сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Менструална хигиена | 17 резултати

Средношколците разочарани оти не ги добија ветените производи за менструална хигиена

декември 28, 2022

Сојузот на средношколци со жалење констатира дека средношколките во Скопје оваа година не ги добија ветените бесплатни производи за менструална хигиена. Иако оваа мерка беше широко поддржана од целокупната јавност, таа не се спроведе во текот на 2022 година, наведено е во реакцијата од Сојузот. „Многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да […]

Мета факт: Град Скопје не обезбеди бесплатни менструални производи за средните училишта

декември 27, 2022

На крајот на декември минатата година Советот на Град Скопје, по предлог амандман предложен од страна на советничката Теодора Крстевска, изгласа да се одвојат 2.000.000 денари од буџетот на градот кои ќе бидат наменети за обезбедување на бесплатни менструални производи за средните училишта. „Амандманите не изискуваа огромни финансиски импликации и беа исклучиво во служба на […]

Ќе се намали данокот за влошките и другите производи за менструална хигиена

декември 1, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција на која го презентираше новиот владин концепт на даночна реформа, истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти. „Од следната година нема да се применува прогресивното оданочување на доходот, што […]

„Тииит! Инк“ акција: „Тотем без табу“ – автомат за менструални продукти по набавна цена

јули 13, 2022

По повод 50 години Младински културен центар (МКЦ) и 10 години „Прво, па женско“, „Тииит! Инк“ организира акција наречена „Тотем без табу“. Акцијата е фокусирана кон собирање пари за да се постави автомат со менструални продукти и кондоми, каде овие продукти ќе можат да се купат по набавна цена. Сите заинтересирани можат да донираат преку […]

Барањата за достоинствен менструален циклус во фокус во новата епизода на „Шорткат“

јуни 2, 2022

Иако живееме во современо општество, за менструацијата која се смета за прв знак за плодноста или половата зрелост, кај нас сè уште владее стигма и се зборува во кодови кои се употребуваат уште од минатиот век. Милиони девојки и жени не се во состојба да управуваат со својот менструален циклус на достоинствен, здрав начин. Од […]

Менструалната хигиена не е привилегија – институциите ветуваат, но не исполнуваат

јуни 2, 2022

Секој месец, околу 1,8 милијарди луѓе ширум светот имаат менструација. Милиони од овие девојки, жени, трансродови мажи и небинарни лица не се во состојба да управуваат со својот менструален циклус на достоинствен, здрав начин. Од таа причина, 28 Мај се одбележува како Светски ден на менструалната хигиена. Почетокот на менструацијата значи нова фаза и нови […]

Протест за намалување на менструалната сиромаштија – „5% данок на производи за менструална хигиена сега!“

мај 30, 2022

Намалување на менструалната сиромаштија, бидејќи менструалната хигиена не е привилегија, туку прашање од јавен интерес, беше едно од неколуте барања кои активистки од неколку граѓански организации на мирен протест пред Министерството за финансии денес ги упатија до надлежните институции. Тие побараа намалување на ДДВ-то и субвенционирање на менструалните производи во основните и средните училишта и […]

Од јануари ученичките во средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни менструални производи

декември 30, 2021

На вчерашната седница на советот на Град Скопје по предлог амандман предложен од страна на советничката Теодора Крстевска изгласани се 2.000.000 денари од буџетот на градот кои ќе бидат наменети за обезбедување на бесплатни менструални производи за средните училишта. „Со тоа ќе се ублажи проблемот со менструалната сиромаштија. Од Јануари 2022 година, секое девојче ќе […]

Бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата – реалност или неостварлива желба

ноември 10, 2021

Што претставува „менструалната сиромаштија“, колку од нашите сограѓанки кои менструираат имаат пристап до средства за менструална хигиена, дали бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата може да бидат реалност или само неостварлива желба. Ова се прашањата на кои ќе се дискутира во петок на 12 ноември со почеток во 13 часот, во Europe House во […]

Една третина од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период

мај 28, 2020

Триесет отсто од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период, 35 отсто не знаат што претставува овој период, а 55 отсто немаат соодветни услови на училиште за да можат да менаџираат со своето менструално здравје. Ова го покажала анкетата спроведена од граѓанската организација „Новинари за човекови права“. Резултатите беа презентирани денеска на настанот кој се одржа […]

Што поскоро данокот на средствата за лична хигиена да се намали од 18 на 5 отсто

февруари 19, 2020

Деведесет отсто од ученичките во руралните средини, по четири до пет дена во месецот не одат на училиште во деновите кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини отсуствуваат од настава два до три дена во месецот заради истите причини. Ова е така заради тоа што во училиштата нема услови за […]

Секое училиште треба да обезбеди услови за одржување менструална хигиена

јануари 24, 2020

Мијалник, влошки, тампони, менструални чашки, сапун, хартија и две корпи за ѓубре. Ова е сѐ што е потребно да се направи и обезбеди во постоечки училиштен тоалет, за да можат девојчињата во нормални услови да одржуваат менструална хигиена.  Ученичките во основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен, од денеска ги имаат потребните услови, бидејќи беше пуштен […]

Граѓани, амбасади и фирми донираа средства за одржување менструална хигиена

октомври 17, 2019

Тимот на „Новинари за човекови права“, денеска во ,,Веро Центар” собираше донации во форма на средства за одржување менструална хигиена, кои ќе бидат донирани на девојчиња и жени кои немаат пари за да си купат. Влошки донираа граѓани, фирми, но и амбасади. Во акцијата се вклучија и претставници на Британската амбасада, а присутна беше и […]

Страна 1 од 1