државниот министер за вода и за струја, Абдула ел Хусеин, поради реакциите што во јавноста ги предизвика со зголемување на цената на водата, известуваат медиумите од таа земја. Кралот Салман вчера издал указ на кој се наоѓа смената на Хусеин, кoj привремено ќе биде заменет од министерот за земјоделство, Абдел Рахман ел Фадил. Неговата смена...

Белгиска министерка поднесе оставка поради безбедноста на аеродромот

Министерката за сообраќај на Белгија, Жаклин Галан, денеска поднесе оставка откако во јавноста протече таен извештај на ЕУ во кој се наведуваат безбедносните пропусти на аеродромот, по терористичките напади во Брисел, во кои загинаа 32 лица. Премиерот Шарл Мишел денеска соопшти дека по разговорите со неа, „министерката му поднела оставка на кралот, а кралот ја прифатил“. Две опозициски белгиски партии објавија...

Наумов: Во овој момент буџетот е пред финансиски колапс

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25,3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само пет милиони евра по основ на тригодишна обврзница - се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Тој предупредува дека буџетот во...

Апели до Ципрас да го задржи „Македонецот“ Музалас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е растргнат меѓу барањето на неговиот коалициски партнер и министер за одбрана, Панос Каменос, да го смени министерот за миграција, Јанис Музалас, поради тоа што во ТВ-интервју нашата држава ја нарече Македонија, наместо Скопје. Неизвесноста за тоа што ќе се случува во владата се очекува да се реши дури идната недела, односно по враќањето на Ципрас...

Лидингтон: Важно е изборите на 5 јуни да бидат веродостојни

Британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Вчера Лидингтон имаше средби со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, и на ДУИ, Али Ахмети, на кои во фокусот на...

Груевски и Лидингтон на средба за мигрантската криза и за изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон. На средбата соговорниците разговарале за повеќе актуелни теми поврзани со соработката и со стратешките интереси, со претстојните избори, нивното спроведување, како и со глобалните предизвици во однос на мигрантската криза. „Груевски посочи дека приоритет се организирање и спроведување на слободни и демократски избори, на кои граѓаните во...

Ахмети и Лидингтон разговараа за изборите на 5 јуни

Овие избори ќе бидат најнабљудувани во историјата на земјата, а има повеќе од доволно време за сите подготовки за 5 јуни, стои во соопштението од ДУИ по средбата на претседателот на партијата, Али Ахмети, со Давид Лидингтон, државниот министер за Европа на Велика Британија. „ДУИ има јасна визија за тоа што треба да се преземе до изборите и по изборите и, како...

Бесими и Лидингтон разговараа за бегалската криза

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска се сретна со висока делегација од Велика Британија, предводена од министерот за Европа, Дејвид Лидингтон. Во придружба на делегацијата беше и британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Гарет, како и претставници од британското министерство за надворешни работи. „Двете страни истакнаа дека соработката меѓу Република Македонија и Велика Британија се карактеризира со отворен и конструктивен дијалог и...

Попоски во посета на Израел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, ќе престојува во дводневна посета на Израел, во чии рамки ќе оствари средба со заменик министерот за надворешни работи, Тципи Хотовели. За време на посетата, Попоски ќе се обрати пред Израелскиот совет за надворешна политика и на Светскиот еврејски конгрес на тема „Случувањата на Блискиот Исток и нивната рефлексија во Југоисточна...

Јолевски најави можно зголемување на бројот на војници во областа на Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на границата со Грција истана дека јужната граница е делумно отворена за протек на мигрантите низ нашата земја и добро е обезбедена од безбедносните полициски сили на кои им помагаат полицајци од неколку европски земји и припадници на АРМ. Но, тој додаде дека доколку во следниот период бројката на мигранти се зголеми...

Јолевски од Хојт Ји побара поддршка за членство во НАТО

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и заменикот помошник на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Брајан Хојт Ји, на денешната средба во Министерството за одбрана заклучија дека Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од САД на патот кон полноправно членство во Алијансата . На средбата министерот Јолевски, како што информира Министерството за одбрана,...

Зоран Ѓорѓевиќ е нов министер за одбрана на Србија

Зоран Ѓорѓевиќ е новиот министер за одбрана на Србија. Тој доаѓа од местото државен секретар во истото министерство. Ѓорѓевиќ го поддржаа 165 пратеници додека против беа осуммина. По гласањето, Ѓорѓевиќ положи заклетва пред парламентот. На таа функција е избран по предлог на премиерот Александар Вучиќ наместо Бранислав Гашиќ, кого парламентот го разреши во февруари годинава, поради сексистички коментари кон новинарка.

Министерката за одбрана на Босна и Херцеговина во посета на Македонија

Делегација од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина, предводена од министерката за одбрана, Марина Пендеш, денеска ќе го посети Министерството за одбрана на Република Македонија. Во рамки на посетата, министерката Пендеш ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министерот за одбрана Зоран Јолевски. По средбата во Министерството, тие ќе го посетат Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во...

Попоски: Мигрантската криза не може да се решава со ланската тактика

„Ние наскоро ќе сфатиме дека не може да функционира системот така како што функционирал минатата година, кога повеќе од 750.000 мигранти поминаа низ Македонија. Доколку го знаеме ова, мислам дека најдобро ќе биде да се соочиме со реалноста на терен. Ако ви кажам како изгледаат работите во последните 24 часа, на сите ќе ви стане многу јасно“, изјавил денеска министерот...

„То вима“: Австрија ќе ѝ помогне на Македонија околу спорот за името заради соработката околу бегалците

Постои ли договор Австрија да ѝ помогне на Македонија околу спорот за името за да ѝ возврати за помошта околу бегалската криза? Грчкиот весник „То вима“ тврди дека Австрија ѝ понудила на Македонија да помогне околу спорот за името како благодарност за одржување на посуштинска соработка со нашата држава околу справувањето со протекот на бегалци кон Европа. Весникот оценува дека овој...

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој, меѓу другото, ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Министерот Курц е во повеќедневна турнеја на земјите од регионот, главно во врска со справувањето со бранот мигранти и бегалци.

Жан Марк Еро е новиот шеф на француската дипломатија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го именуваше поранешниот премиер, Жан Марк Еро, за министер за надворешни работи. Еро беше премиер на Франција од 2012 до 2014 година. Во рамки на помалата реконструкција на владата, Оланд, исто така, го именуваше членот на Француската партија на зелените, Емануел Коса, за министер за домување. Уште двајца политичари од партијата на зелените беа именувани за потсекретари...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...