fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Владата е изненадена од Насер Селмани, тој чека конкретни чекори, а не само ветувања

Владата на Република Македонија во соопштение изрази изненадување што претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, денеска ја критикуваше, велејќи дека кај актуелната влада има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади. Имено, одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на министерот Дамјан Манчевски на конференцијата „Е-општество“ на „Метаморфозис“, кој рече дека Владата не смее да биде моторот на реформите во...

Селмани: Манчевски кажува флоскули, а Владата сака да владее со медиумите

„Законот е премногу детализиран, до инфантилизирање, до карикатуралност, дотаму да се одредува која програма кога да се емитува. Со него се ограничува слободата на изразувањето и, уште повеќе, ќе се воведе цензура и автоцензура во медиумите“, наведе Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН) на денешната презентација на нивниот извештај „Проценка на ефектите на...

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира и нема да се брза,...

Манчевски: Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера

Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во воведниот говор на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиуми. Тоа треба да...

СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа. „Поставувањето какви...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да се саморегулираат, оти таа не треба да биде авторот на реформите на медиумите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната дебата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која Владата ја организираше како продолжение на досегашната расправа со медиумите и...

Поповски: Создаваме услови за целосна независност и професионализација на МРТВ

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, придружуван од делегација на ОБСЕ. Дезир ја поздравил отвореноста на Владата за носење на новиот закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги низ широка отворена експертска дебата со почитување на мислењата и препораките на ОБСЕ и на ЕК...

АВМУ ги обжалила казните за изборни прекршоци на радиодифузерите како „недоволни“

Во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР од 29 октомври 2017 година се вели дека Основниот суд донел одлуки во два случаи од првиот изборен круг, пресудувајќи казни пониски од пропишаните во Изборниот законик (ИЗ) за прекршување на изборениот молк и неизбалансирано известување. Во првичните наоди и заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР се вели дека иако ИЗ пропишува парична казна од 8.000...

Најново од ЕБУ за „Евровизија 2018“: Македонија е „аут“, ама се работи да биде „ин“

По минатонеделната објава дека Македонија поради долгови не може да учествува на изборот на песна на „Евровизија 2018“, од ЕБУ (Европската радиодифузна унија) за „ЕСЦ Тудеј“, велат дека се надеваат дека ќе најдат заедничко решение со МРТ. - Се разбира дека се надеваме дека може да се најде решение за МРТ да може да биде вклучена во натпреварот за песна...

МРТ: Ние должиме многу, ама и УЈП ни должи 34 милиони евра

„Македонската радио-телевизија“ (МРТ) попладнево испрати соопштение во кое ги наведе своите долгови кон различни доверители, кои изнесуваат 19,5 милиони евра, но порача и дека враќањето на долговите и нормалното работење на куќата се попречени од долгот на Управата за јавни приходи (УЈП) кон МРТ кој изнесува 34 милиони евра. Во соопштението се вели дека од назначувањето на сегашниот менаџмент во...

До крајот на ноември ќе биде финализиран законот за аудиовизуелни медиумски услуги

Министерството за информатичко општество и администрација вчера почна со подготовка на конечната верзија на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој, според роковникот на Владата, треба да биде готов до 30 ноември. За донесување на законот во Собранието е потребно двотретинско мнозинство. Една од причините за изменување и за дополнување на законот, како што се наведува во известувањето, е...

Радио „Скопје“ и ТВ „Нова“ го прекршиле изборниот молк, соопшти ААВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска соопшти дека првиот програмски сервис на „Македонско радио“ (Радио „Скопје“) и ТВ „Нова“ го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг од локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за поведување прекршочна постапка. Според ААВМУ, во тек на изборниот молк, во емисија за земјоделците на Радио „Скопје“...

МРТ тоне во долгови, ЕБУ воведува санкции и забрани

„Македонската радио-телевизија“ веќе не може да ги користи услугите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради неплатен долг. Ова значи дека во опасност е целата програмска шема на националниот сервис. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за ПИНА вели дека не ги знаат вкупните долгови на телевизијата, па затоа е потребно да се направи комплетна ревизија на финансиското...

ААВМУ: На телевизиите и на радијата најмногу политички реклами од ВМРО-ДПМНЕ

Во изборната кампања за првиот круг од локалните избори, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) кај телевизиите и кај радијата на државно и на регионално ниво регистрирала голем обем платено политичко рекламирање, се вели во новиот извештај на ААВМУ. Најмногу реклами се емитувани за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (околу 157 часа), потоа за коалицијата предводена од СДСМ (околу...

ААВМУ: Медиумите имале генерално еднаков третман на партиите во првиот изборен круг

Програмските сервиси на државно ниво, опфатени со надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), во првиот круг од локалните избори „генерално обезбедиле еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување“, соопшти денеска Агенцијата. Голем дел од нив, се вели во соопштението, вложиле напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците на изборите. Во овој...

Анкета: Медиумите во Македонија се подложни на корупција и зависни од политика

Медиумите во Македонија се зависни од политичките влијанија, но и се корумпирани. Ваква е перцепцијата на граѓаните што биле анкетирани во рамкитете на „Балкански барометар 2017“ – истражување на јавното мислење во Југоисточна Европа, што веќе трета година по ред го спроведува Регионалниот совет за соработка – оперативно тело на земјите од регионот. Според истражувањето, дури 72 отсто од граѓаните...

ААВМУ поведе прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ врз основа на извештаите од извршениот надзор на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик. Прекршочната постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на кампањата за локалните избори, во вкупната програма, во првите десет дена од...

ААВМУ поведе прекршочни постапки против ТВ „Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против „ТВ Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“. Постапките, како што соопштија од Агенцијата, се поведени врз основа на извештаите од надзорот на медиумското известување за изборните, а во согласнот со Изборниот законик. ААВМУ повела прекршочна постапка против „ТВ Нова“ и „Алсат-М“ поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање, додека постапката...

Ратајковски, и покрај оставката, сè уште е одговорен уредник на МТВ 1

Диме Ратајковски сè уште е формално и правно одговорен уредник на првиот програмски сервис на МРТВ, иако пред повеќе од еден месец поднел оставка од лични причини. Тој сè уште фигурира и на интернет-страницата на МРТ како одговорен уредник на првиот програмски сервис. Ратајковски денеска не сакаше да коментира и да одговори на прашањето на „Мета“ дали оставката му е...

МТВ ѝ порача на ААВМУ: Известуваме повеќе за ВМРО-ДПМНЕ оти имаа реакции за отчетите

Првиот канал на МТВ денеска реагираше на забелешките на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) во извештајот од надзорот на медиумското известување во периодот од 16 до 24 септември 2017 година, дека МТВ1 не ја следела одредбата за избалансираност во известувањето за активностите на политичките партии од опозицијата што се претставени во Собранието. Од првиот канал на МТВ реагираат...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...