fbpx

Граѓани, амбасади и фирми донираа средства за одржување менструална хигиена

-

Тимот на „Новинари за човекови права“, денеска во ,,Веро Центар” собираше донации во форма на средства за одржување менструална хигиена, кои ќе бидат донирани на девојчиња и жени кои немаат пари за да си купат.

Влошки донираа граѓани, фирми, но и амбасади. Во акцијата се вклучија и претставници на Британската амбасада, а присутна беше и амбасадорката Рејчел Галовеј.

– Образованието е иднината на сите наши деца и во 21 век не би требало девојчињата да отсуствуваат од училиште заради неможност да одржуваат основна менструална хигиена. Затоа се надеваме дека девојчињата во иднина ќе одат достоинствено на училиште – рече амбасадорката Галовеј.

Наташа Доковска, проектниот коодинатор на „Новинари за човекови права“, рече дека мора да се најде начин да се поттикне бизнис-секторот да вложува во хигиенски средства, за да се намали менструалната сиромаштија.

– Резултатите од истражувањето за менструална хигиена нѐ наведоа да го имплементираме проектот и да работиме на искоренување на менструалната сиромаштија. 15 отсто од жените во Македонија, немаат пристап до хигиенски производи за управување со менструална хигиена. Една од причините за ова високата цена на произодите. Најмногу користат хартија, весници, стари крпи. 30 отсто од овие жени се од урбана средина, а останатите се од рурална. Крајна цел ни е, сите девојчиња да добиваат хигиенски пакети и со тоа да бидеме втората држава во Европа после Велика Британија, која го прави тоа – вели Доковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...