fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

Македонска радио-телевизија минимално го намали долгот кон УЈП

Според најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП), Јавниот радиодифузен сервис – Македонската радио-телевизија (МРТ), вкупно должи 130.768.590 денари (2.126.318 евра) неплатена сума за даноци, од кои по основ на данок на додадена вредност (ДДВ) не се платени 24.408.176 денари (396.881 евра). Во однос на претходната листа на УЈП, објавена на 7 декември, долгот на МРТ кон УЈП е намален...

Програмскиот совет на МРТ доби нов претседател

Програмскиот совет на Македонската Радиотелевизија (МРТ) избра нов претседател. На последната седница пред новогодишните празници Советот ја разрешил досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место ја избрал Смилка Јанеска - Саркањац, извести Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Јанеска-Саркањац е член на Советот предложена од интер-универзитетската конференција. По изборот на...

МРД на расчекор меѓу амбисот и сериозен играч во емитување дигитални канали

Македонската радиодифузија (МРД), во изминатите години фукционирала со помалку од предвидените средства, поради ненаплатена радиодифузна такса, што довело до криза кога се во прашање поголемите инвестиции. Од друга, страна познавачите на оваа област се убедени дека МРД, за која сега ќе се одвојуваат средства директно од Буџетот, има доволни капацитети да емитува повеќе од трите канали на Македонската радио-телевизија....

Законот за АВМУ ќе оди на разгледување во Европската Комисија, па потоа во Влада

Последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ), која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вчера ја објави, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на разгледување во Европската Kомисија (ЕК) пред да се најде на дневен ред на владина седница, соопшти денеска портпаролот на Владата, Миле...

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог - одлука за усвојување на годишната програма за работа на Македонската радио-телевизија (МРТ) за 2018 година и предлог - одлука за одобрување на финансискиот план за 2018 година на МРТ. „Оваа одлука е придружена со мислењето на Владата во кое се истакнува дека ненавременото ставање на годишната програма за работа на МРТ не...

Објавена последната верзија на предлог-законот за АВМУ, на потег е Владата

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја заврши последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ). Следниот чекор е текстот да влезе во процедура во Владата, која треба да усвои и потоа да го достави конечниот предлог-закон до Собранието. Според Министерството, целта на предлог-законот е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис,...

Трајчевски: Порталите нема потреба да се регулираат, туку само да се регистрираат

Невозможно е регулирање на интернет порталите, порача Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешниот јавен состанок на кој ги презентираше активностите за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. - Не станува збор за регулирање, туку најмногу за регистрирање и нотификација. Сметаме дека е невозможно да се спроведе регулирање на...

Новинарските здруженија се против „владино законодавство“, бараат саморегулација

На македонското новинарство воопшто не му е потребен закон за медиуми, па постоечкиот треба да се укине, а не да се размислува за нова верзија, порача Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) на денешната дебата „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“, која ја организираа Министерството за информатичко...

Повик за предлози и сугестии за новиот Закон за слободен пристап до информации

Министерството за правда заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ги повика граѓаните, граѓанските организации, медиумите, институциите и сите засегнати страни да даваат предлози и сугестии за предлог законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој во моментов се пишува. Предлозите треба да ги содржат...

Тимоние: И новинарите и дипломатите мора да се борат за слободата на изразување

И новинарите, но и дипломатите имаат одговорност за демократијата и за борбата за слободата на изразување и во таа борба не смее да се молчи, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние на денешната промоција на публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова - Трајковска, која се одржа во Клубот на...

Историско-барокните документарци „изеле“ 1,8 милиони евра од буџетот на МРТ

Документарните емисии и серијали со историска содржина изработени во копродукција со независни куќи, во периодот 2013 - 2015 „изеле“ вкупно 1,8 милиони евра, покажува истражувањето на БИРН за копродукциските договори склучени во 2013, 2014 и 2015 година. Снимените содржини се аудиовизуелен одраз на архитектонското „Скопје 2014“, односно обид преку малите екрани да се пренесе пораката за „библискиот“ народ со континуитет...

АЕК и ААВМУ да работат медиумите да не бидат инструментализирани од политиката

Недоволно или несоодветно информирање на граѓаните за нивната работа или за алатките преку кои граѓаните може да реагираат на работењето на медиумите или телекомуникациските оператори е главната забелешка што беше изнесена за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). На денешната презентација на четвртиот мониторинг извештај за работата на двете...

МРТ и понатаму на врвот на листата на должници кон УЈП

Јавниот радиодифузен сервис - Македонската радио-телевизија (МРТ) - повторно е на врвот на листата на должници кон Управата за јавни приходи (УЈП). Во најновиот список на должници кон УЈП, за побарувањата доспеани до 31 август, а неплатени до 30 ноември годинава, е наведено дека МРТ должи 105.573.870 денари (1,712 милиони евра) за данок на добивка, како и 26.862.255 денари (435.720...

Манчевски: Најголем дел од буџетот – 19,3 милиони евра – ќе одат за МРТ, МРД и за ААВМУ

Најголемиот дел од буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во 2018 година ќе се потроши за „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), Македонска радиодифузија (МРД) и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), посочи денеска министерот Дамјан Манчевски. Тој појасни дека вкупниот буџет на Министерството за следната година изнесува 1,486 милијарда денари, односно 24,088 милиони евра, и е...

Советот на ААВМУ едногласно го отфрли барањето да се одземе лиценцата на ТВ „24 Вести“

Едногласно, иако претходно имаше одредени дилеми кај некои членови, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница го одби барањето од „Канал 77“ да се одземе лиценцата на телевизијата „24 Вести“. Прифаќајќи ја информацијата од стручните служби, Советот го отфрли барањето на предлагачот, чиј идентитет се криеше до самиот крај на решавањето за оваа точка...

Нови 90 вработувања побарал вториот канал на МТВ од Владата

Уредничката на вториот канал на МТВ, Мигена Горенца, вели дека веднаш по донесувањето на измените за емитување програма на албански јазик 24 часа, во јуни, испратила извештај  до Владата за состојбата со кадар и со техника, како и за сè што треба да им се обезбеди за да ја остварат програмата. - Во тој извештај, правен пред да знаеме дека ќе...

МТВ дише на стари апарати, има слаб видеосигнал, а за второ аудио нема абер

„Македонската радио-телевизија“ (МТВ) наместо да изгради мост на зближување, подигна јазични ѕидови помеѓу гледачите, кои засега се високи колку и самиот објект на телевизијата. Милена Атанасоска-Манасиева – ПИНА Програмите што на МТВ ги емитуваат албанската, турската, влашката и другите заедници во земјава, не стигаат до целата публика бидејќи и пет години по дигитализацијата, националниот сервис не обезбеди можност за повеќе аудиосигнали,...

Медиумски реформи: Нешто целосно, нешто делумно, а нешто воопшто неисполнето

„Опсерваторијата на медиумските реформи“ објави периодичен извештај (јули - октомври 2017 година) од набљудувањето на спроведувањето на реформските приоритети од областа на медиумите. Набљудувањето, чиј предмет беа четирите столба на реформските приоритети (МРТВ, владино рекламирање, пристап до информации и клеветета и навредата) ги утврди следните клучни наоди: МРТВ: Започнати се легислативни промени со кои се постигнува (само) финансиска стабилност, која не обезбедува...

ИДСЦ: Планот „3-6-9“ е несоодветно подреден, а „тројката“ е нецелосно исполнета

Наспроти тоа што го кажа Владата, дека делот „3“ од планот „3-6-9“ е целосно исполнет, активностите предвидени за првите три месеци од реформскиот план се само делумно реализирани. Исто така, во планот има несоодветно подредување на приоритетите, па некои побитни се сместени подолу во редоследот на важноста, велат од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од каде го презентираа својот...

Програмите на МРТ на јазиците на националностите едвај составуваат крај со крај

„Ромската редакција во МТВ има само еден човек, за програмата на српски јазик ангажирани се еден или двајца. Вработените во редакциите на помалите етнички заедници и во телевизијата и во радиото на јавниот радиодифузен сервис честопати работат во руинирани простории, без доволно столчиња и бироа, а тешко доаѓаат до техника и камери. Се чувствуваат изолирани и другите, а демотивирани...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...