fbpx

До крајот на ноември ќе биде финализиран законот за аудиовизуелни медиумски услуги

-

Министерството за информатичко општество и администрација вчера почна со подготовка на конечната верзија на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој, според роковникот на Владата, треба да биде готов до 30 ноември.

За донесување на законот во Собранието е потребно двотретинско мнозинство.

Една од причините за изменување и за дополнување на законот, како што се наведува во известувањето, е тоа што актуелното решение не ги дало очекуваните резултати.

„Едни од целите на законот е обезбедување на транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиоадифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Меѓутоа, законот не ги постигнува очекуваните резултати. Основна причина за тоа е што кога е донесен законот, во 2013 година, Владата и Собранието ги игнорираа забелешките на новинарските и на медиумските организации. Освен тоа, не беа вградени клучните препораки на експертите на Советот на Европа и на ОБСЕ во врска со намалувањето на политичкото влијание во медиумите, јавниот сервис и кај медиумскиот регулатор“, стои во известувањето за почетокот на подготовката на новиот закон.

Со новите решенија, како што се додава, треба да се постигне професионализација на јавниот радиодифузен сервис и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), како регулаторно тело.

Нацрт-верзијата на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 30 август беше доставена до новинарските здруженија и до другите засегнати страни, а на почетокот на септември беше објавена на интернет-страницата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Според нацрт-верзијата, законот предвидува „Македонската радио-телевизија“ (МРТ) да се финансира со 0,7 отсто од државниот буџет, при што од тоа 74,5 отсто се за МРТ, а другите за МРД и за ААВМУ. На ова реагираа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) кои бараа финансирањето да биде еден отсто од буџетот.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...